На ден 20.02.2019 година Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) беше посетена од Делегација на Светскиот конгрес на претприемачи во состав:

– проф. д-р Велимир Сриќа (Velimir Srića),
– г-дин Винко М. Ќуро (Vinko M. Ćuro),
– проф. д-р Синиша Зариќ (Siniša Zarić),
– проф. д-р Бахрија Умиханиќ (Bahrija Umihanić)

На состанокот од страна на МАНУ присуствуваа претседателот на МАНУ, акад. Таки Фити, потретседателот на МАНУ, акад. Владо Матевски, раководителот на Центарот за компјутерски науки и информатички технологии, акад. Љупчо Коцарев, професорот Радмил Поленаковиќ од Машинскиот факултет во Скопје, како и научните соработници од Центарот за стратегиски истражувања – д-р Елена Мујоска Трпевска, м-р Марица Антовска-Митев, м-р Константин Битраков и м-р Татјана Дранговска. Состанокот го отвори претседателот на МАНУ, акад. Таки Фити, кој накратко говореше за развојот на претприемнишвото и на малите и средните претпријатија во Република Северна Македонија. Акад. Фити посебно нагласи дека во земјата веќе е формирана релативно богата популација на мали и средни претпријатија, како и мрежа на институции и мерки за поддршка на малите и средните претпријатија и претприемништвото. Пред Делегацијата на Светскиот конгрес на претприемачи акад. Фити ги посочи и можностите за соработка со МАНУ, по што беше отворена дискусија. На крајот од самиот состанок беше договорено во месец октомври 2019 година, за време на одржување на Светскиот конгрес на претприемачи во Скопје, во МАНУ да се одржи  научна дискусија посветена на проблемите на малите и средните претпријатија и претприемништвото. На состанокот беа разгледани и други можности за соработка меѓу Светскиот конгрес на претприемачи и МАНУ.

Фотографии од настанот: