На 25 октомври 2018 година, во Свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите официјално се отвори Четиринаесеттата светска средба на бугарските медиуми, која се одржа од 24 до 28 октомври 2018 година во Скопје, Република Македонија. Организатор на средбата беше Бугарската телеграфска агенција, која секоја година ги организира овие средби во различни држави. На официјалното отворање присуствуваа г-ѓа Илијана Јотова, потпретседател на Република Бугарија, академици, научници, писатели, културни дејци, пратеници, министри, општественици, новинари од Бугарија, Македонија и од цел свет.

Фотографии од настанот: