Untitled logo

Д-р Билјана Ѓонеска даде преглед на неврополитиката како проблематика од централен научен интерес за нејзините докторски истражувања на Универзитетот Сапиенца, Италија.

Неврополитиката е млада дисциплина која комбинира достигнувања од неколку научни домени: тематски од политичките науки и социјалната психологија (за истражување на феномени на идеолошко групирање, однесување и одлучување), а методолошки од неврологијата и бихејвиорална економија (за објаснување на причинско-последични врски од испитуваните феномени). Како лекар по медицина д-р Ѓонеска стави посебен акцент на базичните неврофизиолошки процеси кои се пропусливи за комплексниот социјален конструкт на идеологијата и кои можат да се ползуваат за нејзино истражување, предвидување и идно потенцијално менување.

Презентацијата на д-р Билјана Ѓонеска може да ја погледнете: ТУКА.

Фотографии од настанот: