На 29.03.2017, во организација на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија „Георги Д. Ефремов“ при Македонската академија на науките и уметностите, проф. д-р Никола Павловиќ, професор по нефрологија при Универзитетот во Ниш, Република Србија, одржа семинар на тема: “Quantitation of Aristolochic Acids in Corn, Wheat Grain, and Soil Samples Collected in Serbia: Identifying a Novel Exposure Pathway in the Etiology of Balkan Endemic Nephropathy”.
Проф. д-р Никола Павловиќ е професор по нефрологија на Универзитетот во Ниш, Република Србија, и во континуитет ја демонстрира својата дејност и зема активно учество во организирање, планирање и развој на здравствените услуги, како и поврзување со здравствени установи во земјата и во странство.
Додека работел во Институтот за нефрологија и хемодијализа во активно учество во планирањето, организацијата и развој оддел за хемодијализа, клинички одделенија, амбулантско-поликлинички, дневна болница и научно истражување.
Тој го основал одделот за перитонеална (CAPD) дијализа, кој беше и сè уште е еден од најголемите во Србија и поранешна Југославија. Како експерт во оваа област за нефрологија останал на покана на Институтот за урологија и нефрологија во Москва за да им помогне во воведувањето на овој метод во Русија.
Проф. д-р Никола Павловиќ покрај практичните клинички активности е посветен и на научно-истражувачката работа, учествува во истражувачки проект во својата институција и постепено се здобива со репутација на истакнат научник и истражувач во многу области на нефрологија.
Со неговата професионална и научна работа, проф. д-р Никола М. Павловиќ, се истакна себеси како еден од водечките нефролози во Србија и поранешните југословенски републики и се признаени и прифатени од страна на голем број на водечки нефролози Европа, Америка и во целиот свет.
Во текот на изминатите три години има постигнато исклучителна научно-истражувачка соработка со научниците од Универзитетот за наука и технологија на Хонг Конг, кој е рангиран меѓу првите десет универзитети во Азија. Како резултат на оваа соработка беше создадена публикација која што од страна на многу врвни научници во светот се смета за уникатно откритие и може значително да придонесе за подобрување на разбирањето на влијанието на еколошките фактори за појава на бубрежни заболувања и рак.
Презентацијата на проф. д-р Никола Павловиќ може да ја погледнете: ТУКА