По повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, 2021 година е прогласена за Година во чест на Блаже Конески, а МАНУ е активно вклучена во одбележувањето на оваа значајна годишнина на својот прв претседател преку повеќе активности.

Една од активностите е и изработка на веб-страница со дигитални изданија на делата на Блаже Конески којашто ја подготви Истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ.

На веб-страницата се претставени дигиталните верзии на објавените томови од „Критичкото издание на целокупните дела на Блаже Конески“, проект на МАНУ раководен од акад. Катица Ќулавкова.

 

Пристапот до страницата е преку следниов линк: http://koneski.manu.edu.mk/