Македонската академија на науките и уметностите ја известува јавноста дека на 25 ноември 2019 година одржа Изборно собрание на кое беше избрано ново раководство на МАНУ, со мандат од 4 години, почнувајќи од 1 јануари 2020 година.
За нов претседател на МАНУ е избран академик Љупчо Коцарев, за потпретседатели на МАНУ се избрани акад. Живко Попов и акад. Газанфер Бајрам, а за научен секретар на Академијата на МАНУ е избран доп. член Изет Зеќири.
За членови на Претседателството на МАНУ се избрани:
- акад. Катица Ќулавкова, секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука;
- акад. Абдулменаф Беџети, секретар на Одделението за општествени науки;
- акад. Владимир Серафимовски, секретар на Одделението за медицински науки;
- акад. Леонид Грчев, секретар на Одделението за технички науки;
- акад. Глигор Јовановски, секретар на Одделението за природно-математички и биотехнички науки;
- акад. Радован Павловски, секретар на Одделението за уметност; и
- акад. Момир Поленаковиќ, избран член на Претседателството на МАНУ.
Фотографии од настанот: