На 32. Меѓународен саем на книгата во Скопје, Здружението на издавачите и
книжарите на Република Македонија, во рамките на книжевните случувања, додели
награди во четири категории за изданија објавени меѓу двата саема. Македонската
академија на науките и уметностите доби две први награди за изданија објавени во
2020 година: прва награда за најдобро оригинално издание од областа на
литературата, науката, културата и уметноста за изданието „Лингвистички атлас на
македонските дијалекти (според материјалите на Општословенскиот лингвистички атлас –
ОЛА)“ на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при
МАНУ, чиј уредник е доп. член Марјан Марковиќ, и прва награда за најдобро ликовно-
графичко обликување и дизајн на книга за монографијата „Живописот на Охридската
архиепископија XI – XVII век“ од акад. Цветан Грозданов, издание во соиздаваштво
со Книгоиздателство „Матица македонска“.
++389 (0)2 32 35 400