На 22 септември 2022 година во Скопје се одржа средба на делегациите на Македонската академија на науките и уметностите и на Академијата на науките на Албанија, предводени од претседателите на академиите, акад. Љупчо Коцарев и акад. Скендер Ѓинуши.

На средбата беше разговарано за структурата, организацијата и активностите на двете академии, и се разговараше за потпишување на нов договор за соработка.

Акад. Љупчо Коцарев ќе присуствува на прославата по повод одбележувањето на 50-годишнината од формирањето на Академијата на науките на Албанија, што ќе се одржи на 10 октомври 2022 година.