Денеска во просториите на Македонската академија на науките и уметностите, академик Зузана Тополињска беше одликувана со Орден за заслуги на Република Полска, едно од највисоките државни признанија. Академик Тополињска ја одликуваше претседателот на Република Полска, г. Анджеј Дуда, а орденот ѝ беше доделен од страна на Амбасадорот на Република Полска во РС Македонија, г. Кшиштоф Гжелчик. 
Академик Тополињска е авторка на над 500 научни публикации, меѓу нив над 20 книги. За член на МАНУ, надвор од работниот состав, е избрана во 1976 година, а за редовен член во 1996 година. Од 1991 е редовен член на Полската академија на науки и уметности во Краков, а од 1997 година и странски член на САНУ.
Акад. Тополињска е автор на над 500 научни публикации, меѓу нив над 20 книги. Добитник е на многу награди во Полска, Југославија и Македонија, меѓу другите Орден на југословенско знаме со златен венец (1990) и Државна награда на Македонија – „11 октомври“ (1989). Исто така, во јануари 2024 година ѝ беше доделено признанието Медал за заслуги за РС Македонија за непроценливиот придонес за афирмацијата на македонскиот јазик и на македонската култура, како една од најактивните македонисти чиишто научни трудови се поттик за голем број домашни и странски научници.
 
Фотографии од настанот: