На 19 мај 2021 година, на платото пред МАНУ, одржана е промоција на специјалното издание Прилози за историјата на Македонија и македонската култура, приредено од академик Катица Ќулавкова и редакција во состав: акад. Љупчо Коцарев, акад. Витомир Митевски, доп. член Драги Ѓоргиев, проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев и проф. д-р Ганка Цветанова. Изданието беше подготвено во соработка со Институтот за национална историја, Институтот за македонска литература, Филозофскиот факултет, Богословскиот факултет, односно со Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ. Со свои студиозни текстови во ова издание учествуваа 26 истакнати автори од областа на општествената, државната, црковната и културната историја на Македонија и македонското културно наследство: Љупчо Коцарев, Драги Митревски, Војислав Саракински, Стефан Пановски, Александар Атанасовски, Митко Панов, Стојко Стојков, Ванчо Ѓорѓиев, Никола Минов, Далибор Јовановски, Теон Џинго, Тодор Чепреганов, Сашо Додевски, Ѓорги Поп-Атанасов, Витомир Митевски, Ганка Цветанова, Билјана Ристовска-Јосифовска, Искра Тасевска Хаџи-Бошкова,  Ангелина Бановиќ-Марковска, Велика Стојкова-Серафимовска, Горан Калоѓера, Ѓоко Ѓорѓевски, Виктор Недевски, Дејан Борисов, Борче Илиевски, Тони Филипоски и Сашо Цветкоски. Предговорот е на К. Ќулавкова.  Дизајнот на книгата и на кориците е на проф. д-р Тони Васиќ, а преводот на англиски на Јасмина Илиевска Марјановиќ. Секретар на редакцијата беше д-р Наташа Диденко.

На промоцијата говореа: претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, акад. Витомир Митевски, деканот на Богословскиот факултет проф. д-р. Ѓоко Ѓоргиев, а се обрати и акад. Ќулавкова.

Содржината на оваа колективна публикација е следната:

  1. ПРЕДГОВОР: Катица Ќулавкова: Историјата на Македонија и македонската култура: историски континуитет во простор и време

 

  1. УВОД: Љупчо Коцарев: За историјата на Македонија

 

             I          КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

  1. Драги Митревски: Културниот развиток на Македонија од раната бронзена доба до првите политички заедници
  2. Војислав Саракински: Меѓу барбарството и хеленството
  3. Стефан Пановски: Мaкедонските кралеви и Хелените

 

II         ПОЛИТИЧКА ИСТОРИЈА

  1. Александар Атанасовски: Бугарските завладувања кон Македонија во IX И X век
  2. Митко Панов: Политичко-идеолошките традиции на Самуиловата држава
  3. Стојко Стојков: Многуимените Други: Македонија како пресечна точка на другоста на средновековниот Балкан
  4. Ванчо Ѓорѓиев: Постулати на македонското револуционерно движење 1893-1908
  5. Никола Минов: Балканските пропаганди во османлиска Македонија
  6. Далибор Јовановски: Делејќи го „Своето“: Преговорите за поделба на Македонија помеѓу балканските држави
  7. Теон Џинго: Македонскиот национален идентитет во политиката на Велика Британија (1919-1941)
  8. Тодор Чепреганов: Британски и американски документи за македонскиот идентитет (1941 -1945)
  9. Сашо Додевски: Ослободител, окупатор или администратор – позицијата на царството Бугарија во Македонија во Втората светска војна (1941-1944)III        КУЛТУРНА ИСТОРИЈА
    1. Ѓорги Поп-Атанасов: Македонскиот карактер на глаголицата
    2. Витомир Митевски: Индоевропските обрасци и византиската традиција во македонските песни за крале Марко
    3. Ганка Цветанова: Културната и политичката фаза во развојот на македонската нација: Просветителство и Преродба
    4. Билјана Ристовска-Јосифовска: Македонскиот идентитет во националната историографија
    5. Искра Тасевска Хаџи-Бошкова: Македонската култура во првата половина на 19 век
    6. Ангелина Бановиќ-Марковска: Мисирков и суштината на националната идеја
    7. Велика Стојкова-Серафимовска: Фолклорните маркери – детерминанта на македонскиот културен идентитет
    8. Горан Калоѓера: Hommage на македонскиот XIX век: обид за синтеза

     

    1. ЦРКОВНА ИСТОРИЈА
    2. Ѓоко Ѓорѓевски и Виктор Недевски: Општествено-политичките процеси и улогата на Охридската Архиепископија низ вековите
    3. Дејан Борисов: Теодосиј Гологанов – скопски митрополит 1885-1892
    4. Борче Илиевски: Македонското црковно прашање 1943 – 1967 (меѓу автономија и автокефалност)
    5. Тони Филипоски: Атрибуциите и титулациите на светците на МПЦ – Охридска архиепископија во средновековните извори (Св. Кирил, Св. Методиј, Св. Климент и Св. Наум)
    6. Сашо Цветкоски: Словенските светци во живописот на дебарско-мијачката и самоковската зографска школа.

Линк до промотивното обраќање на претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев

Линк до промотивното обраќање на академик Витомир Митевски

Линк до промотивното обраќање проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски

Линк до промотивното обраќање на академик Катица Ќулавкова

Фотографии од настанот: