Илија Илоски и неговото семејството и ја подарија на МАНУ таписеријата Саломија и Мојсие од академик Димче Коцо.

На свеченото предавање кое се одржа на 14 декември 2016 година присуствуваа членовите на Извршниот одбор на Македонската академија на науките и уметностите, членовите на Комисијата на МАНУ за примање завештанија, подароци, легати и фондови и членови на Академијата.

Вредниот подарок – таписеријата Саломија и Мојсие, го прими претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, кој изрази длабока благодарност кон семејството Илоски за бесценетиот подарок, а обраќања и сеќавања за ликот и делото на академик Димче Коцо и за неговиот животен пат и ликовната уметност во Република Македонија имаа академик Георги Старделов, академик Цветан Грозданов, академик Луан Старова, академик Газанфер Бајрам  и академик Васко Ташковски.

Илија Илоски во име на своето семејство изрази задоволство што ова  значајно дело на академик Димче Коцо, подарено на Академијата, на овој начин ќе стане достапно до пошироката домашна и светска јавност, бидејќи ќе биде јавно изложено во највисоката научна и уметничка институција во Република Македонија.

Македонската академија на науките и уметностите изразува длабока благодарност на Илија Илоски и неговото семејство за подарокот од исклучително значење за македонската уметност.

Фотографии од настанот: