Untitled logo

На 19 октомври 2017 г. во посета на МАНУ престојуваше проф. Ѓерѓ Фекете,  претседател на Унгарската академија на уметностите. За време на престојот проф. Фекете оствари средба со Извршниот одбор на МАНУ при што беше дискутирана идната соработка на двете академии.

За време на состанокот, во присуство на претставници на Амбасадата на Унгарија во Република Македонија беше потпишан Договор за соработка на двете академии.

Фотографии од настанот: