Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ е еден од партнерите на европскиот истражувачки проект HORIZON 2020 CONNEKT – Состојби со екстемизмот во МЕНА и балканските држави (CONNEKT-Contexts of Extremism in MENA and Balkan Societies) што на 10 февруари 2020 година беше лансиран во Барселона Шпанија. CONNEKT е координиран од Институт за медитерански студии од Барселона (IEMed).
Проектот се фокусира на млади луѓе на возраст меѓу 12 и 30 години од Северна Африка, Блискиот исток и Балканот. CONNEKT анализира седум потенцијални фактори на радикализација (религија, дигитализација, економско лишување, територијална нееднаквост, преодна динамика, социо-политички барања и образовни и културни можности) на три различни нивоа на анализа (држава, заедница и индивидуа) за да се утврди нивната меѓузависност и посебна важност.
Водечка институција во проектот e Институт за медитерански студии од Барселона а партнери се повеќе европски академски и истражувачки институции, со пто е формиран интердисциплинарен тим од 14 институционални партнери составен од универзитети, тинк-тенк и здруженија на граѓани ќе користи иновативна методологија и емпириско истражување за да развие препораки, мерки и алатки за спречување на насилниот екстремизам во земјите учеснички, како и во Европската унија.
Тимот на МАНУ е раководен од акад. Владо Камбовски. Проф. д-р Лидија Георгиева е главен истражувач, д-р Наум Трајановски е истражувачи и д-р Елена Мујоска Трпевска е истражувач и технички асистент на проектот. Во текот на следните три и пол години, тие ќе имаат можност да соработуваат со најзначајните експерти од оваа област и да учествуваат во истражување и развој на политики за спречување на насилен екстремизам.
За дополнителни прашања, контактирајте не на: connekt@manu.edu.mk.
Тимот на CONNEKT од МАНУ
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО МЛАДИНСКИ ФОРУМ, СКОПЈЕ 14-15 Декември 2022
КОНЕКТ (CONNEKT) (Контекст на насилен екстремизам во општествата на МЕНА и на Балканот) е истражувачки проект финансиран од ЕУ Хоризонт 2020 кој истражува двигателите на радикализацијата и насилниот екстремизам кај младите лица на возраст од 12 до 30 години во осум земји: Босна и Херцеговина, Бугарија, Египет, Јордан, Косово, Мароко, Север Македонија и Тунис.
На 13-14 декември 2022 година, CONNEKT организира Крос-регионален Младински форум за насилен екстремизам во Скопје, Северна Македонија. Домаќин е Исламскиот младински форум (IYF), а овој собир ќе се насочи на улогата на младите во рамките на насилниот екстремизам и преку иновативна динамична методологија ќе ги ангажира младите во создавањето на превентивни мерки. Ќе се состанат сите членови на Конзорциумот со 16 млади луѓе (по двајца млади од секоја држава) така ќе се промовираат ставовите на младите во областа на превенцијата.
Во текот на сите фази од истражувањето, КОНЕКТ ги поставува младите како релевантен легитимен глас во разбирањето на феноменот насилен екстремизам и конструирање превентивни стратегии, наместо како пасивни субјекти кои можат потенцијално да се радикализираат и како мети на превенција. Крос-регионалниот младински форум се обидува да зближи различна група млади луѓе ангажирани во нивните заедници да развиваат креативни и иновативни идеи и стратегии за превенција од насилен екстремизам. Вклучувањето на младинските погледи во дискусијата за превентивните мерки, покрај зајакнувањето на младите луѓе, ќе придонесат за квалитетот и присвојувањето на резултатите.
ИНДИКАЦИИ ЗА ТИМОВИ НА ЗЕМЈИТЕ:
AUC, Египет; ГФП, Јордан; JFRC, Тунис; UMI, Мароко; УНСА, Босна и Херцеговина; КИПРЕД, Косово; МАНУ, Северна Македонија; ЦСД, Бугарија
Секој тим од земја треба да избере 2 млади учесници од различни географски области. Мора да се воспостави родова еднаквост. Предлагаме можноста за избор да биде внатрешен повик за апликации преку вашата веб-страница, социјалните медиуми или преку други канали.
Исламскиот младински форум (IYF) во Скопје ќе ги покрие сите прифатливи трошоци поврзани со патување, сместување и престојот.
ПРОФИЛ НА МОЖНИТЕ УЧЕСНИЦИ:
БЕНЕФИЦИИ ЗА ИЗБРАНИТЕ КАНДИДАТИ:
Приклучувањето на Крос-регионалниот младински форум ќе им понуди на младите можност да:
КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР ЗА МЛАДИ УЧЕСНИЦИ:
ПРИЈАВУВАЊЕ:
Заинтересираните кандидати треба да достават мотивациско писмо и кратка биографија (електронска адреса) најдоцна до 1.12.2022 година на следната електронска адреса: connekt@manu.edu.mk.
Избраните кандидати ќе бидат контактирани соодветно. Трошоците за учество ги покрива организаторот.