На 25 февруари 2016 година во Софија, во просториите на Бугарската академија на науките (БАН), се одржа промоција на Зборникот “Модернизмот во бугарската и македонската литература“, објавен на македонски и бугарски јазик, а којшто е резултат на меѓуакадемиската научна соработка МАНУ – БАН. Ова е првиот целосно реализиран Проект од вкупно 32 заеднички научни проекти, кои оваа година влегуваат во завршна фаза.
Проектот го промовираа неговите раководители – акад. Милан Ѓурчинов, од наша страна, и д-р Александар Јорданов од бугарска страна.
Научните резултати од Проектот, т.е. Зборникот на трудови ќе биде промовиран и во Република Македонија, во просториите на МАНУ, во текот на месец мај.
На промоцијата присуствуваше и Претседателот на МАНУ, акад. Таки Фити, кој имаше пригодно обраќање, коешто го пренесуваме во целост.
Пригодното обраќањето на Претседателот на МАНУ, акад. Таки Фити може да го погледнете ТУКА .