Во Амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите, на 28 октомври 2020 година, по повод 120 години од почнувањето на активностите за формирање на Македонското научно-литературно друштво во Санкт Петербург, 80- годишнината од смртта на Димитрија Чуповски (с. Папрадиште, Велешко, 8.11.1878 – Ленинград, 29.10.1940 г.) и 30-годишнината од пренесувањето на моштите на Димитрија Чуповски од гробиштата кај црквата „Александар Невски“ во Санкт Петербург на могилата на Градските гробишта во Скопје се одржа свечениот собир „Димитрија Чуповски (1878 – 1940) и Македонското научно-литературно другарство во Петроград (1902 – 1917)“.
На свечениот собир се обратија: акад. Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, акад Катица Ќулавкова, секретар на Одделнието за лингвистика и литературна наука, проф. д-р Билјана Ристовска-Јосифовска, проф. д-р Ганка Цветанова и проф. д-р Драги Ѓоргиев, дописен член на МАНУ.
Обраќањето на акад. Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, може да го прочитате тука.
Воведната реч на акад. Катица Ќулавкова, секретар на Одделнието за лингвистика и литературна наука, може да ја прочитате тука.
Рефератот на проф. д-р Билјана Ристовска-Јосифовска може да го прочитате тука.
Излагањето на проф. д-р Ганка Цветанова може да го прочитате тука.
Пригодната реч на проф. д-р Драги Ѓоргиев, дописен член на МАНУ, може да ја прочитате тука.

Поканата за свечениот собир можете да ја погледнете тука.
Протоколот за свечениот собир можете да го погледнете тука.

Фотографии од настанот: