На 08 февруари 2018 година во Македонската академија на науките и уметностите се одржа свечена промоција на монографското издание “БОРКО ЛАЗЕСКИ – 100 години од раѓање 1917-1993”.
За значењето на творештвото на Борко Лазески воведно обраќање одржа претседателот на МАНУ акад. Таки Фити, а свое излагање имаа акад. Влада Урошевиќ и д-р Небојша Вилиќ, ред. проф. на УКИМ.
Куратор на проектот е Маја Чанкуловска Михајловска.
Автори на текстовите во монографското издание се Дита Старова-Ќерими, Соња Абаџиева, Маја Чанкуловска-Михајловска и Лазо Плавевски.
Фотографии од настанот: