Истражувачки центар за генетско инженерство и биотехнологија „Георги Ефремов“

Основна цел на ИЦГИБ е унап­редување на научните сознанија во полето на протеинската хемија, мо­лекуларната биологија, генетското инженерство и биотехнологијата, преку научни истражувања и едука­тивно-практични курсеви. ИЦГИБ дејствува како наци­онален референтен центар за ис­тражување, едукација и апликација на нови технологии во областа на биомедицинските и биомолекулар­ните науки. ИЦГИБ е најголемата и најзначајната институција во на­шата држава во полето на молекуларната генетика, која има стекнато широка меѓународна препознатли­вост. Од формирањето, Центарот е опремен со модерна и софистици­рана опрема. Во декември 2015 година ИЦ­ГИБ го доби Сертификатот за акре­дитација и стана акредитирана лабораторија за стандардите MKC EN ISO/IEC 17025>2006 Кадарот на ИЦГИБ се состои од научни и административно-тех­нички работници. Научноистражу­вачкиот кадар вклучува четворица научни работници, петмина сора­ботници истражувачи, двајца истражувачи вработени во рамките на научниот проект во соработка со Универзитетот „Колумбија“ од Њујорк, САД под наслов Градење на научни капацитети за истражување на шизофренијата во Македонија, четворица млади соработници кои се вклучени во апликативнатa дејност на Центарот и тројца адми­нистративно-технички работници.

Во ИЦГИБ постојано прес­тојуваат истражувачи за специјализација по медицинска генетика, пост­дипломци и докторанди. Во текот на изминатите 30 годи­ни во ИЦГИБ се реализирани повеќе од 30 научноистражувачки проекти, од кои најголемиот дел од областа нa молекуларната медицина, како што се молекуларната карактеризација на нај­ честите моногенски наследни болести во Македонија и соседните земји, молекуларната епидемиологија на ин­фективните болести, молекуларните основи на најчестите малигни боле­сти и ДНК-маркери во хуманата иден­тификација. Во ИЦГИБ се работени и проекти од други области, како што се генетските испитувања на охридската пастрмка, изолација и продукција на Taq полимераза, молекуларна идентификација на соеви тутун, иденти­фикација на бактериолошки соеви во пештерата Врело итн.

Во тек се следниве проекти:

  • Градење на научни капацитети за истражување на шизофренијата во Македонија, финансиран од Нацио­налниот институт за здравје, САД;
  • Genetic screening for mutation in GH1 and GHRHR in a cohort of patients with isolated deficiency (IGHD) elucidating the genetic cause(s) for a distinct associated of IGHD and myophaty фи­нансиран од ИЦГИБ Италија; 
  • Бал­канска ендемска нефропатија“, во соработка со БАН и САНУ;
  • Молеку­ларни основи на карциномот на дојка и јајници во Република Македонија;
  • Откривање на уринарни биомаркери за урогенитални канцери со корис­тење на 2-Д ДИГЕ/МС и ЛЦ-МС про­стеомските технологии.

Во тек се следниве програми:

  • Изучување на молекуларните дефекти на бројни моногенски болести (хемоглобинопатии, цистична фиброза, мускулна дистрофија, хемофилија А, спинална мускулна атрофија, Huntington-ова болест, фрагилен X синдром, наследна глувост, Friedrichs-ова атаксија, хемохроматоза, цистинурија, фенилкетонурија, галак тоземија, Rett синдром, Darier’s синдром, ахондроплазија итн.);
  • Генетика на инфертилитет;
  • Молекуларни основи на малигните болести (карцином на дојка, простата, тестиси, грло на матка, бели дробови итн.);
  • Брзи и неинвазивни методи за пренатална дијагноза;
  • Изучување на ДНК маркерите кај популацијата на Р. Македонија и апликација во судската медицина и криминалистика;
  • Изучување на инфективните болести (Human Papilloma Virus кај жените со цервикални промени, хепатитис Б и Ц вирусна инфекција и нејзината улога во етиологијата на хроничната хепатална болест и хепатоцелуларниот карцином)
Во изминатите 25 години, како резултат на научноистражувачката работа во Центарот се објавени повеќе од 150 научни трудови, од кои повеќето во меѓународни научни списанија. Резултатите од научната работа на ИЦГИБ се презентирани и со повеќе од 200 постери или усни излагања на меѓународни и национални научни собири.
Од 2001 година ИЦГИБ – МАНУ го подготвува и издава меѓународното научно списание Balkan Journal of Medical Genetics.
ИЦГИБ е прва институција во Република Македонија која почна да ги користи техниките на рекомбнантната ДНК технологија во дијагностиката и превенцијата на наследните, малигните и инфективните болести како и во судската медицина.
Покрај истражувањето и апликативните дејности, една од основните цели на ИЦГИБ е едукација на млади научници преку истражувања. Во изминатите 25 години бројни млади научни кадри се едуцирани во ИЦГИБ во областа на молекуларната биологија и техниките на генетското инженерство и биотехнологијата.
ИЦГИБ соработува со бројни институции од Република Македонија, медицински институции од соседните земји, како и со повеќе научни институции од различни eвропски и светски земји. Соработката со овие институции вклучува соработка на заеднички научно истражувачки проекти, специјализација и обука на научни кадри, поканети предавачи како и размена на литература.

Повеќе информации за работата на Центарот може да се прочита на веб-страницата: icgib.manu.edu.mk