На 21 ноември 2024 година во МАНУ беше одржана работилница на тема „Посебноста на македонскиот јазик и политичкиот говор на омраза“ во организација на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ и Институтот за социолошки, политички и правни истражувања при УКИМ.
На работилницата обраќања имаа акад. Катица Ќулавкова на тема „Оспорувањето на јазилниот идентитет како политички говор на омраза“, проф. д-р Ганка Цветанова за „Македонското прашање во контекст на политичкиот говор на омраза“, проф. д-р Елеонора Серафимовска и проф. д-р Маријана Марковиќ за „Трансгенерациската политичка траума на македонскиот народ како резултат на негирањето на посебноста на македонскиот јазик и политичката легитимност на македонската нација“, м-р Соња Миленковска за „Прагматичните теории и дискурсите на моќ“, доц. д-р Милка Димитровска за „Говорот на омраза кон македонскиот јазик: помеѓу правото и политиката“, акад. Марјан Марковиќ за „Македонските дијалекти во бугарската пропаганда“ и д-р Давор Јанкулоски за „Македонскиот јазик во печатот на КПГ (1950–1970)“.
Фотографии од настанот: