Ве известуваме дека по повод смртта на проф. Горан Стефановски, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав, НУ Драмски театар – Скопје, Факултетот за драмски уметности, Македонската академија на науките и уметностите и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ќе одржат заедничка Комеморативна седница во просториите на Драмски театар на 10 декември (понеделник) 2018 година, во 12 часот.