Untitled logo

На 20 и 21 април 2017, Македонската академија на науките и уметностите, во соработка со Балканскиот институт за вера и култура од Скопје, организираше дводнева научна конференција на тема „Книжевноста и Библијата”.
Конференцијата се надоврзува на научноистражувачкиот проект „Методи на книжевната херменевтика“, на Одделението за лингвистика и литературна наука при МАНУ.
Целта на оваа конференција беше да отвори компаративна расправа за односите на релација Библијата – книжевноста, во тој контекст за начинот на којшто се интерпретираат и се актуализираат познати библиски митови, мотиви, жанрови, стилови и модуси во современото и во средновековното книжевно творештво.
Конференцијата ја отвори академик Таки Фити, претседател на МАНУ. Уводна реч ќе даде академик Катица Ќулавкова, раководител на Проектот „Методи на книжевната херменевтика“ и клучен говорник на вториот ден од конференцијата.
Веднаш потоа, проф. Сајмон Хоробин (Simon Horobin) од Универзитетот „Оксфорд” (Велика Британија), како прв клучен говорник на конференцијата и експерт по средновековна англиска книжевност, одржа предавање на тема „Озберн Боукнам и светиите на средовековна Англија”.
На оваа конференција, имено, покрај проф. Озборн, учествуваше и д-р Џонатан Брант, професор, капелан и романсиер (автор на бестселери), како и докторантката Алиша Смит.
На Конференцијата учествуваа универзитетски професори од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, четворица од нив од Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“, неколку од Филозофскиот и Филолошкиот факултет, како и директорката на Институтот за македонска литература. Во тек на дводневната работа, беа поднесени вкупно дванаесет реферати на различни теми.

Фотографии од настанот: