На 23 септември 2019 година, во посета на Македонската академија на науките и уметностите престојуваше делегација на Кинеската академија на науките, предводена од нејзиниот претседател, проф. Чунли Баи. Кинеската делегација беше примена од претседателот на МАНУ, акад. Таки Фити. На работниот состанок беа претставени двете академии и детално се дискутираше за можностите за идна меѓуакадемиска соработка, како и за можностите за стапување на МАНУ во членство на Меѓународната алијанса на научни организации (ANSO). Претседателите на академиите, Фити и Баи, потпишаа Меморандум за научна соработка меѓу двете академии. Со овој меморандум и со веќе потпишаниот Меморандум за научна соработка со Кинеската академија за општествени науки, се создадени нужните предуслови за засилување и диверзифицирање на соработката во областа на науките и уметностите меѓу Република Северна Македонија и Кина.
Фотографии од настанот: