Соопштение

 

На 9 октомври 2020 година, во Свечената сала на МАНУ, по повод одбележувањето 53 години од основањето на Македонската академија на науките и уметностите, пригодно обраќање имаше претседателот на МАНУ, акад. Љупчо Коцарев.

На свечениот собир, претседателот на МАНУ, традиционално, го додели меѓународното признание „Блаже Конески“ за 2020 година, за посебен придонес за развојот на науката, културата и уметноста на Македонија, на годинашните добитници Татјана Вендина од Русија и Жана Делкроа Ангеловска од Франција.

Во рамките на одбележувањето на настанот, раководството на МАНУ положи цвеќе на Споменикот на акад. Блаже Конески пред објектот на МАНУ.

Обраќањето на акад. Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, е прикачено тука

Видео од обраќањето:

 

Фотографии од настанот:

Аудио од обраќањето: