На 6 јули 2017 година, во рамките на манифестацијата Научна и уметничка визита 2017 на МАНУ која се одржува во Куќата на Уранија во Охрид, а во соработка со Филозофското друштво на Македонија се одржа работилница насловена „Културната антропологија и социологија“, на која што акад. Ќулавкова одржа промоција на книгата учебник и студија на д-р Илија Ацевски, професор на Институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје, чијшто наслов е Културна антропологија.
Есејот „Холизмот на антропологијата низ призма на нејзината внатрешна (иманентна) мултидисциплинарност“ од акад. Катица Ќулавкова за промоцијата на книгата на д-р Илија Ацевски може да го погледнете: ТУКА.