Untitled logo

Саемот на книга како една од најзначајните културни манифестации во земјата, кој обезбедува најголема концентрација на дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста, а во тој однос Македонската академија на науките и уметностите како највисока научна и уметничка установа во државата и оваа година традиционално го остварува своето учество.

Учеството на Македонската академија на науките и уметностите како и во изминатите години така и оваа се остварува преку изложување на своите печатени изданија како и преку промоции на најновите дела на нашите академици, при што оваа година промоција на своето дело Приказни за ѓаволот одржа акад. Митко Маџунков.

Бројните посетители на саемот можат да ги погледнат сите изложени печатени изданија на МАНУ од областа на стручната и уметничката литература на нашиот штанд во хала број 1.

Фотографии од учеството на МАНУ на самот на книга: