На 9 октомври 2018 година, по повод одбележување 51 година од основањето на Македонската академија на науките и уметностите, поздравно обраќање имаше претседателот на МАНУ, акад. Таки Фити. Претседателот на МАНУ, на свечена седница на Собранието на Академија по повод денот на основањето на Академијата го додели меѓународното признание Блаже Конески, на странски автори за посебен придонес за развојот на науката, културата и уметноста на Македонија, во 2018 година и тоа на Јоланта Суецка и Јуми Накаџима. Свеченоста заврши со разгледување на изложбата на изданија на МАНУ кои се издадени во 2018 година, а достапни и во Книжарницата на МАНУ.
Обраќањето на акад. Таки Фити, претседател на МАНУ, може да го погледнете: ТУКА.
Фотографии од настанот: