ИЦАЛ-МАНУ, на веб-порталот за дигитални ресурси на македонскиот јазик, во дигитална форма ги постави двата тома на монографијата „Кукушкиот говор“ од проф. д-р Коста Пеев. Печатеното издание на „Кукушкиот говор” е објавено од „Студентски збор” во 1987 година (Том I) и во 1988 година (Том II). Авторот, проф. д-р Коста Пеев, за двата тома на „Кукушкиот говор” ја доби највисоката награда од областа на науката, наградата „Гоце Делчев”. Со поставувањето на оваа монографија во дигитална форма, одново се осветлува еден важен сегмент од македонскиот дијалектен простор и ѝ станува достапен на пошироката јавност. Оваа монографија носи уште едно научно сведоштво за континуитетот на македонскиот јазик и неговите дијалекти како и за огромното богатство на македонското јазично и културно наследство.
Двата тома на монографијата „Кукушкиот говор“ се достапни на следниов линк: http://dijalekti.manu.edu.mk/dijalekti.html