На ден 21.02.2019 година во посета на МАНУ престојуваше поранешниот претседател на Република Хрватска, проф. д-р Иво Јосиповиќ. На средбата на којашто присуствуваше и акад. Владо Камбовски, претседателот акад. Таки Фити подетално го запозна д-р Иво Јосиповиќ со организациската структура на МАНУ, со работата на Академијата и постигнатите резултати во изминативе 50 години. Акад. Фити исто така го информираше д-р Јосиповиќ за соработката меѓу МАНУ и Хрватската академија на науките и уметностите (ХАЗУ). На состанокот се разменија мислења поврзани со итните реформски приоритети на Република Северна Македонија посебно во областа на владеењето на правото, односно со поглавјето со коешто ќе бидат отворени преговорите на Европската комисија со нашата земја. Професорот Јосиповиќ ги сумираше искуствата на Република Хрватска во таа област.

Фотографии од настанот: