Академијата го изрази својот став во книгата „Македонија и односите со Грција“ (Скопје, 1993), како и во повеќето обраќања до европските и светските академии за поддршка на уставното име:
- ПРОМЕМОРИЈА на Македонската академија на науките и уметностите во врска со спорот за името на Република Македонија (на македонски и англиски јазик) (Скопје, 2002)
- СТАВОВИ на Претседателството на МАНУ околу предлогот за решавање на разликите во употребата на името на Република Македонија
- ИМЕТО на Македонија е стварноста на Македонија – за разумен и толерантен научен дијалог
- ОБРАЌАЊЕ до Европската заедница и до меѓународната јавност
- СООПШТЕНИЕ на Македонската академија на науките и уметностите во врска со Декларацијата на Европската заедница
- АПЕЛ за признавање на Република Македонија упатен до странските академии и до академиите во поранешна Југославија
- ДЕКЛАРАЦИЈА за научна и културна соработка и мир на Балканот
- ПРЕДЛОГ-ДЕКЛАРАЦИЈА на Собранието на МАНУ за решавање на разликите помеѓу Република Македонија и Република Грција околу употребата на името на Република Македонија во ООН
- АПЕЛ на членовите на Македонската академија на науките и уметностите до Неговата Екселенција Бутрос Бутрос Гали, Генерален секретар на Организацијата на Обединетите Нации (Скопје, 1993)
- ОБРАЌАЊЕ до Австралиската академија на науките по повод одлуката на австралиската влада за промена на името на македонската етничка заедница во Австралија