Во Македонската академија на науките и уметностите беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Академијата и Министерството за економија на Република Македонија.
Меморандумог го потпишаа претседателот на МАНУ, акад. Таки Фити и министерот за економија во Владата на РМ г. Крешник Бектеши.
Фокусот на соработката меѓу МАНУ и Министерството за економија ќе биде во областа на одржливиот економски развој, а во тој контекст и на прашањата и проблемите поврзани со енергетиката и животната средина.
Фотографии од настанот: