Од 15-18 Септември оваа година во Копенхаген, Данска се одржа Конгресот на Европското Здружение за Органска Трансплантација (ESOT 2019) на кој присуствуваше акад. Живко Попов. На Конгресот во рамките на Европската асоцијација за бубрежна трансплантација беше промовирана книгата Историја на првата бубрежна трансплантација во европските земји:  The History of the First Kidney Transplantation – a European Overview, edited by Robert Langer.
Во поглавјето за Република Македонија во рамките на Југословенската Федерација и периодот потоа дадени се фотографиите на пионерите: доц. д-р Иван Влашки (хирург-уролог), акад. проф. д-р Живко Попов (хирург-уролог и трансплантолог), проф. д-р Нинослав Ивановски (интернист-нефролог и трансплантолог), проф. д-р Перко Колевски (трансфузиолог-имунолог), кои воведувајќи ја оваа благородна медицинска дисциплина ја вброија нашата држава во редот на технолошки високо развиените Европски земји.

Извадокот од книгата посветен на Македонија може да го погледнете: ТУКА.