Членовите на Македонската академија на науките и уметностите, академиците Таки Фити, Луан Старова, Георги Старделов, Катица Ќулавкова и Витомир Митевски, од 3 до 6 јули 2018 година, престојуваа во Берлин и учествуваа на заедничката научна конференција на Германското научно друштво Лајбниц од Берлин и на МАНУ, на тема: Западна / Средба Европа и Балканот во духовниот и културниот дијалог 1900 – 1939 година. Германското научно друштво Лајбниц од Берлин обединува научници од сите области – од природните науки, техничките науки, хуманитарните и општествените науки и ужива висока репутација во Германија и во меѓународни размери. Иако, формално, Друштвото е формирано пред 25 години, неговите корени датираат од 1700 година и тоа успешно ја продолжува традицијата на Кралската пруска академија на науките. Меѓу МАНУ и Гермнското научно друштво Лајбниц од Берлин, постои 11 – годишна успешна и плодна научна соработка. Двете институции секоја втора година организираат заеднички научни конференции (во Македонија и во Германија), а резултаите од научните дебати ги објавуваат во заеднички Зборници двојазично – на македонски и германски јазик. Времето на одржувањето на заедничката конференција оваа година се совпаѓа со годишнината од формирањето на Гермнското научно друштво Лајбниц од Берлин. На свечената академија што се одржи по тој повод свое обраќање имаше претседателот на МАНУ акад. Таки Фити.
++389 (0)2 32 35 400