Во организација на Македонската академија на науките и уметностите, Галеријата на Матица српска, Српската академија на науките и уметностите и Амбасадата на Република Србија во Република Македонија, во Галеријата на Македонската академија на науките и уметностите на 25 ноември 2016 (петок), се одржа свечено затворање на изложбата: Добровиќ, Шумановиќ, Коњовиќ, Шупут – ЕВРОПСКИ КОНТЕКСТИ.
Весна Буројевиќ, директорка на Галеријата на слики „Сава Шумановиќ“ во Шид, одржа предавање на тема: По патиштата на Сава Шумановиќ.
Официјалниот говор на Весна Буројевиќ, директорка на Галеријата на слики „Сава Шумановиќ“ во Шид може да го погледнете: ТУКА.