На 6 ноември 2018 година, Лексикографскиот центар при Македонската академија на науките и уметностите организираше промоција на книгата: „ТЕРМИНОЛОГИЈА ОД ОБЛАСТА НА ТЕОЛОГИЈАТА“ од проф. д-р Јован Таковски. Поздравна реч имаше акад. Георги Старделов, раководител на Центарот, потоа обраќање имаше акад. Витомир Митевски, раководител на проектот: „Македонска научна и стручна терминологија“. Промотор беше проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, а обраќање имаше проф. д-р Јован Таковски, подготвувач на изданието.

Фотографии од настанот: