Област на работа: Термодинамика
Акад. Глигор Каневче (1946 – 2024)
Институции: Техничкиот факултет во Битола
Биографија
Акад. Глигор Каневче е роден на 3 јануари 1946 год. во Охрид. На Машинскиот факултет во Белград дипломирал во 1969 год. Докторирал на Технолошкиот факултет во Нови Сад во 1982 годин. Работел во Институтот „Борис Кидрич – Винча“ од 1970 до 1983 год. и како асистент на Машинскиот факултет во Белград од 1975 до 1980 год. Во периодот од 1983 до пензионирањето во 2011 година е вработен на Техничкиот факултет во Битола, каде што работел како наставник по предметите: Термодинамика, Одржлив енергетски развој, Енергија и околина, Нуклеарни реактори и Индустриски сушари, на додипломските студии и по предметите: Пренос на топлина и маса, Процеси на согорување и пренос на топлина и маса во енергетските постројки, Сушари и Загадување и загаденост на воздухот, на постдипломските студии. Во звање редовен професор е од 1989 година. Во 2013 година е избран за прв Професор емеритус на Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола. Од 1995 до 1997 год. е декан на споменатиот факултет. Од 2007 до 2013 год. е претседател на Македонскиот национален комитет на Светскиот совет за енергија, а од 2012 год. е раководител на Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при МАНУ.
Акад. Каневче има објавено над 200 научни и стручни трудови во земјата и во странство, од подрачјето на енергетиката, животната средина, термотехниката, термоенергетиката, процесната и мерната техника. Неговата научна и апликативна дејност е изразено мултидисциплинарна, а според доминантниот придонес може да се подели во неколку основни области: теорија на сушење, системи за сушење, мерни методи, флуидизирани слоеви и печки за термичка обработка, процеси со аблација и моделирање во екологијата. Во својот научен опус ги истражувал следните проблеми: мерење на флуктуациите на брзините и температурите кај турбулентните токови со статистичка обработка на сигналите; испитување на термодинамичките и струјни карактеристики на термоагрегати, сушари и други термотехнички апарати и развој на соодветни мерни методи и постројки; експериментално и теоретско испитување на процесите на пренос на топлина и материја во колоидно-капиларнопорозни тела; развој на печки за термичка обработка во флуидизирани слоеви; развој на системи за користење на лигнит и сушари за лигнит; развој на математички модели за пресметка на температурското и брзинското поле на изливот на водата за ладење на кондензаторот кај централите; изучување на процесите на пренос на топлина и маса при струења на гасови со високи температури и брзини кои доведуваат до аблација на ѕидовите; развој на физички и математички модел на скраберски постројки и математичко моделирање на распределбата на полутантите од оџаците на термоенергетските објекти.
Научниот опус на акад. Каневче претставува комбинација на теоретски и експериментални истражувања. За спроведување на експериментите има реализирано поголем број апаратури со соодветни мерни системи. Голем е бројот и на експериментите спроведени на реални објекти. Резултатите од експериментите се вградени во развојот на соодветните физички и математички модели. Неговото обемно научно дело навлегува во подрачјето на фундаменталните истражувања во повеќе области. Од посебно значење се резултатите од неговите теоретски и експериментални истражувања на процесите на сушењето.
Поголем број од трудовите на акад. Каневче имаат директна апликативна намена. Се занимава со развој на мерни методи и системи за мерење на температури, влажности, брзини и протоци кај индустриски постројки. Развиените мерни методи за физички големини од значење во термотехниката имаат широка примена. Особено треба да се истакнат трудовите во кои се изучуваат системите за сушење, чии резултати се преточени во бројни сушари од различен тип и намена. Посебен придонес акад. Каневче остварува во усовршувањето на фамилијата на вертикални сушари за зрнести производи и во усовршувањето и проширувањето на примената на ротопневматските сушари.
Акад. Каневче иницира, раководи и учествува во реализацијата на поголем број научноистражувачки и апликативни проекти и остварува богата меѓународна соработка.
Истражувањата во подрачјето на флуидизираните слоеви резултираа во изведба на индустриска печка за термичка обработка. Изучувањата на конвективни коморни печки за термичка обработка резултираа со идејно решение на печка со хомогено температурно поле. Трудовите од подрачјето на екологијата имаат директна апликативна вредност. Програмскиот пакет MADAM е развиен за потребите на законската регулатива во Македонија и се користи при изготвувањето на еколошки елаборати за моделирање на распростирањето на полутантите од оџаците на термоенергетските објекти. Во последните десетина години, преку Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при МАНУ, акад. Каневче се занимава со реализација на стратешки проекти од национален карактер и витално значење за земјата од подрачјето на енергетиката и нејзиното влијание на околината,
Научниот опус на акад. Каневче содржи високи теоретски, експериментални и апликативни достигања, афирмирани во земјата и странство и верифицирани во индустриската практика. Забележлива е и неговата пионерска улога во организирање на научни истражувања, докторски и магистерски студии и подигање млад научен кадар на Битолскиот универзитет.
Член е на меѓународни и домашни научни совети, комитети и друштва, редакции и организациони одбори на списанија и симпозиуми.
За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 10 мај 2000 година. Повеќе информации можат да се најдат на веб-страницата.
Датум на раѓање::03.01.1946
Место на раѓање::Охрид
Членство во МАНУ::Редовен член, 2000
Email::kanavce@manu.edu.mk
Област на работа: Хемиски науки
Бојан Шоптрајанов (1937 – 2024)
Институции: Редовен професор во пензија на Природно-математичкиот факултет во Скопје
Биографија
Акад. Бојан Шоптрајанов е роден на 26 јануари 1937 година во Чачак. Со основно и средно образование се здобил во Скопје, Велес и Белград. Во 1955 година се запишал на групата за хемија на тогашниот Природно-математички оддел на Филозофскиот факултет во Скопје. Студиите по хемија ги завршил во 1960 година на Природно-математичкиот факултет како најдобар дипломиран студент од својата генерација на Универзитетот. По дипломирањето е избран за асистент на тогашниот Технолошки оддел на Техничкиот факултет во Скопје, а во 1962 година за асистент на Природно-математичкиот факултет.
Во 1964 година се запишал на постдипломски студии на Indiana University во Блумингтон, САД, а во 1965 година магистрирал одбранувајќи ја магистерската теза под наслов: Vibrational Assignment of the Infrared Spectra of 1,2,5-Thiadiazole. По враќањето од САД продолжува да работи на полето на инфрацрвената спектроскопија и во 1973 година ја одбранува докторската дисертација под наслов Спектроскопско испитување на кристалохидрати со посебен осврт на спектарот на водата; системи со мошне ниски НОН-фреквенции.
Во 1969 година е избран за доцент, во 1975 година за вонреден професор а во 1981 година за редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Одржувал настава на додипломски и постдипломски студии по повеќе предмети од објаста на физичката хемија, радиохемијата, историјата и методиката на хемијата. Бил продекан за настава и наука на Хемискиот факултет и проректор за настава и наука на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Бил национален претставник во организацијата COST, претставник на МАНУ во Allea, а имал и други слични функции. Соработувал со универзитети во Шведска, Германија, Украина, Руската федерација, Бугарија, Хрватска и други, како и со Бугарската академија на науките.
Акад. Бојан Шоптрајанов досега има објавено повеќе од 230 научни труда (од кои две третини надвор од Македонија), а на научни манифестации презентирал повеќе од 350 пленарни и секциски предавања и други соопштенија (близу половината надвор од нашата земја). Има објавено и три монографии со научно-стручен карактер, пет монографски изданија со системски карактер, а автор е и на четири универзитетски учебници и помагала, како и на неколку десетини учебници и учебни помагала за средното образование. Неговите позначајни научни трудови се однесуваат на спектроскопското изучување на кристалохидрати, како и на спектроскопските и термодинамичките својства на петчлените хетероциклични молекули. Дал придонес и во изучувањето на минерали и на проблеми од образованието по хемија, а објавил и десетина трудови посветени на јазични проблеми од областа на хемијата. Дел од резултатите на истражувањата имаат и конкретна примена, особено во медицината.
За дописен член на МАНУ е избран на 21 април 1994, a за редовен член на 20 јуни 1996 година. Бил потпретседател на МАНУ (2008–2011), раководител на Одделението за математичко-технички науки (2003–2007) и раководител на Истражувачкиот центар за животна средина и материјали (2014 –). Во 2008 година е избран за член на Европската академија на науките во Салцбург, Австрија.
Акад. Бојан Шоптрајанов е основоположник и прв главен уредник на списанието „Гласник на хемичарите и технолозите на Македонија“. Бил претседател на Унијата на хемиските друштва на Југославија и на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија. Со Одлука донесена во февруари 2016 година е именуван за член на Националниот комитет за проучување на Југоисточна Европа.
За својата целокупна активност на полето на развојот на научната и наставната дејност, акад. Шоптрајанов добил голем број награди, меѓу кои „Орден за заслуги за народ со сребрена ѕвезда“, „Плакета на Универзитетот Кирил и Методиј” (двапати), „Томазиусов медал“ на Универзитетот во Хале, „Македонскиот крст“ на МПЦ и др. Добитник е и на националната награда „11 Октомври“.
Датум на раѓање::26.01.1937
Место на раѓање::Чачак
Членство во МАНУ::Редовен член, 1996
Emil::bojan@manu.edu.mk
Јордан Поп-Јорданов (1925 – 2024)
Датум на раѓање:
23.11.1925
Место на раѓање:
Велико Градиште
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1974
Институции:
Институт зa нуклеарни науки Борис Кидрич, Винча; Електротехнички факултет, Белград; Електротехнички факултет, Скопје.
Област на работа:
Електротехнички науки
Биографија
Акад. Јордан Поп-Јорданов е роден во Велико Градиште, Србија, на 23 ноември 1925 година. Гимназија завршил во Штип. Во 1956 година дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје (средна оценка 9,94), а во 1960 година техничка физика на Електротехничкиот факултет во Белград (средна оценка 9,32). Докторирал на Електротехничкиот факултет во Белград во 1964 година. Бил на стручно усовршување во Англија, Советскиот Сојуз и Швајцарија. Од 1960 год. работи во Институтот „Борис Кидрич“ во Винча во повеќе научни звања и раководи со група млади научни работници. Во 1971 година преминува на Електротехничкиот факултет на Белградскиот универзитет, каде останува како редовен професор сé до крајот на 1983 година, кога се враќа во Скопје.
На редовните и постдипломските студии на Електротехничкиот факултет во Белград држел настава по атомска и статистичка физика, енергетска микрофизика и квантна електродинамика. На истиот факултет основал и постдипломска насока за сончева енергија, прва во Југославија од оваа проблематика. Предавал и на постдипломски студии на Природно-математичкиот и Филозофскиот факултет и во Центарот за мултидисциплинарни студии на Белградскиот универзитет, како и на Електротехничкиот факултет во Скопје. Автор е на универзитетските учебници „Нерамнотежна статистичка физика“ (1981) и „Квантна електродинамика“ (1983), како и на неколку книги во земјата и странство. Објавил околу 300 научни и стручни трудови главно во меѓународни научни списанија и монографии, од кои најмногу се од полето на неутронската физика, електричното инженерство, енергетиката и одржлив развој, мозочниот електрицитет и филозофијата на науката. Учествувал на повеќе меѓународни научни собири во дваесетина земји на Европа, Америка и Азија, најчесто како поканет експерт. Реализирал голем број научни проекти, од кои преку 20 имале меѓународен карактер. Неговите резултати се користени во многу странски статии, монографии и докторски дисертации.
Главните негови научни придонеси се однесуваат на неутрониката („метод на Поп-Јорданов“ за термализација на неутроните, објавено во престижното издание на Обединетите нации пред половина век); електроенергетиката (мултидизмензионална интерпретација на околински ризици); соларната енергија (квантни модели на тенки филмови), одржливиот развој (негентропски концепт и ментални индикатори); невронауката (мозочен електрицитет и квантни ментални спектри) и филозофијата на природните науки (интерпретација на микрочестичен дуализам).
Член е на редакции и рецензент на повеќе меѓународни научни списанија и на меѓународни стручни организации, како и референт за избор на професори на универзитети во Европа и Америка. Бил одговорен уредник на списанието „Радови“ (на Заводот за физика на Белградскиот универзитет), како и директор на Меѓународната постмагистерска летна школа по реакторска физика, организирана од Меѓународната агенција за атомска енергија.
Добитник е на повеќе награди, меѓу кои: Годишна награда на Институтот во Винча за индивидуално научно остварување (1964); Јубилејна награда на Институтот во Винча за развој на научната област (1968); награда на ВРЕН-УНЕСКО за најдобар труд на Светскиот конгрес по обновлива енергија во Денвер (1996); награда на Светската иновациона фондација за извонреден придонес за науката и човештвото (2003); награда за извонреден придонес на науката на 20-от век; награда на Универзитетите во Скопје и во Белград за најдобар успех на студии и др.
Носител е на Споменица 1941 (како учесник на НОБ во Македонија), Орден за храброст, Орден Братство и единство, Орден за труд, три Ордени Заслуги за народ, Орден за заслуги за Македонија (2007), Медал на Македонската православна црква (2008) и др.
Бил претседател на Научниот совет на Институтот за нуклеарни науки во Винча (1969-1970) во време кога тој институт бил најарфимиран научен центар во југоисточна Европа, како и декан на Електротехничкиот факултет во Белград (1977-1979). Во 1993 го основал Истражувачкиот центар за енергетика, информатика и материјали при МАНУ, со кој раководел до 2012, и кој се развил во меѓународно афирмиран „центар на одличност“. Бил претседател на Македонскиот национален комитет на Светскиот совет за енергија.
Член е на пет странски академии и тоа: Њујоршката академија на науките (САД), Меѓународната академија на науката (Минхен, Германија), Европската академија на науките и уметностите (Салцбург, Австрија), Медитеранската академија (Неапол, Италија) и Светската академија за уметност и наука (Сан Франциско, САД).
Почесен член е на Светската иновациона фондација и на Филозофското друштво на Македонијa, како и странски член на Американско физичко друштво, Европска секција на друштвото за анализа на ризици, Меѓународно друштво за соларна енергија, Римски клуб-Совет за иднина на Европа, Европско нуклеарно друштво, Друштво за применета невронаука и Европско друштво за култура.
За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 25 декември 1969 на првото редовно изборно собрание, а за редовен член на 26 декември 1974 година. Во периодот од 1984 до 1991 година бил претседател на Македонската академија на науките и уметностите.
Зборува седум странски јазици.
Луан Старова (1941-2022)
Биографија
Акад. Луан Старова е роден на 14 август 1941 г. во Поградец, Албанија, а од 1943 год. со семејството се преселува и живее најнапред во Струга, кратко време во Тетово, а потоа во Скопје од 1945 година. Основното образование завршува училиштето „Гоце Делчев“ во Скопје, во учебната 1955/1956, на македонски јазик, со што ја одбележува својата билингвална предодреденост – албанскиот како мајчин јазик и македонскиот како јазик на koj се образува.Матурира во гимназијата ,,Јосип Броз Тито’’, во учебната 1960/1961 г. Во текот на студирањето Француски јази и книжевност со Историја на уметноста како втор главен предмет, се вработува како новинар, а потоа и како главен и одговорен уредник на весникот „Млад Борец“.Бил на младински и партиски функции. По дипломирањето во 1967 година, во Радио Скопје работи како новинар. Во 1968 г. станува главен и одговорен уредник на емисиите на албански јазик на Телевизија Скопје. Истата година започнува ги следи постдипломските студии по теорија на книжевноста, со специјалност од француската литература на Сечилиштето во Загреб. Под менторство на проф. д-р Антун Поланшчак, откако со одличен успех ги заврши постдипломските студии, го одбрани магистерскиот труд, на тема „Балканот во прозата на Гијом Аполинер“. Во текот на 1972/1973 г., како стипендист на Француската влада престојува во Париз, на специјалистички студии на Универзитетот Нова Сорбона. Во 1974 г. е избран за асистент на Филолошкиот факултет во Скопје на групата за француски јазик и книжевност, по предметот француска книжевност. Повторно, како стипендист на француската влада, во текот на 1975 г, престојува во Париз, каде што работи на својата докторска дисертација. Во 1978 г, во Загреб, со одличен успех ја одбрани докторската дисертација, под наслов „Делото на Фаик Коница на француски јазик и неговата соработка со Гијом Аполинер“, под менторство на Предраг Матвеевиќ објавена во Париз:,, Faȉk Konitza et Guillaume Apollinaire, Une amtitié éuropéеnne’’(1998), а во 1998 година книгата објавена во Тирана со предговор од Исмаил Кадаре.
Во 1979 година избран е за потпретседател на Републичката комисија за културни врски со странство на Македонија. Бил прв главен и одговорен уредник на македонското издание на Гласникот на УНЕСКО, член на редакцијата на меѓународното списание ,,Балкан –Форум’’ Во периодот до 1982 г. учествува со свои прилози на светскиот конгрес на Меѓународната асоцијација за компаративна литература во Њујорк, на меѓународниот симпозиум на Институтот за хуманистички науки во Мадрид, одржан во Барцелона, а за време на едномесечниот студиски престој во Кина, на Универзитетот во Пекинг држи предавање од областа на балканските литератури. Во 1985 г. е именуван за вонреден и ополномоштен амбасадор на СФР Југославија во Република Тунис. Именуван е и за прв амбасадор на СФРЈ во Палестинската држава. За овие свои дипломатски мисии, од претседателот на Република Тунис, го добива високото одликување Голем офицер од редот на Републиката и посебно признание од Јасер Арафат како прв амбасадор во државата Палестина. Во 1990 г. е избран за редовен професор по предметот француската книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Избран е и за шеф на Катедрата за романски јазици и книжевности. Предава и на постдипломските студии од областа на европскиот роман. Во 1992 г. престојува во Виена, каде што во Државниот архив работи врз документите од преписката на Фаик Коница со последниот австроунгарски министер за надворешни работи баронот Агенор Голуховски. Во текот на 1993 г., присуствува со свој прилог, „Фаик Бег Коница – една незавршена симфонија“, на биеналниот симпозиум во Ставло, Белгија, на тема „Аполинер и неговите европски пријатели“, кој е објавен во Зборникот на Нова Сорбона, а учествува и на Меѓународниот поетски фестивал во Квебек, Канада. Во 1994 г. е именуван за прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Франција,како прв постојан претставник во УНЕСКО и нерезидентен амбасадор во Шпанија и Португалија. Во 1997 г. е избран за член на Академијата на амбасадорите, односно Prix des Ambassadeurs при Француската академија. Во 1998 г. е избран и за редовен член на Медитеранската академија, со седиште во Неапол. По завршувањето на својата дипломатска мисија, се враќа во земјата и продолжува да работи како професор по француска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Избран е како визитинг професор на Универзитетот за источни студии во Неапол, а предава француска книжевност и на Универзитетот на Источна Европа „Ван дер Штул“ крај Тетово. Бил потпретседател на Друштвото на писателите на Македонија и на Советот на Струшките вечери на поезијата.
Акад. Луан Старова е автор на обемно научно дело од областа на романистиката, поспецијално на француската книжевност, албанската и македонската, како и компаративната книжевност. Автор е на над 200 библиографски единици на разни стручни, научни трудови и студии објавувани во земјата и странство. Автор е на преводи на дела на Жан-Пол Сартр, Ѓерѓ Лукач, Андре Френо, Пабло Неруда, Гилвик, Едгар Морен, Исмаил Кадаре, Антон Пашку и други. Тој е автор и на обемен книжевен опус, во првата фаза е автор на бројни книжевни студии, монографии, пишуван на македонски, албански, автор е книгата ,,Француски книжевни идеи на XX век ’’. Објавувал студии за Гијом Аполинер, Андре Френо, Анатол Франс, Андре Жид, Сартр, Марсел Пруст, Андре Малро, Албер Ками, Адонис, Исмаил Кадаре, Никос Казанѕакис и други. Автор е на студии за односите на балканските литератури кон европските (книгата ,,Релации’’- огледи и студии од балканските литератури, Мисла, Скопје, 1980.) Автор е на книжевни патописи од своите патувања во Скандинавија, Франција, Англија, Германија, Магреб,Шпанија, Турција, САД , Кина и други земји( ,,Луѓе и мостови’’ , ,,Пријатели’’ , Кинеска пролет’’, Барикади на времето’’ и други. )Во 1991 година ја објави единствената збирка поезија ’’Песни од Картагина’’ (1991), потоа преведена на француски јазик со предговор на Адонис (2002), на италијански (2002), објавена е и преобјавена на албански јазик (1991 и 2015) под наслов ,,Kartagjena nuk mposhtet’’.
Посебно место зазема неговата „Балканска сага“, еден вид циклични романе, составена од романите 1.„Татковите книги“ (1992),2. „Времето на козите“(1993), 3.„Балкански клуч“(1995), 4. Пресадена земја(1998) 5. „Атеистички музеј“(1996), 6.„Патот на јагулите“(2000) 7,,Тврдина од пепел’’ (2002) 8.,,Балкански жртвен јарец’’ 9.(2003),,Ервехе-книга за една мајка’’(2005) 10.,,Љубовта на генералот’’(2008), 11.,,Потрага по Елен Лејбовиц’’ (2008) 12.,,Амбасади’’,(2009) 13.,,Нови Амбасади’’(2011),,14. ,,Граница’’(1914) 15.,, Балканвавилонци’’(2014) 16.,,Враќањето на козите’’(2016) и 17.,,Полифонисти’’(2016). Во проект на реализација се и романите 18,,Нови јаничари’’ и 19,,Генералот и пеперугата’’.Во француската книжевност ,,балканската сага’’ е вредена во големите европски романи а за неа пишувале познати европски писатели и академици како филозофот и социологот Едгар Морен, постојаниот секретар на Француската Академија Морис Друон и членот на Француската академија на моралните и политичките науки,Антоан Жерал, Виктор Фридман, Нуло Миниси, писателите Адонис, Ален Боске, Мари-Франсоаз Ален, Роже-Луј Жино, Робер Бадинтер, Жан-Ив Потел, Жил Лапуж, Елен Лејбовиц, Алекси Лорка, Жак Гошрон, Франсис Вибрандс, Василис Василикос, Предраг Матвеевиќ,Франко Алтимари, Петер Рау, Габриела Шуберт, Недим Гурсел, Никола Ковач,Леон Сомвил, Патрик Крисман,Ерик Ноло,Ерик Фај, Матеја Матевски, Гане Тодоровски, Георги Старделов, Ферид Мухиќ, Венко Андоновски, Елизабета Шелева, Катица Ќулафкова,Јелена Лужина, Елисавета Поповска Ристо Лазаров, Али Алиу, Шабан Синани, Џеват Лоши, Луан Топчиу, Али Подримја, Вирион Грачи, Јорго Було, Фатмир Сулејмани, Африм Реџепи и други. Романите од оваа книжевна сага досега се преведени и на француски, германски, италијански, шпански, руски, полски, романски, грчки, турски, бугарски, фински, хрватски, српски,англиски, есперанто и на други јазици, а делумно и на словенечки и унгарски јазик. Преведените романи од балканската сага во странство се придружени од низ признанија и одбележувања на промоции во Париз, Вашингтон ( во Конгресната библиотека) во Виена, Франкфурт, Гетеборг,Варшава,Цирих, Јена, Загреб, Букурешт, Софија, Атина, Тирана,Истанбул,Торино и други. Романите од балканската сага се номинирани и влезени во најтесен избор на наградите: Најдобар објавен странски роман за 1997 година во Франција, Најдобар европски роман ,,Жан Моне’’, Најдобар роман објавен на полски јазик за Центреална и Источна Европа ,,Ангелус’’ и други. За балканската сага се објавени и се во тек на објавување докрски дисертации во Македонија, Албанија, Италија, Полска и други земји. Мариа Куглерова на Универзитетот во Варшава ја одбрани докторската дисертација под наслов: ,,Луан Старова: реконструкција на балканската свест’’.Фатмир Сулејмани на Универзитетот во Тирана ја одбрани докторската десертација:,,Балканската сага на Луан Старова- едно херменевтичко читање.’’
За своите книжевни дела е добитник на повеќе национални и меѓународни признанија и награди: наградата „Крсте Мисирков“ за публицистика, наградата „11 ноември“ на Скопје за книжевно дело ,,Луѓе и мостови’’(1971), републичката награда „11 октомври“ за книгата есеи и студии ,,Доближувања’’(1976), првата награда на конкурсот на Книгоиздателството ,,Мисла’’ за романот ,,Времето на козите’’ (1993) два пати наградата на Друштвото на писателите на Македонија ,„Стале Попов“ за роман на годината, ,,Татковите книги’’(1992) и романот ,,Ервехе – книга за една мајка’’(2005) наградата „Григор Прличев“ за најдобра преведена книга,Наградата македонски конаци за роман на годината, Државна награда Климент Охридски, Рациновото признание за роман на годината, меѓународната француска награда „Маргарет Јурсенар“ за романескно творештво и други. Добитник а на Медал на Асоцијацијата на писатели кои пишуваат на француски јазик. Избран е за член на Здружението на француските писатели (на 9.05. 1998) На 19.јуни 2003 г. е прогласен за почесен граѓанин на својот роден град Поградец (Албанија). Добитник е и на највисокото француско признание за достигнување во уметноста и во книжевноста (Commandeur de l‘Ordre des Arts et des Lettres).
Почесен член на Академијата на науките на Албанија е од 2006 г. на Медитеранската Академија во Неапол е член од 2011г. а од 2014 г. е член на Европската академија на науките во Салцбург, член е на Научното друштво ,,Лајбниц’’ од Берлин од 2016 г.
За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 27 мај 2003 г. Бил секретар на Одделението за уметност, а од 1 јануари 2016 е избран за потпретседател на МАНУ.
Датум на раѓање::14.08.1941
Место на раѓање::Поградец
Членство во МАНУ::Редовен член, 2003
Институции::Филолошкиот факултет во Скопје; Албанската академија на науките; Европската академија на науките и уметностите, Салцбург, Австрија.
Област на работа::Историја на француската книжевност
Радован Павловски (1937-2022)
Биографија
Акад. Радован Павловски е поет, есеист и патописец. Роден е на 23 ноември 1937 година во Ниш, Србија. Неговото семејство во 1940 година се враќа во Железна Река, од каде што потекнува, во подрачјето помеѓу Гостивар, Кичево и Поречје во западниот дел на Македонија каде што го поминува своето детство. Основното образование го завршува во Железна Река, а средното во Гостивар. Студирал право и литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во 1955 година се огласува со песни од Железна Река во весникот „Млад борец“ и во списанието „Млада литература“.Од 1956 до 1959 година, покрај редовните студии на Универзитетот работи како новинар-преведувач на дневните вести на Радио Скопје. Од 1959 до 1962 година, работи во весникот „Нова Македонија“ како новинар, преведувач и книжевен критичар на културните рубрики.
Својот живот го посветува на поезијата, која ја твори повеќе од шест децении. Во 1952 година во списанието „Народно здравје“ за прв пат се печати неговата кратка песна „Загонетка “, а веќе од летото 1955 година се определува за светот на поезијата создавајќи ги првите песни од збирката „Суша, свадба и селидби“. Покрај пишувањето поезија твори и во другите уметности, цртајќи цртежи, карикатури и скулптури. Својот работен век го започнува во декември 1956 година кога се вработува како преводач-новинар во Радио Скопје (Танјуг), а потоа од 1959 година и во „Нова Македонија“. Од 1964 до 1982 година живее и твори во Загреб, Хрватска, а од 1982 до 1985 година во Белград, Србија. Во Република Македонија се враќа во 1985 година.
За неговиот творечки пат и поетиката во единство со животот и творештвото во декември 1960 година остварува патување во земјите на источен Медитеран: Кипар (Фамагуста), Сирија (Латакија), Либан (Бејрут), Египет (Александрија и Каиро), потоа во 1981 година е на тримесечен студиски престој во Париз и потоа во Прага од 27 јули до 27 август 1979 го изучува чешкиот јазик, литература и култура на семинарот Летна школа на Карловиот универзитет како стипендист на Чешката влада и Сојузот на чехословачките писатели. Големо значење за неговото творечко искуство имаат и следните посети: во 1973 година со југословенската книжевна делегација остварува петнаесетдневна посета на тогашниот СССР посетувајќи поетски средби во Москва, Ташкент, Самарканд, Волгоград, Ленинград (Санкт Петербург) и учеството на Деновите на македонската култура во Англија во 1979 година каде настапува на поетски средби во „Риверсајд студио“ во Лондон, Оксфорд, Брадфорд, гратчето Хеј он Веј во Велс и на север во Норич, при што тој пишува и патепис.
Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на Македонскиот ПЕН центар, а бил член и на Сојузот на писателите на СФРЈ. Во 2006 година е избран за редовен член на МАНУ.
Автор е на следниве книги поезија: „Суша, свадба и селидби“ (1961/1971), „Корабија“ (1964), „Високо пладне“ (1966), „Клима и лира“ (1966), „Езерска земја“ (1969), „Низ проѕирката на мечот“ (1971), „Сонце за кое змијата не знае“ (1972, на хрватски), „Пир“ (1973, на хрватски), „Зрна“ (1975), „Молњи“ (1978), „Стражи“ (1980), „Магија момче“ (1981), „Чума“ (1984), „Клучеви“ (1986), „Марена“ (1986), Избрани дела во три тома (1986), „Темелник“ (1988), „Зрна, Молњи и Клучеви“ (1989, трилогија), „Замок на розата“ (1990, избор), „Бог на утрото“ (1991), „Светлина“ (1993), ,„Вселенски деца“ (1993, поезија за деца), „Јавач на звукот“ (1995), „Синот на Сонцето“ (1999), „Штит“ (2001), „На едно око“ (2002), „Свртничар на светлините“ (2004), „Господар на перото“ (2006), „Океан во капка“ (2008), „Заштитна повелба“ (2008), „Воспеви“ (2009), „Јас сум време“ (2009), „Мојата ѕвезда“ (2012/2013, собрани дела во 3 тома) и „Се случува вечност“ (2014).
Акад. Радован Павловски е коавтор (со акад. Богомил Ѓузел) на манифестот „Епското на гласање“ (1960) и автор на „Манифестот на Поетската Република Железна Река“ (1990), на патописот „Отклучување на патиштата“(1986), на книгата есеи „Што може поезијата?“ (1993), „Демократска џунгла“ (1994, политички есеи), „Порака на поетот до поетите на светот“ (1995, СВП) и „Поетиката на походот на Александар Македонски во цивилизациите“ (2009, есеј-студија).
Добитник е на наградите „Браќа Миладиновци“ (1965, 2002), „11 Октомври“ (1971), „Кочо Рацин“ (1975), „Повелба на печалбарите“ (1990), „Гоцевата повелба“ (1991), „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга (1995 и 2014), Жезлото на ДПМ (2002) и Благодарница од Струшките вечери на поезијата за унапредување и развој на поетскиот фестивал (2011). Исто така е добитник на странските награди: „Младост“ (југословенска награда за „Суша, свадба и селидби“, (1961), „Златна струна“ (југословенска награда на анонимен конкурс за песната „Железна Река“, 1975), „24-та Дисова пролет“ (југословенска награда за поетски опус – избор „Момчето што спие напладне“, 1978), Плакета на јубилејната 50. Дисова пролет (1987, како лауреат) и „Ристо Ратковиќ“ (југословенска награда за збирката песни „Темелник“, 1988). Во 1972 на поетскиот конкурс во Хрватска, ракописот „Пир“ е награден за неговите високи уметнички вредности, а поетската збирка „Зрна“ е прогласена за најдобра книга за 1975 година од Југословенската радио телевизија – оддел за култура. Во 2009 година е добитник на меѓународната награда „Икона Шекспир“ за литература, наречена „Исконски добитник“, што ја доделува Меѓународниот библиографски центар во Кембриџ, Англија. Акад. Радован Павловски за своето творештво е добитник и на Орденот за заслуга за народ со сребени зраци.
Американскиот биографски институт го прогласи за Личност на годината за 1997 како „еминентна личност наведена во меѓународно и национално признати биографски дела“.
Акад. Радован Павловски е добитник на светското признание за животно дело за 1998 година (АБИ – САД). Во тринаесеттата едиција – интернационалното издание „Кој е кој меѓу интелектуалците“ од Интернационалниот биографски центар со седиште во Кембриџ, Англија во 1999 година е објавена детална биографија и библиографија на животниот и творечки опус на акад. Радован Павловски.
Акад. Радован Павловски во континуитет во изминатите 6 децении е еден од најпреведуваните македонски поети во светот. Повеќе книги со негова поезија се објавени и преведени во Македонија и надвор од неа: на српски, албански, словенечки, турски, француски, англиски, руски, чешки, романски, есперанто, шведски и бугарски јазик, а во голем број избори на творештвото и на германски, италијански, арапски, грчки и кинески јазик. Творештвото на акад. Радован Павловски е вклучено во разни антологии на современата македонска, европска и светска поезија.
За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 10 мај 2006 година.
Датум на раѓање::23.11.1937
Место на раѓање::Ниш
Членство во МАНУ::Редовен член, 2006
Област на работа::Писател
Момир Х. Поленаковиќ (1939-2021)
Биографија
Акад. Момир Поленаковиќ е роден на 26 април 1939 година во Скопје. Медицински факултет завршил во Скопје во 1963 година, кога како најдобар студент-првенец е награден од Универзитет „Кирил и Методиј“, Скопје. Специјализација по интерна медицина завршил во 1969 година. Во 1977 година ја одбранил докторската дисертација на тема „Клиничко имунолошка процена на патолошките настанувања во бубрежните гломерули“. За редовен професор е избран во 1988 година. Работи на Клиниката за нефрологија при Медицинскиот факултет во Скопје, а во периодот 1990–1997 година бил директор на Клиниката за нефрологија. Од 2005 година е во пензија.
Во текот на 1972 и 1973 година е на стручно усовршување во САД како стипендист на IREX. Најголем дел од времето го поминал работејќи на Northwestern University, Chicago, на Department of Medicine, Renal Unit and Department of Pathology. Како стипендист на Светската здравствена организација (WHO) престојувал на универзитетските нефролошки клиники во Шведска, Германија и Англија. Visiting Professor на Fulbright Program во САД 1991/1992 година.
Акад. Момир Поленаковиќ искуствата од светот ги применил во нашата средина, а и нашите сознанија и достигнувања ги соопштил во земјава и странство во над 535 отпечатени научни и стручни трудови, од кои 200 труд се на Pub Med, како и во 250 апстракти со кои учествувал на научно-стручните состаноци во земјата и светот. Редактирал и издал пет книги на реферати од конгреси и научни состаноци. Автор е на книгата „Исхрана кај болните со бубрежна инсуфициенција и на дијализа“, 1997, како и коавтор (со акад. И. Дејанов и П. Дејанов) на книгата „Инфекции, хемостатски нарушувања и антибиотичка терапија кај болни на хемодијализа“, 2004, уредник на книгата „Renal Failure – The Facts“, InTech, 2012.
Уредник и член на уредувачки одбори: Главен уредник: Прилози, Одделение за медицински науки, Македонска академија на науките и уметностите (од 2002); Помошник уредник (Associate editor) на спиаснието БАНТАО; Член на уредувачки одбор на: Actual Nephrology: Kidney Foundation, Varna – Bulgaria; Aktuality v nefrologii (Current concepts in nephrology), Czech Republic; Поранешен член на уредувачкиот одбор на: Македонски медицински преглед, на списанието Nephrology, Dialysis, Transplantation (NDT- официјално списание на Европската ренална асоцијација), и на списанието JAMA (Journal of American Medical Association); Југословенско издание.
Акад. Поленаковиќ е активен во изучувањето на: гломерулонефритите, интерстиционефропатиите (Балканска ендемска нефропатија), уринарни инфекции, инвазивна и неинвазивна нефролошка дијагностика, ренална трансплантација, плазмафереза. Акад. Поленаковиќ за прв пат во нашата земја воведува добивање на бубрежно ткиво по пат на перкутана бубрежна биопсија и овозможува иследување на свежо добиено бубрежно ткиво со имунохемиски методи. Ја дал класификацијата на гломерулонефрититс во Република Македонија. Од 1965 година акад. Поленаковиќ учествува во лекување на акутната бубрежна инсуфициeнција со хемодијализа, а од 1971 година во лекувањето на хроничната бубрежна инсуфициснција со интермитeнтна хемодијализа. Прв го вовел лекувањето со рекомбинантeн еритропоетин, на реналната анемија кај пациенти лечени со дијализа. Во 1977 година учествувал во изведувањето на првата бубрежна трансплантација на Медицинскиот факултет во Скопје.
Акад. Поленаковиќ одржал повеќе предавања од областа на гломерулонефритите, балканската ендемска нефропатија и лекувањето на хроничната бубрежна инсуфициенција во повеќе институции во земјата и странство (Лондон, 1977 и 1983; Лајден, 1989; Белград, 1982, 1983; Загреб, 1983; Љубљана, 1985; Чикаго, 1992; Хјустон, 1992; Лос Анѓелес, 1992, Вашингтон, 1992; Чарлстон, 1992; Бетезда (NIH), 1992; Дејтон, 1995; Болоња, 1997; Измир, 1999; Ахен, 1999; Солун, 2001; Софија, 2004; Берлин 2005; Сплит, 2006; Опатија, 2006; Кишињев, 2007; Белград, 2007; Брач, 2008; Бриони, 2008; Љубљана, 2008; Милано, 2009).
Акад. Момир Поленаковиќ активно учествува во работата на Македонското лекарско друштво. Основач и претседател е на Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи (1992-2011). Иницијатор е за создавањето на Балканската нефролошка асоцијација (БАНТАО) во 1993 година. Член е на повеќе меѓународни асоцијации и здруженија, и тоа: European Dialysis Transplant Association-European Renal Association, International Society of Nephrology, International Society for Artificial Organs и др. Од 1992 год. е претседател на Македонското здружение за нефролгија, дијализа, трансплантација и вештачки органи, а од 2011 год. е негов почесен претседател. Од 2011 год. е претседател на Етичкиот комитет на МАНУ, a во 2014 год. е избран за прв претседател на Македонското здружение на медицински уредници, а од 2016 год. е почесен претседател.
Тој е носител на повеќе признанија и награди, меѓу кои: Орден заслуги за народ со сребрена ѕвезда, Повелба ,Д-р Трифун Пановски“ (1988), од National Kidney Foundation (NKF), USA доделено му e Distinguished International Medial за 1997 година, највисоко иризнание кое се доделува од NKF на нефролози, кои не се жители на САД, за извонредни научни достигнувања во нефрологијата и за работа во развивањето на нефрологијата во својата земја, Награда на град Скопје – „13 Ноември“ за особени остварувања во здравствената заштита од областа на нефрологијата (2005), Сребрен медал од прв ред „Столна медаља на Македонската православна црква“ по повод 50 години од обновувањето на Охридската архиепископија и 40 години од автокефалноста на МПЦ (2008), Државна награда на РМ – „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката и образованието (2009) и други. Во 2013 год. е добитник на наградата The 2013 Pioneer Award Eastern & Central Europe region на Интернационалното здружение за нефрологија (ISN) за постигнувањата од областа на нефрологијата за регионот на Источна и Централна Европа.
Акад. Поленаковиќ во 1994 година е избран за странски член на Српската академија на науките и уметностите, како и за член на Фондацијата „Бубрег“, Варна, Бугарија. Во 1996 година е избран за член на Академската асоцијација за медицински интердисциплинарни студии, Романија (Academic Association of Medical Interdisciplinary Studies). За надворешен член на Академијата за медицински науки на Српското лекарско друштво е избран во 1998 година, а во 2002 година е избран за член на Њујоршката академија на науките (САД) и истата година за надворешен член на Академијата за медицински науки на Хрватска. Исто така, во 2006 год. е избран за член на Светската академија на уметност и наука (Сан Франциско, САД), како и за член на Европската академија на науките (Салцбург, Австрија). Од 2007 год. е член на Друштвото за наука од Берлин „Лајбниц“ (Германија).
За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 26 јуни 1997 год., а во периодот 2004–2007 год. бил нејзин потпретседател. Од 2011 год. е раководител на Истражувачкиот центар за генеттско инженерство и биотехнологија „Георги Д. Ефремов“ на МАНУ.
Датум на раѓање::26.04.1939
Место на раѓање::Скопје
Членство во МАНУ::Редовен член, 1997
Институции::Редовен професор во пензија на Медицинскиот факултет во Скопје; странски член на Српската академија на науките и уметностите (од 1994); почесен член на Медицинската академија при Српското лекарско друштво (од 1998); член на Њујоршката академија на науките, САД (од 2002 година); дописен член на Academia Scientiarum Medicinarum Croatica (од 2002 година); член на Светската академија за уметност и наука (од 2006 година); член на Европ¬ската академија на науките и уметностите, Салцбург, Австрија (од 2006 година); член на Друштвото за наука „Лајбниц” од Берлин (од 2007 година)
Област на работа::Интерна медицина
Богомил Ѓузел (1939-2021)
Биографија
Акад. Богомил Ѓузел, поет, раскажувач, драмски писател, есеист, е припадник на третата повоена генерација македонски писатели, онаа генерација што се појавува во втората половина на педесетите години на дваесеттиот век и која со своето дејствување ќе изврши пресудно влијание врз процесот на дедогматизацијата и модернизацијата на македонската литература, придонесувајќи за победата на оние сили кои се бореа за проширување на хоризонтите на творечките слободи и за внесување на македонската култура во Европа и во светот.
Акад. Ѓузел е роден на 9 февруари 1939 година во Чачак, Србија. Дипломирал во 1963 година на Катедрата за англиски јазик и литература на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ – Скопје. Во 1963–1964 година работел како ТВ реализатор во РТВ Скопје. Во 1964/65 година бил на постстудиски престој на Универзитетот во Единбург, како стипендист на Британскиот совет.
По враќањето, од 1966 до 1971 година, работел како драматург во Драмскиот театар, Скопје, потоа од 1971 до 1973 година, како програмски директор на Струшките вечери на поезијата. Од 1976 година работи како библиограф во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а од 1985 до 1999 година, како драматург во Драмскиот театар, Скопје. Од 1999 година е в.д. директор на Струшките вечери на поезијата, до пензионирањето во март 2004 година.
Во меѓувреме бил сeкретар на Македонскиот ПЕН центар (1963–64), секретар на Друштвото на писателите за односи со странство (1970–72) и еден од основачите и прв претседавач на Независните писателите на Македонија (1994), на чиј двомесечник за литература и култура „Наше писмо“ е главен и одговорен уредник од неговото основање во 1995 година.
Учествувал на Интернационалната програма за пишување во Ајова Сити, САД (1972/73) и на меѓународните поетски фестивали во Ротердам (1978 и 1995), Сан Франциско (1980), Херлен (1991), Магар, Израел, (2001), Мастрихт и Валенсија (2002), Берлин (2006), Лодев (2007), Сараево (2008), Загреб (2009), Вилнус (2010), Истанбул (2011).
Творечкиот опус на акад. Богомил Ѓузел опфаќа повеќе од 230 библиографски единици, од кои триесетина се поетски збирки, над 90 единици се објавени песни во антологии, списанија, зборници и сл., 85 единици се преводи на дела од странски автори, 23 единици се прозно творештво, како и редакции и уредништва на антологии, зборници, списанија и сл. За творештвото на акад. Ѓузел се напишани и голем број на критики и осврти, како од домашни, така и од странски автори.
Есеите кои акад. Ѓузел ги објавуваше во периодиката и дел од кои се собрани во книгите „Историјата како маштеа” и „Бовча”, ни го покажуваат овој автор не само како еден извонредно луциден интелектуалец, кој поседува висока доза на информираност и на сестрано образование, туку и како творец кој на прашањата што ги зема во средиштетото на своето внимание знае да им најде оригинален и често неочекуван аспект. Овој вид текстови на акад. Ѓузел се плод на упатеноста на овој автор во суштинските прашања на нашата епоха, како и резултат на неговата страсна желба да им најде одговор кој ќе биде во согласност со неговите етички и естетски сфаќања. Ставот на акад. Богомил Ѓузел е секогаш став на еден вистински ангажиран интелектуалец кој сака да ги изнесе своите погледи јавно и гласно, и тогаш кога тие, според сите предвидувања, не би можеле да очекуваат да бидат пречекани со сеопфатна согласност. Европската ориентација, интелектуалната луцидност и универзалната широчина им обезбедуваат на неговите есеи едно траење кое далеку ги надминува околностите во кои тие се пишувани и поводите кои го предизвикале нивното појавување.
Кога се зборува за овој вид на творечки ангажман на акад. Ѓузел, секако не може да се испушти од предвид манифестот „Епското на гласање” (потпишан и од поетот Радован Павловски), во кој овој автор на еден мошне оригинален и провокативен начин ги изнесува своите ставови кои се однесуваат на сфаќањето на поезијата, на творечкиот чин како и на прашањата поврзани со културната и поетската традиција. Овој манифест одигра значајна улога во формирањето на македонската културна клима во тој миг и го покажа самостојниот однос на неговите потписници кон официјалната идеолошка и политичка матрица која во тој период важеше како општоприфатена. Појавата на овој поетски проглас предизвика еден голем бран на љубопитство за македонската поезија во некогашните ју-простори, и во круговите на книжевната наука сé уште е објект на истражувања и анализи.
Акад. Богомил Ѓузел е несомнено наш најзначаен преведувач и препејувач на поезијата од англофонското книжевно подрачје. Високопрофесионалиот однос кон комплексните проблеми што се отвораат при преводот на поетските дела од класиката, совесноста и истенчениот вкус го красат овој дел од творечката дејност на овој автор. Благодарение на неговиот преведувачки ентузијазам, на јазичното мајсторство и на еден навистина студиозен пристап, на македонски јазик, во негов превод, се приопштени најпознатите драмски дела на Вилијам Шекспир (вкупно, осумнаесет). Освен тоа, Ѓузел е преведувач на изборите од поезијата на Т.С. Елиот, В.Х. Одн, Волт Витмен, Е. Дикинсон, Езра Паунд, В.Б.Јејтс, Шејмас Хини и др. а и составувач (заедно со Луис Симпсон и Серж Фошро) и преведувач на една сериозна и откривачка Антологија на современа американска поезија.
Акад. Ѓузел е добитник на најзначајната книжевна награда „Браќа Миладиновци” за најдобра поетска книга помеѓу две Струги (двапати) и наградата за преведувачки опус „Кирил Пејчиновиќ”. Исто така, добитник е и на главната награда на Меѓународната писателска средба во Загреб 2002 година.
За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 4 јуни 2012 година.
Датум на раѓање::09.02.1939
Место на раѓање::Чачак
Членство во МАНУ::Редовен член, 2012
Област на работа::Писател
Георги Старделов (1930-2021)
Биографија
Старделов, Георги (Гевгелија, 28 август 1930), филозоф, естетичар, есеист, книжевен критичар, антологичар, теоретичар и историчар на културата. Дипломирал на Филозофскиот факултет, на Катедрата за филозофија на Универзитетот во Белград (1953). Докторирал во филозофија на Универзитетот во Скопје (1965). Професор на Филозофскиот факултет во Скопје (1966-1995), и негов декан (1975-1977), прв декан на интердисциплинарните студии по новинарство (1977-1981), претседател на Филозофското друштво на Македонија и на Југославија, претседател на Друштвото на писателите на Македонија и претседател на македонскиот ПЕН центар. Почесен член на Друштвото на уметници во Шпанската кралска академија и редовен член на Европската академија на науките и уметностите. Професор гостин на неколку југославенски, европски и американски универзитети. За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран во 1986, а за нејзин редовен член од 1991 година. Во периодот 2000-2004 бил потпретседател, а 2008-2011 нејзин претседател. Раководител е на Лексикографскиот центар во МАНУ од неговото основање во 2000. Основач и претседател на еден од најпознатите, сеопфатни и значајни хуманистички и интердисциплинарни макро проекти на МАНУ “Историја и култура на Република Македонија” (од 1993 година). Добитник на неколку домашни и странски награди и признанија. Автор е на повеќе од 30 значајни книги од областа на естетиката, историјата на естетиката и есеи. Автор на многу поетски и прозни антологии. Преводувал и уредил бројни капитални филозофски дела и автори. Ги има постигнато најзначајните резултати на полето на примена на филозофската херменевтика во анализата на книжевните и уметничките феномени.
Најзначајни дела:
Есеи (1958)
Модерното и модернизмот (1962)
Световите (1969)
Antej во потрага на почвата (1971)
Години на контроверзии (1977)
Помеѓу литературата и животот (1981)
Experimentum Macedonicum (1983)
Уморна Авангарда (1985)
Вовед во иднината (1986)
Искуства (1987)
Портрети и профили (1987)
Одземање на силата (1990)
Збирот aestheticae (1991)
Antej допира на почвата (1993)
Десет (1994)
Керубиново племе (1995)
Grandeurs (1997)
Nonbeing (2000)
Искушенијата на умот естетски (2003)
Балканска естетика Друг естетика (2004)
Angelus Novus (2004)
Ноќен градинар (2006)
Небесен клучар (2008)
Слушате ли, Каинавелијци? (2010)
Зборови. Ephemeris (2011)
Збирот aestheticae I – Јужнословенска естетика; Збирот aestheticae II – Балканска естетика и други естетика; Збирот aestheticae III – Историја на европска естетиката на XX век (2015)
Датум на раѓање::28.08.1930
Место на раѓање::Гевгелија
Членство во МАНУ::Редовен член, 1991
Институции::Филозофскиот факултет во Скопје; Европската академија на науките и уметностите, Салцбург, Австрија.
Област на работа::Филозофски науки
Ратко Јанев (1939-2019)
Биографија
Акад. Ратко K. Јанев е роден во 1939 година во Сандански, Бугарија. Гимназија завршил во 1957 година во Скопје, a во 1963 година дипломирал на Електротехничкиот факултет (група Техничка физика) на Универзитетот во Белград. Постдипломските студии ги завршил во 1965 година на Природно-математичкиот факултет во Белград, a веднаш потоа се вработил во Институтот за нуклеарни науки „Борис Кидрич“ во Винча. Акад. Јанев бил на специјализација на Државниот универзитет во Ленинград, денешен Санкт Петербург (1966–1967), каде што работел на својата докторска дисертација на тема: „Процеси на електронскиот зафат во бавните атомски судири“, која ja одбранил во 1968 година на Природно-математичкиот факултет во Белград.
Акад. Ратко Јанев работи како научен советник во Институтот за нуклеарни науки „Борис Кидрич“ во Винча до 1972 година, а потоа во Институтот за физика во Белград до 1987. Од 1969 година тој држи курсеви на постдипломски студии на Природно-математичкиот факултет во Белград (Отсек за теориска физика), a во 1970–1973 држел предавања no атомска физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во периодот од 1988 до 1999 акад. Јанев раководи со прогамите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во Виена за атомски и молекуларни податоци за истражувањата во контролираната термонуклеарна фузија.
Неговата обемна научна дејност ѓи опфаќа областите на општите и методолошките проблеми на квантната теорија на меѓучестичните заемни дејствувања, теоријата на заемнодејствијата и судирните процеси меѓу атомските честици, кинетичките и транспортните процеси во јонизираните средини, физиката на судирните процеси меѓу атомските честици и површината на цврстите тела, физиката на гасните ласери и физиката на контролираната термојадрена фузија. Особено значителни се придонесите на акад. Јанев во развитокот на асимптотската теорија на изменските заемнодејствија меѓу атомските честици и меѓу атомските чесици и цврстите површини, квантната динамика на судирните процеси на многократно наелектризираните јони со атомските честици, физиката на атомските процеси во густи, високотемпературски лабораторијски и астрофизички плазми, како и во магнетски и инерцијано конфинираните термонуклеарни плазми. Во последните години научниот интерес на акад. Јанев сé повеќе е насочен кон атомските и молекуларните процеси во раната фаза на еволуцијата на Вселената и галаксиите, како и кон процесите во компактните астрофизички обекти (последните фази во еволуцијата на звездите)
Акад. Јанев има објавено повеќе од 300 научни трудови. Тој е автор или со-автор на 7 монографии, на 27 ревијални статии во елитни меѓународни часописи, 12 глави во книги на други автори и едитор на 3 зборника на трудови од меѓународни научни собири. Акад. Јанев е држел уводни предавања на 35 меѓународни собири.
Како професор-по-покана акад. Јанев е држел предавања и курсеви лекции на повеќе универзитети во Европа (Парис, Бордо, Аархус, Стокхолм, Москва, Лондон, Дарам, Брисел, Лувен-ла-Нев), Америка (Боулдер, Ноксвил, Принстон), Јапонија (Нагоја, Кјото,Токио, Осака) и Кина (Пекинг, Шангхај, Сиан, Ченгду). Во текот на својата научна дејност акад. Јанев остварува долгогодишна научна соработка со врвни светски истражувачки институции: Париската обсерваторија во Медон, Физичкиот институт на Руската академија на науките во Москва, Курчатовскиот институт во Москва, Санкт-Петерсбугскиот иниверзитет, Лабораторијата за атомски судири при Католичкиот униврзитет во Лувен-ла-Нев, Белгија, Пристонската лабораторија за физика на плазмата, Националната лабораторија во Оук Ридж, Националниот институт за фузиона наука во Таџими, Јапонија, Истражувачкиот центар во Јулих, Германија, Институтот за применета физика и математика во Пекинг, Кина.
Заради својата репутација во научното општество во областа на атомската физика акад. Јанев е бил член на Советот за електронски и атомски судири на Европското физичко општество (1993-1997) и член на научните или програмски комитети на меѓународните конференции: European Physical Society Sectional Conference on Atomic and Molecular Physics of Ionized Gases (ESCAMPIG) (1977- 1986); International Conference on Laser Science (LASER 1981-1984; Laser Science 1985-89); International Conference on the Physics of Electronic and Atomic Collisions (ICPEAC) (1985-1989); International Conference on the Physics of Highly Charged ions (1984, 1994); International Conference on Plasma Physics (1992, 1994); International Conference on Atomic and Molecular Data and Their Applications (ICAMDATA) (1998-2014); (Chair of ICAMDATA International Program Committee: 2000-2004), International Symposium on Ion – Atom Collisions (1992); International Symposium on Atomic and Molecular Processes in Fusion Plasmas (Nagoya, Japan 1996); International Symposium on Atomic Processes in Low –Temperature Plasmas (Oxford, 1997); International Seminar on Atomic Processes in Plasmas (Toki, Japan,1999), International Conference on Matter and Radiation at Extremes (Beijing, 2017).
Заедно со проф. А. Далгарно од Харвардскиот универзитет, акад. Јанев во 1998 година ја иницира биеналната Меѓународна конференција за атомски и молекуларни податоци и нивните примени (ICAMDATA).
Во периодот 1983-1987 акад. Јанев е консултант на Националната лабораторија на САД во Оук Риџ и на Националната лабораторија за физика на плазмата во Принстон. Во 1979 година тој добива Homage oд Слободниот универзитет на Брисел, во 1982 тој е избран за член (Fellow) на Joint Institute for Laboratory Astrophysics во Боулдер, САД, а во 2004 тој ја добива престижната германска Хумболтова награда за истражувања во контролираната термонуклеарна фузија.
За член на Македонската академија на науките и уметностите, надвор од работниот состав, е избран на 7 октомври 1988 г., а за редовен член е избран на 16 октомври 2000 г.
Почина на 31.12.2019 година.
Најзначајни трудови:
- R.K. Janev: “Non-adiabatic transitions between ionic and covalent states” (in: Advances in Аtomic and Мolecular Physics, vol.12, p.1, 1976)
- R.K. Janev, L.P. Presnyakov: “Collision processes of multiply charged ions with atoms” (in: Physics Reports, vol.70, p.1, 1981)
- R.K. Janev, L.P. Presnyakov, V.P. Shevelko: “Physics of Highly Charged Ions” (Springer-Verlag, Berlin-Heidelberg, 1985)
- R.K. Janev, W.D. Langer, K. Evans, D.E. Post: “Elementary Processes in Hydrоgen-Helium Plasmas” (Springer-Verlag, Berlin-Heidelberg, 1987)
- M.I. Chibisov, R.K. Janev: “Asymptotic theory of exchange interactions in ion-atom systems” (in: Physics Reports, vol.166, p.1, 1988)
- R.K. Janev: “Atomic ans molecular physics issues in current thermonuclear fusion research” (in: Contemporary Physics, vol. 41, p.121, 2005)
- R.K. Janev, D. Reiter, U. Samm: “Atomic processes in low-temperature hydrogen plasmas” (in: Encyclopedia of Low-Temperature Plasmas, vol.1/2, p.110, 2007; RAN, Moscow)
- R.K. Janev, S.B. Zhang, J.G. Wang: “A review of quantum collision processes in Debye plasmas” (in: Matter and Radiation at Extremes, vol.1, p. 237, 2016)
Датум на раѓање::30.03.1939
Место на раѓање::Сандански, Бугарија
Членство во МАНУ::Редовен член, 2000
Институции::Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена; Њујоршката академија на науките, САД; Српската медицинска академија на науките.
Област на работа::Електротехнички науки
Ѓорѓи Филиповски (1919-2019)
Биографија
Роден е на 6 мај 1919 година во с. Сорович (Леринско). Основно училиште и гимназија завршил во Битола 1937 година. Од 1937 до 1941 година студирал на Земјоделско шумарскиот факултет (Земјоделски отсек) во Земун. Дипломирал во Софија во 1942 година на Земјоделско шумарскиот факултет. Докторирал на Земјоделскиот факултет во Земун.
Активно учествувал во прогресивното студентско движење пред војната и во НОВ, веднаш по окупацијата. Од 1942 до 1944 година е асистент по Педологија на Земјоделско-шумарскиот факултет во Софија. Од 1945 до 1947 година е шеф на Педолошко-агротехничкиот отсек при Земјоделско-испитателниот интитут во Скопје. Во 1947 година е избран за предавач, 1949 година за доцент, 1954 година за вонреден и 1960 година за редовен професор по предметот Педологија на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје. Од основањето на Факултетот е шеф на Катедрата по педологија и агрохемија. Во учебната 1948/1949 година бил шеф на Земјоделскиот оддел, во 1949–1950 година продекан и во 1955–1956 година декан на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје. Држел предавања на III степен по предметот Мелиоративна педологија во Скопје и бил хонорарен професор на III степен на Земјоделско-шумарскиот факултет во Белград. По катастрофалниот земјотрес во Скопје, во 1963/64 и 1964/65 учебна година бил ректор на Универзитетот во Скопје.
Објавил над 200 научни трудови и 19 монографии во наши и странски списанија. Две монографии му се преведени на англиски јазик во САД. Трудовите му се од повеќе области на педологијата, областа на географијата, генезата и класификацијата на почвите, како и од областа на мелиорациите и ерозијата на почвите. Негово капитално дело е „Почвите на Република Македонија“ во 6 томови во издание на МАНУ. Во 2016 е промовирана напишаната студија од 250 страници во која се објавени резултатите од седумдецениските истражувања на почвите на Република Македонија заедно со Педолошка карта.
Како експерт на ФАО бил во повеќе земји на Југоисточна Европа во врска со составувањето на педолошки карти, a како експерт на нашата земја престојувал во Египет во врска со користењето на водите од Асуанската брана за мелиорација на солените почви. Бил на специјализација, студиски престој или присуствувал на меѓународни и национални конгреси и држел предавања и реферати во повеќе земји: во САД, СССР, Велика Британија, Франција, СР Германија, Австрија, Швајцарија, Чехословачка, Романија, Бугарија, Грција, Турција и Египет.
Парично е награден од Владата на СР Македонија во 1946 година, одликуван е со Орден на трудот од III и II степен, како и со Орден на трудот со црвено знаме. Носител е на републичката награда „11 Октомври“.
Бил член на Меѓународното друштво за проучување на почвите, бил потпретседател и претседател на Југословенското друштво за проучување на почвите во Белград и на неговата Секција во Скопје, член на редакциониот одбор на научното списание „Земљиште и биљка“ (Белград), главен уредник на Годишниот зборник на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, член на Универзитетскиот совет, член на Сојузниот фонд за научна работа и на комисиите на Сојузниот совет за координација на научните дејности, член на Управните одбори за наградите: АВНОЈ – „29 Ноември“ (Белград) и „11 Октомври“ (Скопје), како и член на Републичкиот совет за научна работа и др.
Промовиран е за doctor honoris causa (почесен доктор) на Универзитетот во Брадфорд (Англија). Во 1973 год. е избран за член на Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина.
За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 18 август 1967 година.
Почина на 21.12.2019 година.
Датум на раѓање::06.05.1919
Место на раѓање::с.Сорович
Членство во МАНУ::Редовен член, 1967
Институции::Редовен професор во пензија на Земјоделскиот факултет во Скопје – земјоделски науки (педологија); член на Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина; почесен доктор на Универзитетот во Брадфорд, Англија
Област на работа::Земјоделски науки (педологија)
Иван Катарџиев (1926–2018)
Датум на раѓање:
06.01.1926
Место на раѓање:
с.Плоски
Членство во МАНУ:
Редовен член, 2003
Институции:
Научен советник во пензија во Институтот за национална историја во Скопје
Област на работа:
Историски науки (културно-национално и национално-револуционерно движење на македонскиот народ од почетокот на XIX до крајот на XX век)
Биографија
Акад. Иван Катарџиев е роден на 6 јануари 1926 год. во с. Плоски, околија Сандански во пиринскиот дел на Македонија. Потекнува од семејство на бегалци од егејскиот дел на Македонија кои биле протерани од грчките власти по Првата светска војна. Основното образование го завршил во родното село, а средното во Свети Врач – денес Сандански. Есента 1946 година со група од дваесет средношколци, во согласност со политиката за подготвување на кадри за потребите на очекуваната културна автономија на пиринскиот дел на Македонија, е испратен на студии во Скопје. Се запишал на Катедрата за историја на Филозофскиот факултет.
Во учебната 1948/49 година, Деканатот на Филозофскиот факултет го испратил студиите по историја да ги продолжи на Универзитетот во Загреб и во исто време да го посетува курсот по старословенска филологија на Институтот на ЈАЗУ кај проф. Владимир Мошин.
Бурните настани по Резолуцијата на Информбирото во 1948 год., случувањата во пиринскиот дел на Македонија и бранувањата меѓу студентите Пиринци (околу 150) на Универзитетот во Скопје, влијаеле тој од Загреб да се врати во Скопје. Во 1949/50 година, како студент, бил главен и одговорен редактор на весникот „Пирински глас“.
Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје во пролетта 1951 година, а во учебната 1951/52 год. работел како професор по историја во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје.
На 1 септември 1953 год. бил примен за асистент во Институтот за национална историја во Скопје. Докторирал во јуни 1959 год. на тема „Серската област (1780–1879). Економски, политички и културен преглед“. Во Институтот работел од 1953 до мај 1967 година и бил биран во соодветните звања од асистент до научен советник.
Во учебната 1961/62 година како стипендист на Француската влада престојувал во Париз. Слушал предавања на Сорбона и работел во Архивот на Министерството за надворешни работи на Франција. Од 1967 до пензионирањето во 1987 година бил: член на Извршниот совет на СРМ (1967/69), пратеник во Соборот на народите на Собранието на СФРЈ (1969–1974), директор на Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје (1973/78), советник во Извршниот совет на СРМ (1978/1987), претседател на Матицата на иселениците на Македонија (1987/92), член на Претседателството на Републичката конференција на ССРНМ. Во 80-те години на минатиот век бил претседател на републичката редакција и член на сојузната редакција на весникот „Борба“, како и повеќегодишен колумнист во истиот.
Од 1949 година до денес работи на теми од историјата на македонскиот народ и теми од поширок балкански интерес. Акад. Катарџиев е присутен и во публицистиката. Соработувал во многу дневни весници во поранешна Југославија.
Акад. Катарџиев е автор на над 20 монографии, од кои три се објавени на странски јазици (две на англиски и една на хрватски јазик). Во издание на „Мисла“ (1983) му се објавени одбрани дела под наслов „Борба до победа“ во четири тома. Објавил 9 книги Зборници на документи, соработник е во 4 колективни изданија на документи. Под негова редакција, коментар и предговор објавени се 6 книги спомени и публицистика од кои последната е на Хенри Брејлсфорд под наслов „Македонија, нејзините народи и нејзината иднина“, објавена во Лондон, а во превод на македонски јазик во издание на издавачката куќа, Скопје, во 2001 година. Во издание на „Култура“ му се објавени и делото „Македонија сто години по Илинденското востание“ (2003), како и тротомното издание под наслов „Македонија во XX век “ (2006). Во издание на МАНУ ги објавил монографијата „Македонската емиграција во Бугарија: 1944-1950“ (2008) и двотомното дело за македонскиот национален и културен деец Васил Ивановски во 2014 година.
Акад. Катарџиев е член на редакцијата на тритомната Историја на македонскиот народ, објавена во 1967 год. и автор на текст во втората книга. Член е на редакцијата и автор на кратката верзија на Историјата на македонскиот народ, објавена во 1976 год. на македонски и на неколку странски јазици. Член е на редакцијата на најновото издание на Историјата на македонскиот народ во 5 тома и автор на четвртиот том. Покрај наведените публикации објавил над 200 научни статии, реферати, есеи, фељтони, критики и рецензии во печатените и електронските медиуми во земјата.
За својата активност во областа на историската наука му се доделени следниве награди: „11 Октомври“ (1968); „11 Октомври“ за животно дело (1988); „13 ноември“ (1978); „Гоце Делчев“ за колективен труд (1985), „Гоце Делчев“ за самостоен труд (1987). Добитник е на следниве одликувања: Орден на трудот со златен венец, Орден на трудот со црвено знаме и Орден заслуги за народ со златна ѕвезда.
За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 27 мај 2003 година.
Почина на 1 декември 2018 година.
Блаже Ристовски (1931–2018)
Датум на раѓање:
21.03.1931
Место на раѓање:
с. Гарниково
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1996
Институции:
Институтот за старословенска култура, Прилеп
Област на работа:
Филолошки, книжевноисториски и историски науки
Биографија
Акад. Блаже Ристовски е роден на 21 март 1931 година во с. Гарниково, Кавадаречко. Гимназиското образование го завршува во Кавадарци и во Прилеп (1950). Во 1955 година дипломирал на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје (Група за историја на книжевностите на народите на СФРЈ со македонски јазик).
Со научноистражувачка работа почнува да се занимава по запишувањето на студиите, а првиот истражувачки труд го објавува во тогашниот орган на Катедрата за јужнословенски јазици „Македонскијазик“. Како редовен студент, бил главен уредник на месечното списание „Народно здравје“ и шеф на Отсекот за печат во Институтот за здравствено просветување во Скопје (1953–1955). По отслужувањето на воениот рок и едногодишното професорување во Кавадарци (1956/57), се враќа во Скопје и работи како јазичен редактор на Радио Скопје (1957-1961).
Избран е за лектор за македонски јазик и предавач за македонска литература на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана (1961-1966), а ги води и предавањата по македонски јазик и литература на Педагошката академија во Марибор (1965-1966).
По одбраната на докторската дисертација „Крсте П. Мисирков – животот и делото“ (1965) е избран за директор на Институтот за фолклор во Скопје (1966). Го покренува и го уредува списанието „Македонски олклор“ (1968-1978). Основач е и претседател на биеналниот Меѓународен симпозиум за балканскиот фолклор во Охрид (1968-1978). Организира успешна теренска собирачка дејност на македонските народни умотворби (на македонски и на јазиците на малцинствата), a ja конципира и издавачката дејност на Институтот за фолклор.
Како научен советник, преминува во Институтот за национална историја 1977-1991), каде што го раководи Тимот за културната историја и потоа Балканолошкото одделение. Избран е за прв потпретседател на првата Влада на самостојна Република Македонија (1991–1992), а до пензионирањето е научен советник во Институтот за старословенска култура (1993-1995).
Акад. Блаже Ристовски бил член на редакциите на списанието „Etnologia Slavica“ (Братислава), „Demos“ (Берлин), „Народно стваралаштво – Folklor“ (Белград), „Погледи“, „Современост“, „Гласник“ на ИНИ, „Прилози“ на ОЛЛН на МАНУ (Скопје) и др.
Како истражувач на македонската литературна, јазична и национална историја и на фолклорот во Македонија, има објавено повеќе од 80 книги за развитокот на македонската културно-национална мисла и над 1300 статии и други прилози во разни зборници и списанија во земјата и во странство. Издадени му се „Избрани дела во 10 тома“ (2011-2016), а како главен редактор ја објави и првата национална „Македонска енциклопедија“ (I-II, 2009).
Научностражувачките интереси му се движат во неколку тематски релации и ги зафаќаат спецификите на појавата и развитокот на македонскиот народ и македонската културно-национална мисла до нејзината конечна афирмација; ја проучува историјата на македонскиот писмен и литературен јазик, литературната историја и фолклорот. Монографски ги истражува и ги афирмира културно-националните дејци од XIX и XX век: Крсте П. Мисирков, Димитрија Д. Чуповски, Наце Д. Димов, Ѓорѓијa М. Пулевски, Петар Д. Драганов, Марко К. Цепенков, Кочо Рацин, Никола Ј. Вапцаров, Васил Икономов, Тодор Чопов и др. Во неговите трудови донесува нова документарна фактографија и научна аргументација и со аналитички и критички пристап кон изворите и литературата и претстави на научната јавност низа пројави, настани н процеси и цела плејада заслужнипрофили од македонското културно-национално минато. Коавтор е на пет учебника по историја за основното и средното образование.
Бил претседател на Здружението на фолклористите на Македонија и на Сојузот на здруженијата нафолклористите на Југославија и прв потпретседател на Одборот на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во Охрид (1967); член на Републичката комисија за културни врски со странство, потпретседател на Друштвото на универзитетските наставници и научните работници на СРМ, претседател на Советот на Филозофско-историскиот факултет итн.
Во два наврата бил едносеместрален гостин-професор пo македонски јазик, историјa и цивилизација на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (Сорбона III) во Париз (1986 и 1992).
За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 7 октомври 1988, а за редовен член на 20 јуни 1996 година. Избран е за редовен член и на Академијата на педагошките и општествените науки во Москва (1993).
Добитник е на наградата „11 октомври“ за својата прва книга „Крсте П. Мисирков“ (1966); признание за славистичките истражувања „Пушкин“ од претседателот на Руската Федерација; златен медал за научни истражувања од Националната академија на науките на Украина (2012) и златен медал од ректорот на Харковскиот национален универзитет (2012).
Почина на 28 ноември 2018 година.
Боро Митриќески (1927 – 2018)
Датум на раѓање:
07.01.1927
Место на раѓање:
Прилеп
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1997
Институции:
Област на работа:
Академски скулптор
Биографија
Акад. Боро Митриќески е роден на 10 мај 1927 година во Прилеп. Средно уметничко училиште завршува во Скопје во 1948/49 година. Првите сознанија за вајарството ги добива од професорот Димо Тодоровски. Се запишува на Академијата за ликовни уметносги во Загреб. Своето образование го продолжува кај професорите Грга Антунац и Андрија Крстуловиќ. Во 1954 година дипломира во класата на професорот Вања Радауш. Се враќа во Скопје каде што непрекинато работи и твори. Работи како ликовен педагог, а потоа како слободен уметник. Од 1979 до 1984 година е директор на Уметничката галерија „Даут Пашин амам“ во Скопје, на којашто функција и се пензионирал. Студиски патувања остварил во Франција, Италија, Англија, Грција, Русија, Шпанија, Австрија, САД и Канада.
Акад. Боро Митриќески има организирано голем број на самостојни изложби, главно во Македонија и во бившите југословенски републики, а на групните изложби ја презентирал македонската скулптура во повеќе ликовни центри кај нас и во светот, и тоа Александрија, Белград, Виена и др. Член е на групата Мугри.
Во изминатите 60 години акад. Боро Митриќески има реализирано над 350 дела како фигури, актови, композиции, торза, потоа портрети и скулптури ситна пластика (дрво, мермер и бронза). Особено треба да се нагласат изведените 10 споменика и спомен обележја, од кои ќе ги споменеме: „Железара“, скулптура од метал, Скопје; Споменик „Карпош“, мермер, Кратово; Споменик на НОБ, Делчево; Фонтана „Дојран“, Дојран; Споменик „Кирил и Методиј“, бронза, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје и др.
Акад. Митриќески активно се бави и со таканаречената интимна пластика или скулптура од галериски формат. При своето ликовно искажување користи трајни материјали, како што се бронза, мермер и дрво. Акад. Митриќески своето творештво го насочил во две насоки: едната е големата пластика, а втората интимата, односно пластиката на ентериерот, т.н. скулптура од галериски формат.
Во портретите „Мојата мајка“, „Блаже Конески“, „Лазар Личеноски“, „Петар Мазев” и др. многу успешно го доловува карактерот и психолошкиот израз на личноста, додека приодот во третманот на пластиката во фигурата е постилизиран и упростен, со нагласен лиризам и мекотија, што упорно ја следат структурата на материјалот. Акад. Митриќески се инспирира и со поблиската и подалечната национална историја, и тоа скулптурите и релјефите-портрети на Св. Климент и Св. Кирил и Методиј, потоа портретите на преродбениците, особено портретот и фигурата на Марко Цепенков. Како мотив и трајна инспирација кај авторот се присутни Илинден и НОБ.
Боро Митриќески зазема истакнато место во македонската ликовна уметност како припадник на т.н. средна генерација на македонските сликари и скулптори, генерација што внесе радикални промени во нашето пластично творештво, доближувајќи го него до најзначајните актуелни токови на современото европско и американско скулпторство, тој оствари портрети, камерни лирски форми, релјефи, монументални скулптури и композиции што претставуваат трајна вредност на македонската скулптура во изминатите шест децении.
Боро Митриќески е добитник на новеќе награди и признанија, и тоа: Републичката награда „11 Октомври”, наградата „Нерешки мајстори“ на ДЛУМ и др.
За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 26 јули 1997 година.
Почина на 24 ноември 2018 година,
Милан Ѓурчинов (1928-2018)
Датум на раѓање:
28.07.1928
Место на раѓање:
Белград
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1994
Институции:
Филолошки факултет – Скопје
Област на работа:
филолошки науки
Биографија
Акад. Милан Ѓурчинов е роден на 28 јули 1928 година во Белград. Во 1951 година дипломирал на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград, група за славистика. Во 1959 година соработувал со проф. Антон Оцвирк на Катедрата за компаративна книжевност на Универзитетот во Љубљана. Специјализирал на Универзитетот „Ломоносов“ во Москва и во 1960 година на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје ја одбранил докторската дисертација: „Преломни години во животот и во книжевната работа на А. П. Чехов“.Во учебната 1960/61 година престојувал на Катедрата за компаративна книжевност на Универзитетот Сорбона во Париз, каде што заедно со професор Шарл Дедајан работел врз студијата „А. П. Чехов во Франција“.
Акад. Милан Ѓурчинов бил професор на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методија“ во Скопје од 1953 година, а од 1971 година е редовен професор по предметот Нова руска литература. Бил шеф на Катедрата за славистика, а во 1980 година ја основал Катедрата за компаративна книжевност и бил нејзин раководител. Потоа, бил член на редакцијата на списанието „Разгледи“ и претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата.
Акад. Ѓурчинов активно учествува на меѓународни и домашни конгреси, симпозиуми и други собири, како и на сите семинари за македонски јазик, литература и култура во Охрид. Член е на повеќе општествени и културни асоцијации и редкациски одбори. Акад. Милан Ѓурчинов развива богата и разновидна општествена и културна дејност и спаѓа во онаа група македонски интелектуалци што може да се нарече репрезентативна кога стануа збор за културната афирмација на Македонија. Тој е изразито предуктивен автор. Сите негови трудови можат да се групираат во четири области: 1) книжевно-историски студии, 2) критики, 3) антологии, 4) книжевно-теоретски работи. Книжевно-историските работи се однесуваат пред се на руската книжевност, а централно место заземаат студиите за Чехов, Достоевски и Пастернак. Но, ред други осврти и есеи за одделни руски писатели сведочат за живиот постојан интерес на авторот за руската литература во минатото и денеска и за нејзиното вклучување во македонскиот културен хоризонт.
Сепак акад. Ѓурчинов е, пред сé, критичар. Во таа област пројавува жива и плодна активност, преставувајќи ги тековите на македонската литература и придонесот на одделните автори во неа. Тесно сврзана со критичарската дејност е и неговата дејност како антологичар, со што има даден голем придонес за афирмацијата на македонската литература, бидејќи неговите антологиски избори се издадени на повеќе светски јазици во странство. Од книжевно-историската и критичарската дејност произлегува и интересот на авторот за литературната теорија, на која се посветени повеќе негови трудови.
Акад. Ѓурчинов е најсуптилен македонски литературен критичар, кој со својата широка образованост и култивираност, со своите плуралистички погледи кон творечките појави и со критериум од највисок домен, внесе нов дух во толкувањето на литературното творештво во нашата средина, приближувајќи ја критичката дејност кон европските стандарди.
Член е на повеќе меѓународни тела и асоцијации: на Президиумот на Меѓународниот славистички комитет, на Извршниот совет на Европското друштво за култура (Венеција) и др. Од 2002 година е член на Медитеранската Академија во Неапол, Италија. Акад. Ѓурчинов е член на Македонскиот ПЕН-центар и на Друштвото на писателите на Македонија од 1956 година, а во еден мандат бил и негов претседател.
За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 7 октомври 1988, а за редовен член е избран на 21 април 1994 година.
Матеја Матевски (1929-2018)
Датум на раѓање:
13.03.1929
Место на раѓање:
Истанбул
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1983
Институции:
Редовен професор во пензија на Факултетот за драмски уметности – историја на светската драма и театар; член на Северно-американската академија на шпанскиот јазик – Њујорк; член на Европската академија за наука и уметност во Салцбург; член на Норвешката академија за литература и за слобода на говорот (од 2005 година); почесен член на Албанската академија на науките (од 2006 година); дописен член на Словенечката академија на науките и уметностите (од 2007 година)
Област на работа:
Писател, историја на светската драма и театар
Биографија
Акад. Матеја Матевски е едно од врвните имиња на современата македонска поезија и истакнат поет на европската лирика, литературан и театарски критичар, есеист и преведувач. Роден на 13 март 1929 година во Истанбул, Турција. Годините на детството ги поминува во Гостивар, a активен учесник во НОВ е од 1942 година.
Пo Ослободувањето учи гимназија во Тетово и во Скопје. Студира во Белград и во Скопје, каде што дипломира на Филозофскиот факултет (1956). Подоцна (1962/63) на Институтот за театарски студии во Париз го изучува модерниот француски театар и драма. Работел како новинар, уредник на културните и литературните програми, потоа како главен уредник и директор на Телевизија Скопје и како генерален директор на Радиотелевизија Скопје (1967-1977). Со звање редовен професор (по предметот Историја на светската драма и театар) предавал на Факултетот за драмски уметности по предметот (1975-1985). Ги вршел функциите претседател на Републичката комисија за културни врски со странство (1977- 1986) и член на Претседателството на СРМ (1985-1986). Бил член на Македонската редакција на Енциклопедијата на Југославија (уредник за театар, филм, радио и телевизија).
Акад. Матеја Матевски бил уредник на книжевните списанија „Млада литература“ и „Разгледи“ и на Книгоиздателството „Кочо Рацин“ (1961-1962). Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија, на Македонскиот П.Е.Н. Центар (сега негов почесен претседател), на меѓународните поетски манифестации „Струшки вечери на поезијата“ и „Рацинови средби“, потоа на Македонската книжевна фондација, на Фестивалот „Охридско лето“ и на „Бигорските научно-културни собири“. Исто така, бил основач и претседател на Друштвата за пријателство на Македонија и Франција, Македонија и Норвешка и Македонија и Турција.
Тој е еден од најпознатите македонски поети во светот. Неговите поетски дела се објавени на сите европски јазици, како и на многу од јазиците на другите континенти. Се смета дека со „Дождови“ (1956) ги поставил темелите на македонската модерна поезија, иако во неа се слушаат трајните поетски резонанции на древноста и вечната префигурација на човечката трагедија во опфатот на смислата на човековиот трагичен опстој на земјата и копнежот по целината на постоењето. Збирката „Дождови“ критиката ја прифати и обележа како прв носител на радикални промени во пезијата и како парадигматична книга на македонскиот модернизам на 60-ите и 70-те години. Со неа македонската лирика се отвара за искуствата на современата европска и светска поезија. Тој свој универзален и космополитски карактер со критичка приврзаност и асимилирање на книжевната традиција, неговата поезија го потврдува до денес.
Почнувајќи од 1951 година, акад. Матеја Матевски има објавено 21 збирка поезија, 5 книги литературна и театарска критика и есеистика, десетина избори од сопственото творештво, како и над 60 антологии и книги – препеви на поезија и преводи на драмски и прозни текстови од неколку јазици (шпански, француски, италијански, албански, руски, српски, словенечки). Особено се бројни неговите препеви на шпански и хиспаноамерикански поети. Неговата поезија е објавувана во сите македонски и ексјугословенски антологии и зборници, како и во повеќе европски и светски зборници, антологии и публикации, додека над 40 одделни книги му се објавени на повеќе од 20 јазици.
Акад. М. Матевски е добитник на главните национални награди, меѓу кои, двапати на Наградата на Друштвото на писателите (1956, 2001) и на „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата (СВП) за најдобра поетска книга меѓу два фестивала (1963, 1981), како и на националните награди „11 Октомври“, „Кочо Рацин“, „Климент Охридски“, „Македонско слово“, „Веља кутија“ на Македонските духовни конаци, „Гоцева повелба“, „Книга на годината на Македонската книжевна фондација“, „Книжевно жезло“ на Празникот на липите, како и на Повелбата „Блаже Конески“ на ДПМ за врвни творечки остварувања и трајни белези во македонската, европската и светската литература. За препев на поезија е добитник на наградите „Григор Прличев“ на СВП, „Златно перо“ и „Кирил Пејчиновиќ“.
Акад. Матеја Матевски е добитник на повеќе меѓународни награди: „Горанов вијенац“ (Хрватска), „Блез Сандрар“ (Швајцарија), специјалната награда за литература „Премио медитеранео“ на книжевниот собир во Палермо, „Триесте поезија“ на Фестивалот во Трст и „Премио медитеранео“ на Медитеранската акдемија во Неапол (Италија), „Фернандо Риело“ и „Атлантида“ (Шпанија), „Жупанчичева листина“ (Словенија), „Ергуван“ (Турција), „Златен клуч на Смедерево“ (Србија), наградата на издавачите на Романија „Нирвана“, потоа наградите „Мајкл Мадхусудан“ и „Восхитувачки поет“ (Индија), како и „Јан Смрек“ (Словачка). Добитник е и на меѓународната награда „Златен венец“ на СВП за целокупниот поетски опус (2011).
Носител е, покрај други, на високото национално одликување „Заслуги за Македонија“ и на највисоките француски одликувања „Легија на честа“ и „Уметност и литература“.
Акад. М. Матевски е дописен член на Северноамериканската академија на шпанскиот јазик во Њујорк (2002) и на Словенечката академија на науките и уметностите (2007), потоа член на Европската академија за наука и уметност во Салцбург (2003), Европското друштво за култура во Венеција (2004) и Норвешката академија за литература и слобода на изразувањето (2005), како и почесен член на Албанската академија на науките (2006) и на Институтот „Сесар Ваљехо“ во Трухиљо, Перу (2005). Член е и на Друштвото за наука и уметност во Битола.
За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 14 мај 1979 година, а за редовен член е избран на 21 ноември 1983. Во периодот од 2001 до 2003 бил претседател на Македонската академија на науките и уметностите.
Почина на 6 јуни 2018 година.
Цветан Грозданов (1936-2018)
Датум на раѓање:
05.03.1936
Место на раѓање:
Охрид
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1996
Институции:
Редовен професор во пензија на Филозофскиот факултет во Скопје – историја на уметноста (средновековна и византиска уметност); Странски член на Српската академија на науките и уметностите (од 2003 година); дописен член на Црногорската академија на науките и уметностите (од 2007 година); почесен доктор на Универзитетот „Св. Климент Охридски” во Софија и почесен доктор на Универзитетот „Шевченко” во Киев
Област на работа:
Историја на уметноста (средновековна и византиска уметност)
Биографија
Акад. Цветан Грозданов е роден на 5 март 1936 година во Охрид. Уште како ученик во гимназијата „Климент Охридски“ во Охрид во летните месеци се вклучувал во работата на конзерваторската екипа за чистење на фреските во катедралата „Св. Софија“ во Охрид. Студирал на Филозофскиот факултет во Белград, група историја на уметноста, каде што во 1961 година дипломирал. Неговиот дипломски труд „Новооткриени средновековни портрети во Охрид“ испитната комисија го оценила со најможна висока оцена и го предложила за објавување (Зборник за ликовна уметност, бр. 2, Нови Сад).
По дипломирањето акад. Цветан Грозданов бил на специјализација по средновековна и византиската уметност на Филозофскиот факултет во Белград кај акад. проф. С. Радојчиќ и проф. В. Ј. Ѓуриќ, како стипендист на Владата на СРМ. По отслужувањето на воениот рок работел како кустос во Народниот музеј во Охрид. Тогаш почнува со систематско собирање на документацијата за средновековниот живопис во Македонија и работи врз топографијата на сакралните споменици во југозападна Македонија, особено во Струшко, Дебарско и Преспа.
Во учебната 1966/67 година користел стипендија на француската влада и бил на усовршување по историја на византиската уметност кај проф. А. Грабар во College de France во Париз. Во 1966 година е еден од организаторите на монументалната изложба „Словенската писменост 1050 година од смртта на Климент Охридски“. Во 1969 година е избран за асистент по историја на уметноста на Филозофскиот факултет во Скопје. На факултетот во Белград ја одбранил својата докторска дисертација „Охридското ѕидно сликарство од 14 век“. Во 1980 година е избран за вонреден, а во 1985 година за редовен професор на истиот факултет.
Освен на Филозофскиот факултет во Скопје акад. Грозданов предава средновековна уметност и на Факултетот за ликовна уметност. Имал и повеќе должности и функции во општествените тела од доменот на науката и културата, како и на Универзитетот. Бил министер за култура во првата влада на Република Македонија избрана од плуралистичкото Собрание (1991/92 г.).
Во изминатите три децении акад. Цветан Грозданов исполнува интензивна научноистражувачка работа. Настапува на бројни научни собири во земјата и во странство, неговите трудови се објавувани во научните зборници во Скопје, Белград, Загреб и др. држи предавања за средновековната уметност во повеќе градови во Југославија, на Коларчевиот народен универзитет и Центарот за култура во Белград, центрите за култура во Загреб, Сплит, Мостар, Суботица и др. Со свои предавања настапувал во Париз (УНЕСКО) во Академијата на науки во Прага, на универзитетите во Солун, Истанбул, Рим, Неапол, Софија. На XVIII меѓународен конгрес на византолозите во Москва му е поверено воведно излагање на тркалезната маса „Југословенските светци во православната иконографија“.
Академик Цветан Грозданов е автор на повеќе од 300 библиографски единици објавени на македонски и други јазици во домашни и странски стручни и научни списанија. Тој има откриено повеќе средновековни ансамбли на фрескоживописот на Македонија и има идентификувано повеќе историски личности претставени во старата уметност на Балканот. Во целокупниот опус на акад. Цветан Грозданов е присутен интересот за проникнување во византиско-словенските културни врски, пред се во ликовната уметност, почнувајќи од св. Кирил и Методиј и св. Климент Охридски пa сé до XIX век. Научноистражувачката дејност на акад. Грозданов во најголем дел го опфаќа проучувањето на живописот од средниот (9–14 и подоцниот среден век 15–18) во Македонија и во соседните балкански седишта. Неговата работа во голем дел е заснована врз теренските проучувања што ги вршел во повеќе балкански региони, пред сé во Македонија и Света Гора. Неговите соопштенија секогаш се пропратени со исцрпна научна апаратура и со познавање на најновите резултати за византиската уметност во светот. Хронолошкиот распон на материјата што ја проучува е мошне широк и ги опфаќа спомениците од времето на св. Климент Охридски, Самоиловата држава, Охридската архиепископија до времето на Преродбата. Тематски проучуваната материја опфаќа неколку подрачја. Најголем дел од неговиот опус се однесува на откривањето, идентификувањето и поучувањето на портретите на св. Кирил и Методиј и нивните ученици – св. Климент, св. Наум, св. Горазд, св. Сава, св. Ангелариј (познати како Седмочисленици). Во овој широк тематски блок проф. Грозданов ги проучува и портретите на сите светци кои имаат примарен или основен култ меѓу Македонските Словени се до крајот на 18 век. Посебен дел претставува неговата синтеза на охридскиот фрескоживопоис од 14 век. Не помало значење имаат и неговите откритија на непознати или малку познати споменици на средновековната уметност, како и студии за други споменици од централна и југозападна Македонија.
За својата научна дејност акад. Грозданов има добиено поголем број награди („11 Октомври“, „13 Ноември“ – награда на град Скопје, „13 Ноември“ – награда на гр. Охрид и др.) и одликувања (во 1975 год. по повод одбележувањето на 150 години од формирањето на Матица Српска, доделен му е сребрен медал за неговата соработка во Годишникот – Зборник за ликовни уметности, Нови Сад, потоа Орден „Св. Владимир Велики“ за поучување на ликовните врски меѓу Русија и Македонија од Синодот на Руската православна црква во 1988 год. и Сина лента на VI. конгрес за балканологија и Југоисточна Европа). За монографијата „Свети Наум Охридски”, акад. Цветан Грозданов е добитник на највисоката награда за наука во Република Македонија „Гоце Делчев“ (1996). Друштвото на интелектуалците „Духовни конаци“ на Македонија во 2005 година му ја додели наградата „Велја кутија“ за книгата „Уметноста на Западна Македонија во XIX век“ (2005). Украинската академија на науките, акад. Цветан Грозданов го одликува со признанието „Златна фортуна“. На академик Грозданов, Бугарската академија на науките му го додели највисокото одликување (медал) „Марин Дринов“. Во 2003 година е одликуван со медал на Државниот институт за стратегиски истражувања од Република Турција Во 2005 година е избран за член на Здружението на европските интелектуалци.
Во 2003 год. е избран за странски член на Српската академија на науките и уметностите, а во 2007 год. за дописен член на Црногорската академија на науките и уметностите. Во 2004 год. е промовиран за doctor honoris causa historicae scientiae (почесен доктор на историските науки) на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија, Бугарија и истата година за doctor honoris causa (почесен доктор) на Универзитетот „Тарас Шевченко“ во Киев, Украина.
За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 7 мај 1991 година, а за редовен член е избран на 20 јуни 1996. Во периодот од 2004 до 2007 година бил претседател на Македонската академија на науките и уметности.
Глигор Чемерски (1940-2016)
Датум на раѓање:
9 март 1940
Место на раѓање:
Кавадарци
Членство во МАНУ:
Редовен член, 2012
Институции:
Област на работа:
Сликарство
Биографија
Глигор Чемерски е роден на 9 март 1940 година во Кавадарци.
По завршеното средно образовани во Скопје се запишува на Академијата за ликовни уметности во Белград, каде што дипломира во 1963 година. Потоа, на истата Академија завршува постдипломски студии и се стекнува со звање: магистер на сликарство. Како стипендист на француската влада има студиски престој во Париз во 1969/70 година. Оттогаш реализирал повеќе студиски патувања: во Египет, Грција, Италија, Холандија, Германија, Шведска, САД.
Уште пред да дипломира на Академијата за ликовни уметности ја има својата прва самостојна изложба (со Насо Беќаровски) во Скопје, во 1962 година. Оттогаш до денес има околу четириесет самостојни изложби – во земјата (Скопје, Охрид, Струмица, Струга, Кавадарци, Битола) и во странство (Белград, Будва, Загреб, Александрија, Хаг, Париз, Вашингтон, Вилмингтон, Феетвил). Освен тоа, учествувал на повеќе од осумдесет групни изложби во земјата и во странство (Скопје, Белград, Загреб, Сараево, Љубљана, Дубровник, Пореч, Париз, Рим, Александрија, Истанбул, Софија, Прага, Грац, Букурешт, Москва, Мадрид, Копенхаген, Мексико Сити, Њујорк, Хаг, Даблин, Белфаст, Глазгов, Лондон, Атина) од кои поголем број биле антологиски претставувања на современото југословенско или македонско сликарство. Последниве години Чемерски е еден од постојаните сликари на „Galérie du Fleuve “ во Париз.
Сликите на Глигор Чемерски се застапени во Музејот на со- времената уметност – Скопје, Уметничката галерија Даут-пашин амам, колекцијата на цртежи и графики во НУБ „Св. Климент Охридски“, колекцијата на МАНУ, Музеите на Македонија – Скопје, Музеј- галеријата – Кавадарци, Уметничката галерија – Штип, Музејот на современа уметност – Белград, интернационалната колекција на музејот „Св. Кирил и Методиј“ – Софија, Музејот на уметноста во Феетвил во САД, во колекцијата на Ватикан, како и во многубројни приватни колекции во Скопје, Париз, Амстердам, Хаг, Стокхолм, Рим, Њујорк, Вашингтон, Вилмингтон, Феетвил и др.
Особено значаен дел од творепггвото на Глигор Чемерски претставуваат неговите монументални споменици. Во осовременета техника на фреско-сликарството реализирана е неговата голема ѕидна слика „Топла земја“ во Стопанска банка во Скопје (1971), додека во техника на мозаик се изведени споменичните комплекси во отворен простор: „Човекот и светлината“ во ХЕЦ „Вруток“ кај Гостивар (1975/76), 75 м2; „Раѓање на културата“ во Кавадарци (1976), 9 м2; „На тиквешките танчарки“ во Кавадарци (1977), 24 м2; „Писма и пораки“ во Кавадарци (1981), 12 м2; и „Споменик на слободата“ во Кочани (1981). Овој последен споменик содржи во себе 330 м2 мозаична површина што претставува, несомнено, еден од најголемите потфати од овој вид во европски размери.
Својата богата ерудиција од областа на историјата на уметноста и од историјата на цивилизациите воопшто, Глигор Чемерски ја изразил во низа есеистички текстови што ги објавувал во нашата периодика почнувајќи од 1957 година. Во овие негови текстови е мошне забележлива моќта за синтеза на знаења од повеќе области. како и умеењето на вечните прашања на уметноста да им се пристапи од еден личен, оригинален аспект. Чемерски е, несомнено, нашиот најобразован ликовен творец, и еден од ретките кои ја имаат способноста низ пишуваниот збор да ја изразат својата ликовна поетика.
Како резултат на неговата љубопитност за повеќе форми на изразување е и неговото ангажирање во областа на театарот. Чемерски реализирал неколку театарски претстави во вид на целосна ликовна поставка – од сценографија, преку костимографија, до плакат.
Но, неговата суштествена вокација е, без сомнение, сликарството. За резултатите постигнати во оваа за него доминантна и средишна по значење област Чемерски добил повеќе значајни награди и признанија. Почнувајќи од Првата награда за цртеж на Академијата за ликовни уметности во Белград (1960) и наградите што се редат во студентските денови, преку наградите на ДЛУМ „Нерешки мајстори” за сликарство (1978); „Климент Охридски“ за цртеж (1979); „Климент Охридски“ за графика (1980); „Никола Мартиноски“ за цртеж (1991 наградата „Гран при“ на изложбата „Зимски салон“ (1994) до највисоките награди „13 Ноември“ (1990) и „11 Октомври“ (1975).
Избран е за член на Македонската академија на науките и уметностите во Одделението за уметност во 2012 година.
Починал на 2 април 2016 година.
Томе Серафимовски (1935-2016)
Датум на раѓање:
14.07.1935
Место на раѓање:
с. Зубовце, Гостиварско
Членство во МАНУ:
Дописен член, 1988
Институции:
Основач е на фондацијата “Ликовни уметици за Ѓуре Јакшиќ”
Област на работа:
Ликовна уметност
Биографија
Томе Серафимовски е роден 14 јули 1935 година во с. Зубовце, Гостиварско. Основното образование го изучува на албански јазик за време на окупацијата во Втората светска војна, а по ослободувањето продложува со школување на мајчин јазик во гостиварската гимназија. Во 1953 година се запишува во Уметничкото училиште во Сплит, каде под раководство на професорите Марин Студин,, Иван Мирновиќ и др. ги стекнува првите професионални знаења. Едновремено 3 години поминува на работа како сликар-сценограф во Народното казалиште во Сплит. Подоцна своето школување го продолжува на Академијата за ликовна уметност во Загреб на која дипломира во 1963 година, во класата на професорот Антун Аугустинчиќ. Меѓувреме една година проведува како соработник во мајсторската работилница на својот професор. Од есента 1963 година па до зимата 1965 година работи како професор во гимназијата во Гостивар, а во јануари 1966 година како стипендист на Француската влада заминува на студиски престој во Париз.
Повеќегодишниот престој во Париз остава видливи траги врз творештвото на Серафимовски. За врема на својот престој Серафимовски како соработник на Алција Пеналба учествува во реализација на повеќе скулптури на оваа скулпторка, а во меѓувреме (во 1967 година) организира и своја самостојна изложба во изложбениот салор – Галерија на Бд. Делесер 1. По враќањето од Париз, при крајот на 1969 година, некое време работи како сценограф во Телевизија Скопје. Од почетокот на 1970 година па се до 1987 година работи во родниот град како директор на Бигорските научно-културни средби и на Домот на културата. Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија од 1962 година.
Во творештвото на Томе Серафимовски забележителна е концентрацијата врз неколку тематски определби: поблиското и подалечното минато од македонската историја, вклучувајќи ги пообемно македонската духовна преродба и НОБ и интимната пластика на неговото живеење и комуникации. Настојува мошне пластично да ги прикаже најзначајните личности и настани од македонската историја, а во последните години работи врз културната историја на Македонија од 9 век се до денеска, на тој начин актуелизирајќи го нејзиниот мит и стварност. Со иста силина се појавува неговиот афинитет за порттретирање на личности кои играле посебна и важна улога во историјата на светот низ вековите се до денеска.
Томе Серафимовски создал во траен материјал околу 180 скулптури, скици, фигури, портрети, спомен-обележја, како и 10 споменика (од повеќе теми) кои се наоѓаат низ цела Југославија. Во своето тидецениско творештво имал повеќе од 20 самостојни изложби во земјата и во странство. Неговите дела се наоѓаат во повеќе галерии, музеи и приватни збирки во земјата и во странство. Основач е на фондацијата “Ликовни уметици за Ѓуре Јакшиќ”. Носител е на бројни награди.
За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 7 октомври 1988 година.
Починал на 3 март 2016 година.
Томе Бошевски (1937-2015)
Датум на раѓање:
8 октомври 1937
Место на раѓање:
Битола
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1994
Институции:
„Борис Кидрич“ во Винча; Електро-техничкиот факултет во Скопје
Област на работа:
Електротехника
Биографија
Академик Томе Бошевски е роден на 8 октомври 1937 година во Битола, каде завршил гимназија. Дипломирал на отсекот за техничка физика на Електро-техничкиот факултет во Белград во 1961 година. Постдипломските студии ги завршил во 1965 година на Природно-математичкиот факултет во Белград, а докторската дисертација ја одбранил на Електро-техничкиот факултет во Белград во 1972 година.
Од дипломирањето до 1974 година работел во Институтот „Борис Кидрич“ во Винча. Во 1974 година е избран за вонреден, а во 1979 година за редовен професор на Електро-техничкиот факултет во Скопје, а три мандати бил и декан на Факултетот.
Неговата истражувачка дејност опфаќа повеќе области на електротехниката: развој и усовршување на методите за експериментално определување на нуклеарните перформанси на тешководните реакторски решетки и проучување на неутронскиот флукс во клетката на нуклеарниот реактор; развој и усовршување на методите за пресметка на физичките параметри на тешководните реактори со уранско гориво, рециклација на плутониумот, прегрејување на пареата во BHWR–реакторите, израмнување на неутронскиот флукс во активната зона на PHWR –реакторите и др.
Значаен е и неговиот придонес во решавањето на актуелните проблеми на енергетиката во Република Македонија, како што се: топлинското оптоварување на животната средина од постојни и предвидени извори на електрична енергија (како и квантификацијата на други штетни влијанија што произлегуваат од работата на тие извори), избор на локации за големи електро-енергетски извори, долгорочно и краткорочно планирање на работата на централите во електро-енергетскиот систем и др.
Академик Бошевски има објавено поголем број научни трудови и остварил учество на повеќе домашни и меѓународни конгреси и симпозиуми.
За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран во 1988 година, а за редовен член во 1994 година.
Починал на 31 октомври 2015 година.
Илија Васков (1934-2014)
Датум на раѓање:
21 октомври 1934
Место на раѓање:
Велес
Членство во МАНУ:
Редовен член, 2000
Институции:
Област на работа:
Биографија
Илија Васков е роден на 21 октомври 1934 година во Велес. На Стоматолошкиот факултет во Белград дипломирал (1959) како еден од најдобрите студенти во генерацијата. Подоцна (1966) завршил и медицински студии.
За асистент по предметот максилофацијална хирургија на Стоматолошкиот факултет во Скопје бил избран во 1961 година. Специјалистичкиот испит го положил во 1969 година и e прв специјалист од оваа област во нашата Република. Васков престојувал подолго време на специјализација и усовршување надвор од земјата: осум месеци на Клиниката во Љубљана кај акад. проф. д-р Челешик, исто толку време има поминато во Берлин на Клиниката на познатиот проф. Штелмах, потоа кај проф. Обгевезер во Цирих и кај проф. Френкел во Франкфурт. Подоцна имал покуси престои кај овие реномирани професори.
Проф. Васков бил избран за предавач на Факултетот во Скопје (1965), хабилитирал на тема „Терапија на долновиличните фрактури“ (1971). Следната година бил избран за доцент, а за вонреден професор во 1977 година. Докторирал во 1981 година на Воено-медицинската академија во Белград на тема „Вредностите на компресионите остеосинтези“. Редовен професор e од 1982 година.
Повеќе од 25 години бил директор на Клиниката за максилофацијална хирургија. Во меѓувреме бил и директор на Универзитетскиот центар за медицински науки при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.
Проф. Васков e основоположник на современата максилофацијална хирургија кај нас и има голем придонес за нејзиниот развој и афирмација. Перманентно e присутен во сите важни научно-стручни настани во својата комплексна медицинско-стоматолошка област и успешно ги применува најновите светски достигања во оваа дисциплина. Ja воведува и развива до највисоко ниво реконструктивната функционална хирургија на бројните конгенитални и други малформации и деформитети во анатомски сложената максилофацијална регија.
Истовремено ja разработува и збогатува хирургијата на туморите на главата и вратот, како и трауматологијата на ова комплицирано подрачје, посебно од функционален и естетски аспект. Постигнатите хируршки резултати се извонредно добри и не заостануваат во однос на оние во другите развиени центри надвор од земјата.
Покрај редовните контакти со водечките странски центри од неговата струка, проф. Васков има соработка и со сродните и блиски хируршки гранки на Медицинскиот факултет во Скопје: оториноларинголошката, неврохируршката, пластичната хирургија, трауматологијата и други, при што учествувал на заеднички научни проекти и собири.
Своето богато клиничко искуство проф. Васков го има презентирано во повеќе од 120 научни и стручни труда објавени во земјата и во странство. Учествувал на бројни домашни и меѓународни научни собири во Скопје, Охрид, Белград, Љубљана, Атина, Берлин, Цирих, Франк-фурт, како и во Малезија, Турција, Јапонија, Вашингтон, Хелсинки и други, на тој начин придонесувајќи за расветлување и разрешување на некои клучни проблеми од својата област.
Покрај бројните публикации. Васков е автор и на повеќе монографии: „Трауматологија во максилофацијалната регија“, „Остеосинтезата во максилофацијалната хирургија“, „Хируршки третман на хејлогнатопалатосхизит“, Атлас по максилофацијална патологија и хирургија, Рендге-нолошки атлас на болестите на максилофацијалната регија и др.
Како афирмиран стручњак и научник, тој е добитник на наградата „11 Октомври“ за животно дело, наградата на Град Скопје „13 Ноември“, наградата „7 Април“ за севкупниот придонес за унапредување на медицинската наука и здравството во Република Македонија и градот Скопје, како и наградата „Гоце Делчев“.
Проф. Васков е редовен член на Европската асоцијација за максилофацијална хирургија веќе подолго време.
Починал на 11 декември 2014.
Благој Попов (1923-2014)
Датум на раѓање:
17 јануари 1923
Место на раѓање:
Кочани
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1967
Институции:
Област на работа:
Биографија
Академик Благој С. Попов е роден на 1 7 јануари 1923 година во Кочани. Основното училиште завршил во родниот град, а гимназија во Штип. Во 1940 година се запишал на Техничкиот факултет – Електромашински отсек на Белградскиот универзитет, но поради Втората светска војна, преминал на Физикоматематичкиот факултет на Софискиот универзитет на Групата за математика. Студиите повторно ги прекинал во 1944 година поради заминување во НОВ на Македонија, каде што останал до ноември 1945 година кога ги продолжил студиите. Дипломирал во јуни 1946 година на Групата за математика на Филозофскиот факултет во Белград, а студирал и на Електротехничкиот факултет во Белград.
Во јануари 1948 година се вработил на новоформираниот Филозофски факултет во Скопје како асистент по математика.Во 1952 година го положил докторскиот испит на тема „Формирање критериуми за интеграбилност на линеарните диференцијални равенки чии коефициенти имаат однапред дадени облици“ и станал прв доктор на науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во 1950 година бил избран за шеф на Катедрата за математика и на Математичкиот институт и со нив раководи до 1973 година. Од 1953 до 1955 година бил продекан на Филозофскиот факултет.
Бил прв декан на ПМФ (избран во 1956 година), а преизбиран е во 1963 година. Во 1976/77 година е декан на Математичкиот факултет, а од 1985 до 1987 година е декан на повторно формираниот Природно-математички факултет.
Од 1967 до 1969 година бил ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во 1967 година е избран меѓу првите 14 члена на Македонската академија на науките и уметностите.
Научниот опус на Благој Попов опфаќа голем број значајни достигнувања не само за македонската наука, врамени во повеќе од 80-ина научни труда од областите: функции од комплексна променлива и алгебарско сметање, а особено и примарно во полето на диференцијал-ните равенки и специјалните функции што произлегуваат од нив. Истражувал равенки од областа на балистика, хипергеометрија, ортогонални полиноми и многу други.
Во Македонската академија на науките и уметностите извршувал високи функции, од 1976 до 1979 година бил секретар, од 1980 до 1983 година бил потпретседател, а од 1985 до 1991 година секретар на Одделението за природно-математички и технички науки.
Академик Благој Попов беше член на Меѓународната астрономска академија во Париз и член на Њујоршката академија на науките. Научната активност му е во областа на диференцијалните равенки и специјалните функции, неговите научни трудови се публикувани во домашни и во рено-мирани странски списанија, а учесник е и на бројни меѓународни конгреси на математичари. Има големи заслуги за формирањето на математичкиот кадар и за развојот на математичките науки во Република Македонија.
Носител е на републичката награда „11 Октомври“.
Починал на 30 октомври 2014 година.
Петар Хр. Илиевски (1920-2013)
Датум на раѓање:
2 јули 1920
Место на раѓање:
с. Горно Бигор Доленци
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1983
Институции:
Филозофскиот факултет во Скопје
Област на работа:
Старогрчкиот и латинскиот јазик, микенологијата, славистиката (македонстиката) и балканистиката.
Биографија
Академик Петар Хр. Илиевски е роден 1920 година во с. Бигор Доленци, Кичево. Основно училиште завршил во родното место, а православна богословија во Битола. Потоа студирал православна богословија во Софија и дипломирал во 1946 г. Како студент бил вклучен во НО движење од 1942 г., а во НОВ од 1944 г.
По ослободувањето работел како професор во средните училишта, а од 1952 г. студирал класична филологија на Филозофскиот факултет во Скопје и во 1956 г. дипломирал по што е избран за асистент на Катедрата за класична филологиј. Понатаму работи како професор до пензионирањето. Во текот на 1957/8 академска година бил на специјализација во Кембриџ, Велика Британија каде што работел на својата докторска дисертација која подоцна ја одбранил на Универзитетот во Скопје.
Неговиот општествен ангажман е импресивен. Тој го организирал Друштвото за класични студии на поранешна Југославија, а потоа и два научни конгреса. Организатор е и на VII Меѓународен микенолошки колоквиум во 1985 и на два меѓународни научни собира за Светите Климент и Наум како и на дуги меѓународни научни средби. Истовремено, тој уште како студент се ангажира во работата на меѓународното списание Жива Антика, а потоа долги години е негов одговорен уредник.
На творечки научен план Илиевски постигнал завидни резултати и меѓународно признание во неколку сродни области.
Со својата докторска дисертација под наслов Аблативот, инструменталот и локативот во најстарите грчки текстови тој прави меѓународен пробив во микенологијата. Потоа следат низа статии од оваа област презентирани на еминентни научни собири и објавени во светски научни списанија. Меѓу пообемните дела се издвојува книгата Животот на Микенците во нивните писмени сведоштва која претставува синтеза на неговите дотогашни научни истражувања.
Како класичен филолог, Илиевски посветува внимание на крупни теми од античката книжевност и култура, а посебно ја истражува метриката во хомерската епска поезија како и преводните можности на македонскиот јазик. Тука се издвојува книгата За античката просодија во македонски препев.
Во т. н. балканолошки студии тој остварува необична синтеза која произлегува од неговото широко образование. Меѓу големиот број трудови објавени дома и во странство, се истакнуваат оние што се посветени на истражувањето на јазиците на Балканот како дијахроно така и синхроно. Централно место имаат прилозите за македонскиот јазик каде што се остварени врвни резултати со трајно значење.
Посебна вредност во научниот опус на Илиевски има истражувањето на македонскиот јазик низ вековите што е објавено во бројни статии и неколку книги. Во овој контекст, капитални се делата Крнински дамаскин и Традиција и иновации во македонските црковнословенски книжевни споменици од Турскиот период. Кон ова се придружуваат и трудовите со фундаментално значење, посветени на кирилометодиевската традиција од кои дел се објавени во книгата Светила незаодни. Словенските првоучители и нивните ученици, како и неговото учество на првиот македонски превод на Евангелието.
За своето научно дело Илиевски ги добил највисоките државни признанија и награди, а меѓу нив и двапати наградата „11 Октомври“. Член на МАНУ станува во 1979 година.
Ташко Георгиевски (1935-2012)
Датум на раѓање:
15 март 1935
Место на раѓање:
с. Кронцелово
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1988
Институции:
Новинар во “Млад борец”; Уредник во списанието “Современост” и Телевизија Скопје; Главен и одговорен уредник на Издавачката организација “Македонска книга”
Област на работа:
Творештво
Биографија
Ташко Георгиевски е роден на на 15 март 1935 година во село Кронцелево близу Воден, во Егејска Македонија. Своето прекинато и уништено детство, во виорот на граѓанската војна и монархофашистичкото беснеење во Грција, заедно со илјадници македонски деца и со нивните семејства, го продолжува во бегство и емиграција. Од 1946 година живее во Југославија.
Завршува гимназија и студира на Филозофскиот факултет во Скопје.
Со литература почнува да се занимава во педесеттите години, соработувајќи со литературни творби во македонските весници и списанија. Во 1957 година, на 23 годишна возраст, ја објавува својата прва книга, расказите “Ние зад насипот”, со која ќе го сврти вниманието на литаратурната јавност и со која ќе си го пробие патот кон првите антологии на современата македонска проза. Продолжувајќи ја својата плодна творечка дејност и постојано потврдувајќи ја својата белетристичка дарба воновите книги, тој ќе објави цела серија романи: “Луѓе и волци” – 1960, “Ѕидови” – 1962, “Црно семе’ – 1966, “Змиски ветер” – 1969, “Цвениот кољ” – 1975, “Време и молчење” – 1979, “Рамна земја” – 1981, како и збирките раскази “Суви ветрови” – 1964 и “Куќа под Калето” – 1978 (избор од претходните книги на раскази и дополнети со нови раскази). Својот белетристички опус Ташко Георгиевски го заокружува со пишување драмски текстови (радиодрами и телевизиски драми) и филмски сценарија (екранизација на раоманите “Црно семе” и “Црвениот кон”).
Ташко Георгиевски работел како новинар во “Млад борец” и како уредник во списанието “Современост” и Телевизија Скопје, Издавачката органиација “Мисла”, главен и одговорен уредник на Издавачката организација “Македонска книга”.
Ташко Георгиевски соработува во македонската литературна периодика и спаѓа во најпреведуваните македонски автори во земјата и во странство. Неговите романи досега се преведувани на српскохрватски, словенечки, германски, украински, унгарски, а неговите раскази се застапени во бројни антологии во земјата и во странство.
За своето литературно творештво Ташко Георгиевски е носител на повеќе награди, меѓу кои: “11 Октомври” – 1962 година, “Рациново признание” – 1978 година, “Стале Попов” – 1975 година, “Кочо Рацин” – 1957 и 1975 година, “13 Ноември – 1965 година.
За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 21 ноември 1983 година.
Починал на 11 април 2012 година.
Ристо Лозановски (1925-2011)
Датум на раѓање:
3 април 1925
Место на раѓање:
Битола
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1996
Институции:
Редовен професор на Земјоделско-шумарски факултет во Скопје
Област на работа:
Обаботка на почвата, вегетација, биологија и екологија на плевелите, примена на хемиски средства (хербициди) во борбата против плевелите; ѓубрење и агротехника, агроеколошки проблеми во врска со продуктивните потенцијали што ги овозможуваат определени агроеколошки (агроклиматски и др.) фактори
Биографија
Ристо Лозановски е роден на 3 април 1925 година во Битола, каде што завршил гимназија. Студирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Земун, а по отворањето на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје ги продолжил студиите на овој факултет. Дипломирал во 1950 година. Во 1962 година ја одбранил докторската дисертација “Плевелна вегетација по органичарските површини во Пелагонија и нејзиното земјоделско значење”. Веднаш по дипломирањето 1951 година бил задржан на тогашниот Земјоделско-шумарски факултет во Скопје, прво како асистент, подоцна доцент и вонреден професор, а од 1971 година е редовен професор на денешниот Земјоделски факултет во Скопје.
Д-р Ристо Лозновски има развиено голема активност во научноистражувачката работа. Раководел со пет покрупни научно-истражувачки проекти (компетициски односи меѓу плевелите и некои нивски култури, влијание на агротехничките мерки и хербицидите врз биоценолошките промени во агроекосистмит, реонирање вобрдско-планински подрачја врз основа на агроеколошките фактори, проучување на нови техничко-технолошки решенија за одгледување на втори култури во СРМ и сл. ).
Тематиката што ја обработува во својата научно-истражувачка дејност опфаша научни подрачја што не се покриени со други истражувачи во Републиката, а се од значење за натамошен развој на земјоделството и за добивање нови современи техничко-технолошки решенија. Потесните научни подрачја во кои д-р Ристо Лозановски ја исполнува својата научноистражувачка дејност се: обаботка на почвата, вегетација, биологија и екологија на плевелите, примена на хемиски средства (хербициди) во борбата против плевелите; ѓубрење и агротехника, агроеколошки проблеми во врска со продуктивните потенцијали што ги овозможуваат определени агроеколошки (агроклиматски и др.) фактори.
Д-р Ристо Лозановски спаѓа меѓу најактивните научни и наставни работници кои своите научни сознанија и стручни искуства ги пренесуваат во поизодната практика. Неговата стручна дејност се манифестира нив повеќе форми: објавување на стручни трудови, активно учество на стручни советувања, конгреси и симпоиуми, изработка на елаборати и програми, како и директна соработка со организациите на здружениот труд. Посебно е ангажиран во борбата против плевелите, во која област се вбројува меѓу најеминентните стручњаци во Југославија.
За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 7 октомври 1988 година.
Починал на 22 октомври 2011 година.
Георги Ефремов (1932-2011)
Датум на раѓање:
8 декември 1932
Место на раѓање:
Кратово
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1983
Институции:
Земјоделскиот факултет во Скопје; Медицинскиот факултет во Аугуста, Џорџија, САД; Клиниката за детски болести на Медицинскиот факултет во Скопје; министер за наука во првата Влада на РМ, претседател на МАНУ и амбасадор на Република Македонија во Народна Република Кина.
Област на работа:
Физиологија, Биохемија, Генетско инженерство
Биографија
Академик Георги Ефремов е роден во Кратово на 8 декември 1932 година. Во 1956 година дипломирал на Ветеринарниот факултет во Загреб. По дипломирањето е избран за асистент на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје. Во 1963 година докторирал на Ветеринарниот факултет во Белград. Постдокторските студии ги остварува на Клиниката за интерна медицина при Ветеринарниот факултет во Осло, Норвешка, и на Институтот за биохемија при Медицинскиот факултет во Аугуста, Џорџија, САД.
Во 1967 година е избран за доцент по биохемија на Земјоделскиот факултет во Скопје, во 1973 година за вонреден професор и во 1980 година за редовен професор. Во 1995 година е избран и за редовен професор по физиологија на Земјоделскиот факултет во Скопје. Од 1978 до 1979 година е редовен професор по биохемија на Медицинскиот факултет во Аугуста, Џорџија, САД, и помошник директор на Центарот за анемија на српестите клетки при Факултетот. Од 1965 до 1980 година е научен консултант при Клиниката за детски болести на Медицинскиот факултет во Скопје.
За дописен член на МАНУ е избран во 1979, а за редовен член во 1983 година. Академик Ефремов е иницијатор, основач и раководител на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија при МАНУ од 1987 година. Основач е и раководител и на Националната, а потоа на Меѓународната референтна лабораторија за хемоглобинопатии.
Бил министер за наука во првата Влада на РМ, претседател на МАНУ и амбасадор на Република Македонија во Народна Република Кина.
Потоа е редовен професор на Интердисциплинарните постдипломски студии по молекуларна биологија и генетско инженерство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Бил визитинг-професор на повеќе универзитети во САД, Куба, Либија и во Кувајт. Држел настава на постдипломски студии по молекуларна биологија и хематологија на универзитетите во Скопје, Белград, Нови Сад и во Загреб. Во неговата лабораторија на студиски престои, специјализација, усовршување или изработка на магистерски и докторски трудови престојувале повеќе од 70 стручни и научни работници од Македонија и од странство.
Раководел со 30-тина научноистражувачки проекти финансирани, главно, од странски владини институции. По покана одржал бројни воведни предавања на меѓународни и национални собири. Организирал повеќе од десет меѓународни научни собири. Автор е на повеќе од 500 научни трудови, од кои повеќе од 280 се објавени во меѓународни научни списанија и е најмногу цитиран научник од РМ.
Академик Ефремов беше член на Њујоршката академија на науките, на Бугарската академија за медицински науки, на Европската академија на науките и уметностите, на Светската академија на науките и уметностите, на Медитеранската академија на науките и уметностите, на Американското друштво за унапредување на науките, на Федерацијата на Европските биохемиски друштва, на Меѓународното друштво за хематологија, на Американското друштво за хематологија, на Меѓународното друштво за судска медицина, на Американското друштво за клиничка биохемија и член на Македонското лекарско друштво. Го уредуваше меѓународното списание Balkan Journal of Medical Genetics, а беше и помошник главен уредник на меѓународното списание „Хемоглобин“ и член на уредувачки одбор на повеќе други меѓународни научни списанија.
Починал на 6 мај 2011 година.
Евгени Димитров (1919-2010)
Датум на раѓање:
1 јануари 1919
Место на раѓање:
Плевен
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1981
Институции:
Област на работа:
Биографија
Академик Димитров е роден на 1 јануари 1919 година во Плевен, НР Бугарија. Основно училиште и гимназија завршил во Велес, а матурирал во Скопје. Две години студирал на Правниот факултет во Белград, а потоа во Скопје, каде што и дипломирал.
По дипломирањето, од 1942 до 1943 година, бил адвокатски приправник во Скопје. Во тоа време учествувал во илегалното Народноослободително движење, а во септември 1944 година стапил во НОВ на Југославија. Од средината на ноември 1944 година бил на работа во Одделението за заштита на народот на Македонија, а во август 1946 година во Министерството за надворешни работи на ФНРЈ. Од октомври 1945 до април 1946 година бил прв секретар на Посланството на ФНРЈ во Атина. Оттогаш до 1951 година бил началник на Правното одделение при Министерството за внатрешни работи на НР Македонија.
Во 1951 година е именуван за член на Матичната комисија за формирање на Правно-економскиот факултет во Скопје и истата година е избран за наставник по уставно право во звањето предавач. Во 1954 година бил избран за доцент на Правниот факултет. Во 1962 година хабилитирал и бил избран за вонреден професор, а од јуни 1967 година за редовен професор на истиот факултет. Во 1957/58 година бил продекан, а во учебната 1963/64 и 1964/65 бил декан на Правниот факултет.
За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 26 декември 1974 година, а за редовен член на 23 ноември 1981 година.
Починал на 13 декември 2010 година.
Никола Узунов (1930-2010)
Датум на раѓање:
12 август 1930
Место на раѓање:
с. Емборе
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1986
Институции:
Редовен професор на Економскиот факултет во Скопје
Област на работа:
Економика
Биографија
Проф. д-р Никола Узунов е роден во 1930 година во с. Емборе, Егејска Македонија. Во 1954 година дипломира на Економскиот факултгет во Загреб. По дипломирањето е избран за асистент на Економскиот факултет во Скопје по предметот Економика на индустријата. Во октомври 1959 година одбранува докторска дисертација на Економскиот факултет во Белград, на тема “Индустријализацијата на НР Македонија и нејзиниот народен доход”. Од 1960 го 1966 година, како доцент, го предава предметот Економика на СФРЈ на Економскиот факултет во Скопје, а од 1960 година до 1964 година го предава и предметот Економска политика на СФРЈ на Правниот факултет во Скопје. Во 1966 година е избран во звањето вонреден професор, а во 1972 година редовен професор по предметот Економика на СФРЈ на Економскиот факултет во Скопје. Од 1967 до 1971 година проф. д-р Узунов е член на Извршниот совет на СРМ и е ангажиран во подготвувањето и донесувањето на одлуки од областа на економската политика, а посебно по прашањето на ивестициите, врааботувањето, девизниот и надворешно-трговскиот систем, цените, електростопанството, модернизацијата на стопанството, регионалниот развиток, финансирањето на образованието и сл. Во времето до 1972 до 1974 година тој го раководи Одделението за научноистражувачката работа на Економскиот факултет во Скопје, а од 1973 до 1975 година е делегат на Југославија во Меѓународната група за полтика во областа на општествените науки про ОЕЦД . Во учебната 1975/1976 година е визитинг-професор на Калифорнискиот универзитет во градот Чико, САД. Од 1977 година на Економскиот факултет во Скопје го предава и предметот Современи економски системи. Во учебната 1977/78 година е декан на Економскиот факултет во Скопје.
Научната тематика што ја обработува проф. д-р Узунов е богата и разновидна. Тој ги испитува економските аспекти на индустријализацијата на СР Македонија, структурните проблеми во индустрискиот развој, регионалниот економски развој со посебен интерес за стопански центри, економски региони и стопански планови на развојот. Посебна тематика на неговите истражувања претставуваат невработеноста и мерките за поголемо вработување. Со овој
проблем го поврзува и прашањето на миграциите на населението, особено од село в град. Стопанскиот систем и економската политика на СФРЈ, навлегува во компаративна анализа на економските системи што постајат денес во светот, како и примената на методи за апликативна научна анализа врз претходни теоретски сознанија се, исто така, подрачја на неговите научни истражувања.
Од околу 70-те научни трудови на проф. д-р Никола Узунов, посебно внимание побудуваат трудовите: “Индустриските центри и реони во СР Македонија”, “Центри (половите) на развојот во СР Македоднија”, “Применета економија на СФР Југославија”, “Емпириска анализа за влијанието на економските, социјалните и демографските фактори врз миграцијата од село в град во СР Македонија”, “Економските проблеми на неразвиените земји”, и “Индустријализацијата на НР Македонија и нејзиниот народен доход”.
Проф. д-р Никола Узунов е одликуван со Орден на трудот со златен венец и со Орден заслуги за народ со сребрени зраци. Член на СКОЈ е од 1947, а член на СКЈ од 1950 година.
За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 14 мај 1979 година.
Починал на 2 ноември 2010 година.
Крум Томовски (1924-2010)
Датум на раѓање:
21 декември 1924
Место на раѓање:
Скопје
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1979
Институции:
Област на работа:
Биографија
Академик Крум Томовски е роден на 21 декември 1924 година во Скопје. Гимназија завршил во Скопје, а дипломирал во 1952 година на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград. Веднаш по дипломирањето бил избран за асистент на Техничкиот факултет во Скопје. Во 1958 година е избран за доцент по предметот развој на архитектурата, во 1965 за вонреден професор, а во 1971 година е избран за редовен професор на Архитектонскиот факултет.
Бил декан на Факултетот (1977/1978), шеф на Архитектонскиот оддел, а од 1970 година шеф на Катедрата за архитектура и проректор на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје (1978 – 1982). Основач е и прв директор на Заводот за заштита на спомениците на град Скопје (1963 – 1965). Бил претседател на Собранието на Републичката заедница за култура (1986 – 1991) и претседател на Архитектонската академија на ААМ од нејзиното основање во 1997 па се до 2000 година.
Во научноистражувачката работа целосно се ориентирал на проучувањето на архитектурата во Македонија, односно својата активност ја концентрирал на проучувањето на средновековната и исламската архитектура, на народната архитектура и на цели урбанистички целини. Ги проучувал и мајсторите градители. Ја проучувал и архитектурата на другите балкански народи, задржувајќи се посебно на градбите на македонските мајстори и на нивниот придонес во развојот на архитектурата во текот на 18 и 19 век. Бил активен и како архитект-конзерватор.
Напишал голем број студии и статии отпечатени во стручни списанија и во дневниот печат (повеќе од 250 единици), објавени во земјата и во странство (Италија, Романија, ЧССР и др.)
Учествувал во редакции на повеќе публикации. Бил член и одговорен уредник на Годишниот зборник на Техничкиот, односно подоцна на Архитектонско-градежниот факултет, член на редакцијата на публикациите на Заводот за студии и проектирање, на списанието “Културно наследство”, на “Зборник заштите споменика културе”, Белград, на публикацијата “Дрвото во архитектурата и скулптурата кај словенските народи” (проект на УНЕСКО), како претставник на МАНУ и други соработници.
Одликуван е со Орден на трудот со златен венец и добитник на наградите “11 Октомври”, “Климент Охридски” и други награди и признанија.
За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 26 декември 1974 година, а за редовен член 14 мај 1979. Секретар на Академијата е во периодот од 1984-1987; 1988-1991 и 2004-2007 година. Избран член на Претседателството на Академијата е од 2000 до 2003 година. Раководел со повеќе проекти во МАНУ.
Починал на 8 јули 2010 година.
Гане Тодоровски (1929-2010)
Датум на раѓање:
11 мај 1929
Место на раѓање:
Скопје
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1997
Институции:
Област на работа:
Биографија
Гане Тодоровски (Скопје, 11. V 1929 – Скопје, 22. V. 2010) – поет, преведувач, есеист, литературен критичар и историчар, публицист, антологичар, културолог, редактор, фолклорист театролог, сценарист, универзитетски професор, академик, амбасадор. Студирал на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што дипломирал на групата за југословенски книжевности (1951). Пред и во текот на студиите работел како новинар. Сиот работен век го поминал како наставник на Филолошкиот факултет во Скопје, при Универзитетот „Кирил и Методиј“ (1954-1992). Докторирал на темата „Веда Словена и нејзините мистификатори“ (1965). На Филолошкиот факултет ги предавал предметите нова хрватска литература и македонската литература во XIX век. Член Друштвото на писателите на Македонија од 1951 г. Бил со по два дата секретар и претседател на ДПМ. Член на Македонскиот ПЕН-центар. Бил еден од основачите и претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата (1971/72), и прв претседател на МААК (Движење за македонска акција) (1990-1991). Бил прв амбасадор на РМ во Руската Федерација (1994-1998). Член е на МАНУ (1997). Автор е на преку 220 наслови на книги од областите на поезијата, критиката, есеистиката, литературната историја, патописот, литературниот запис, публицистиката, историографијата, културологијата, препевот, антологичарсвото. Припаѓа на носечката поетска генерација автори што ја афирмираа современата македонска литература во светот. Преведен е со 24 одделни изданија на негови книги (главно поезија и есеистика) во повеќе земји низ светот (на албански, англиски, бугарски, влашки, грчки, есперанто, кинески, ромски, руски, српски, турски, хрватски, чешки, шведски јазик). Самиот тој како препејувач и преведувач објавил преку 100 одделни изданија на автори што пишувале на албански, англиски, бугарски, грчки, руски, српски, хрватски, словенечки, турски, чешки, полски и украински јазик. Редактирал и издал избори и монографии за К. Миладинов, Р. Жинзифов, Марко Цепенков, Кочо Рацин, Григор Прличев, Атанас Раздолов, Димо Хаџи Димов, Ѓорче Петров, Димитар Талев, Никола Вапцаров, Антон Попов, Михаил Сматракалев, Анѓелко Крстиќ и др. Објавил повеќе антологии од словенечката, хрватската, српската, бугарската, руската и албанската поезија на македонски јазик. Како вонсериска, водечка и раздвижувачка творечка фигура на македонската литература од втората половина на XX век, чии дела суверено и супериорно се простираат во областа на литературната уметност и литературната наука, тој е појава со непроценлив и мисионерски придонес во современата културна историја на Македонија, со повеќестран опсег на креативни, научни и културолошки интереси; културен двигател на важни процеси на современата литературна, културна, научна и национална афирмација на Македонија.
Починал на 22 мај 2010 година.
Ѓорѓи Чупона (1930-2009)
Датум на раѓање:
10 април 1930
Место на раѓање:
с. Маловиште
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1983
Институции:
Област на работа:
Биографија
Чупона, Ѓорѓи Ташков (с. Маловиште, Битолско, 10. IV 1930)- математичар, ред. проф. на ПМФ (1972), дописен (1979) и редовен (1983) член на МАНУ. Дипломирал (1953) на Филозофскиот факултет (Група математика), каде што бил избран (1955) за асистент. Докторирал (1959) на Г1МФ со темата „Прилог кон теоријата на алгебарските структури’1. Во текот на 1964 г. престојувал на специјализација на Универзитетот во Манчестер, Велика Британија. Научниот интерес на д-р Горѓи Чупона е од областа на алгебра, посебно делот од универзалната алгебра што ги изучува парните, векторско-вредносните и други слични структури. Објавил стотина научни трудови. Соработката остварена со низа математичари од поранешните југословенски простори, како и големиот број објавени заеднички трудови, го истакнале како еден од водечките алгебристи во СФРЈ. Според достигнатите научни резултати, тој успеа да ја направи македонската алгебра препознатлива и во светски рамки. Под негово суштинско раководство се изградени сите наши научни кадри од областа на алгебрата. Учебниците по алгебра и учебниците наменети за техничките факултети на коишто е автор или коавтор, одиграа незаменлива улога во издигањето на алгебарската и, пошироко, на математичката култура во земјава. Починал на 16 декември 2009 година.
Никола Кљусев (1927-2008)
Датум на раѓање:
2 октомври 1927
Место на раѓање:
Штип
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1996
Институции:
Вонреден професор на Економскиот факултет во Скопје
Област на работа:
Теорија и политика на стопанскиот развој и Политика и економика на инвестициите
Биографија
Никола Кљусев е роден на 2 октомври 1927 година во Штип. Бил економист, научен истражувач, универзитетски професор, општественик, државник, литерат, академик. Основно училиште и гимназија завршил во родното место. Дипломирал на Економскиот факултет во Белград (1953), каде што го одбранил докторатот од областа на економските науки (1964). По дипломирањето се вработил (1953) во Институтот за научни истражувања во индустријата на НРМ во Скопје, прво како стручен, а потоа бил унапреден во виш стручен соработник (1960). Во 1961 г. се префрлил на Економскиот институт во Скопје како научен и подоцна виш научен соработник (1964). Во Институтот објавил пет книги и работел на повеќе истражувачки проекти. На Економскиот факултет во Скопје е избран за вонреден (1968) и за редовен професор (1972). Бил раководител на постдипломските студии од областа на економскиот развој и економската анализа. Бил член на Економскиот совет на СФРЈ и на Економскиот совет на СРМ; член на Централниот одбор и на Научната секција на Сојузот на економистите на Југославија, претседател на конзорциумот на економските институти и член на редакцијата на списанието „Економист“. Бил главен и одговорен уредник на списанието „Стопански преглед“. Избран за декан на Економскиот факултет во Скопје (1985–1987). Во следната година е избран за член на МАНУ (1988). Станува претседател на првата демократска Влада на самостојна Република Македонија (1991–1992). Избран за претседател на Националната конвенција на Македонија (1994) и на Советот на ВМРО-ДПМНЕ (1997). Ја извршувал функцијата министер за одбрана во Владата на РМ (2000). Избран е за раководител на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ (2002). Негова преокупација се теориските и методолошките аспекти на инвестициските и развојните проблеми. Во оваа област ги остварил сите научни степени, од докторирањето до изборот за академик. На Економскиот факултет во Скопје првпат воведува две значајни научни дисциплини, поставени на модерни основи: теорија и политика на стопанскиот развој и инвестиции – теорија, политика, економика – оценување и избор. Неговите трудови се незаобиколни референции за развојната економија и инвестициите во нашата земја и пошироко. За двете дисциплини има објавено учебници што се користени на сите универзитети во поранешна Југославија. Бил ментор на десетици магистерски и докторски дисертации. Покрај наставата и постдипломските студии на повеќе универзитети, тој раководел или работел на бројни домашни и меѓународни проекти. Неговиот опус брои повеќе од 300 релевантни референци: книги, статии, студии, анализи, елаборати и проекти, кои зафаќаат скала од микроекономски анализи и оценки до макростратегиски, теориски елаборации и емпириски студии. Бил на специјализации и студиски престои во САД (Фордова фондација на универзитетите „Колумбија“ во Њујорк и „Беркли“ во Сан Франциско), во Велика Британија (на Универзитетот „Сасекс“ во Брајтон и на Лондонската економска школа), во Академијата на науките на Советскиот Сојуз во Москва и во Академијата на науките во Полска во Варшава, во Меѓународната банка за обнова и развој во Вашингтон и др. Учествувал на меѓународни конгреси на економистите во Монтреал, во Мадрид и во Будимпешта. Во рамките на меѓународниот проект „Инструменти на научнотехнолошката политика“ (СТПИ) престојувал во повеќе земји (Барбадос, Бразил, Венецуела, Мексико, Египет, Индија, Кореја, Јапонија, Англија). Во областа на литературата објавил книги поезија, есеи и проза. Во нив се манифестира и запис на ангажиран интелектуалец и општественик.
Починал на 17 јануари 2008 година.
Ксенте Богоев (1919-2008)
Датум на раѓање:
20 октомври 1919
Место на раѓање:
с. Леуново
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1979
Институции:
Област на работа:
Биографија
Богоев, Ксенте (с. Леуново, 20. X 1919 – Скопје, 20. IV 2008) – економист, универзитетски професор, општественик, академик. Основно училиште завршил во Гостивар, гимназија во Скопје (1937), а Економскиот факултет во Белград (1951). Докторирал економски науки на Универзитетот во Белград (1962). За професор на Економскиот факултет во Скопје е избран во 1952 г. На редовните студии на Економскиот факултет предавал финансиска теорија и политика, на постдипломските студии на истиот факултет фискална политика. а на постдипломските студии на Економскиот факултет во Загреб комунални финансии. Бил визитинг-професор на Државниот универзитет во Флорида, САД. Тој бил и директор на Економскиот институт во Скопје (1945), продекан на Економскиот факултет во Скопје (1952-1954), декан на истиот факултет (1961-1963), ректор на Универзитетот во Скопје (1966-1968), претседател на Заедницата на југословенските универзитети (1966-1968). дописен (1974) и редовен член на МАНУ (1979), секретар на Одделението за општествени науки на МАНУ (1983- 1991), претседател на МАНУ (1992-1999) и раководител на Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ (2000). Како познат економски експерт. извршувал бројни и вонредно значајни општествено-политички функции: заменик-министер за финансии на НРМ (1945-1952), економски советник на Постојаната југословенска делегација при OECD во Париз (1955-1957), потпретседател на Извршниот совет (Владата) на СРМ (1967-1968), претседател на Извршниот совет на СРМ (1968-1974), член на Претседателството на СРМ (1974-1977), гувернер на Народната банка на ФРЈ (1977-1981). По осамостојувањето на земјата, бил советник на Министерството за финансии (1994-1998) и советник на претседателот на Владата на РМ (2005-2006). Богоев влегува во редот на доајените на македонската економска наука. Автор е на повеќе од 250 научни и стручни трудови (книги. научни проекти, монографии. статии), објавени во земјата и во странство. Основоположник е на научните дисциплини од областа на фискалната и монетарната теорија и политика, со неспорен придонес за нивното модерно конципирање и за нивниот континуиран развој до денешни дни. Тој е и еден од основачите на првиот постдипломски студиум од областа на монетарните проблеми во југословенски рамки, студиум на кој се едуцираа најпознатите експерти од оваа област од поранешната СФРЈ. Како професор на Економскиот факултет во Скопје, се здоби со репутација на врвен предавач, човек со широки и модерни погледи за проблематиката што ја изучува и предава, научник кој секогаш е во тек со најновите достигнувања на светската економска наука, а со тоа и со голем респект помеѓу студентите на редовните и на постдипломските студии и помеѓу неговите колеги од земјата и од странство. Под водството на акад. Богоев магистрираа и докторираа голем број економисти од земјата и од поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги тука и нашите најпознати економисти, денес, главно, универзитетски професори. Како искусен и врвен научен истражувач, тој беше раководител на бројни научни проекти, меѓу кои и оние од фундаментално значење за развојот на земјата – реформата на даночниот систем, националната стратегија за развој, извозната стратегија на РМ и др. Акад. Богоев е и еден од авторите на Blue Ribbon Report (Синиот извештај на UNDP) за РМ. Неговиот вонредно богат научен и теоретски опус, не само од областа на јавните финансии, туку и пошироко, од областа на современата макроекономија (економскиот развој, инфлацијата, невработеноста и макроекономските политики), бројните трудови, посебно статии со истражувачки карактеристики, иновативниот пристап и научниот придонес, му донесоа престиж на реномиран економист, не само во земјата и во поранешните југословенски простори туку и пошироко. Потврда за тоа е фактот што Богоев значаен број од своите трудови ги изложувал пред научни работници и експерти на странски универзитети (Солун, Буенос Аирес, Москва. Париз, Лондон, Монтреал, Вашингтон, Лос Анџелес, Станфорд, Блумингтон, Хале, Регенсбург, Наjроби итн.). Како врвен и афирмиран економист, акад. Богоев е член на повеќе странски академии: Европската академија, Медитеран- ската академија и Академијата на науките во Безансон, а е професор Homoris causa на Универзитетот во Хале, СР Германија. Акад. Богоев своите богати теоретски знаења успешно ги аплицира во реалниот економски живот, а одговорните функции ги извршува со дигнитет на врвен и почитуван експерт и со неспорна професионалност, компетентност и ерудитивност. Како претседател на МАНУ во два мандата, во периодот на осамостојувањето на земјата и борбата за признавање на нејзиниот меѓународен субјективитет. Богоев даде особен придонес за развојот, зацврстувањето и понатамошното афирмирање на интегритетот и репутацијата на МАНУ како врвна научна институција. Со својата континуирана наставна и научноистражувачка работа (од педесеттите години на минатиот век до денес) во една од најкомплексните области на економската наука – јавните финансии, со својата репутација на врвен економист, со своето одговорно и компетентно извршување на бројни експертски и високи општествено-политички функции, Богоев остави неизбришливи траги во развојот на современата македонска наука и во нејзиното афирмирање надвор од границите на земјата.
Починал на 20 април 2008.
Блага Алексова (1922-2007)
Датум на раѓање:
24 јануари 1922
Место на раѓање:
Тетово
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1997
Институции:
Област на работа:
Биографија
Блага Алексова е родена во Тетово во 1922 година. Дипломирала на Филозофскиот факултет на групата Историја на уметноста на Универзитетот во Скопје. Докторската дисертација на тема “Демир Капија и словенските некрополи во Македонија” ја одбранила на Универзитетот во Љубљана во 1958 година. Специјализирала старохристијанска уметност и археологија во Думбаартон Оакс, Институт за византиски студи на Харвардскиот универзитет, Вашингтон, САД (1970, 1971 и 1974 година.
Д-р Блага Алексова работи во Градскиот музеј во Скоје, а потоа во Археолошкиот музеј на Македонија како научен советник и долгогодишен директор и организатор на Музејот. На Филозофскиот факултет во Скопје од 1975 година е вонреден и редовен професор за предметот Старохристијанска и словенска археологија. Како член на посебниот одбор е основач на Институтот за старословенска култура во Прилеп и негов соработник од основањето до својата смрт.
Д-р Блага Алексова од почетокот на своето вработување па се до крајот на својот живот се бавела со научноистражувачка работа од областа на археологијата. Нејзината научна проекција е преку остатоците од архитектурата и останатите материјални траги да укаже на раната христијанизација на Македонија и на земјите на Источен Илирик. Посветена исцело на научно-истражувачката работа на теренот, низ сиот споменат период, таа испишува страници од историјата, посебно инсистирајќи на неговото духовно, културно и уметничко минато. Во доменот на нејзиниот интерес се бројни теми, за кои нејзините сознанија стануваат клучни за разгатнувањето и следењето на развојните патишта, влијанијата и модификациите под притисоците на локалната традиција, посебно на планот на духовната преобразба, дострелите во културното градежништво, во образованието и сл.
Под раководство на д-р Блага Алексова се изведени археолошки истражувања на повеќе локалитети во Македонија, од кои некои прераснуваат во меѓународни истражувачки проекти.
Во Демир Капија е откриен старохристијански комплекс со цеметрална базилика од 4-5 век и словенска црква од 9-10 век со голема некропола. Откривањата укажуваат на интензивна и рана христијанизација на Словените во Македонија, за време на дејноста на Климент.
На Брегалница го убицира античкиот и старохристијанскиот град Баргала, Епископски центар и жариште за христијанизација на териториите источно од Вардар. Овие истражувања прераснуваат во меѓународен научноистражувачки проект помеѓу Југославија и САД.
Крај Крупиште на Брегалница авторот го открива Катедралниот храм на 15 Тивериополски маченици од Струмица. Изградбата на храмот е во организација на св. Климент. Овде е формиран првиот црковен и културен центар – Епископијата на Брегалница.
Во Стоби д-р Алексова била со-директор со J. Wiseman на меѓународниот истражувачки проект од 1975-1980 година. Од 1981-1997 година раководела со истражувањата на Епископскиот комплекс, западно од Театарот. Овде за прв пат ја открива првата христијанска куќа oikos ekklesias врз која е изградена првата базилика во Стоби.
Д-р Блага Алексова била член на повеќе проекти, меѓу кои на “Археолошката карта на Југославија”, “Археолошката карта на Македонија” и “Строхристијански словенски центри во Македонија”.
Со откривањето на врежаните со остар предмет глаголски и кирилски букви врз камени блокови и плочи, при истражувањето на археолошкиот локалитет Крупиште и Баргала во долината на Брегалница, без сомнение се испишани нови страници од посебно значење за проучување на појавата и историскиот развој на писменоста и образованието не само на македонскиот народ во тој период туку и за другите словенски народи, односно за севкупната словенска културна историја.
Д-р Блага Алексова научните резултати од своите археолошки откривања ги објавувала во повеќе свои студии и монографски изданија и ги презентира на меѓународни конгреси и симпозиуми во Европа и на повеќе универзитети во САД.
Автор е на повеќе трудови печатени во земјата и странство, и тоа: студија “Демир Капија и словенските некрополи во Македонија”, потоа многу значајното дело “Епископијата на Брегалница”, како и монографијата ” Loca sanctorum Macedoniae “, објавена на македонски и англиски јазик.
Д-р Блага Алексова е добитник на одликувањето Орден на трудот со златен венец (1966) потоа на наградите “11 Октомври” (1970), “Гоце Делчев (1990), “8 Ноември” Штип (1993) и носител е на повеќе благодарници и плакети.
Резултатите од нејзините повеќегодишни истражувања не останаа непознати за странската научна јавност, како и за специјализираните странски научни институти и високообразовни центри. Ценејќи ги нејзините научни сознанија и дострели тие нудеа и остваруваа соработка, при што во д-р Алексова гледаа врвен познавач на материјата и научник со широк спектар на реални знаења и можности.
Како логична последица од научните достигнувања д-р Алексова е член во Археолошкиот институт на Америка; член во Alumni Вашингтон, САД, номинација во Maquis Who’s Who in the World и номинацијата International Biographical Centre Cambridge IBC, England
Починала на 12 јули 2007 година.
Ристо Аврамовски (1943-2007)
Датум на раѓање:
20 август 1943
Место на раѓање:
с. Селце, Струшко
Членство во МАНУ:
Редовен член, 2006
Институции:
Област на работа:
Биографија
Ристо Аврамовски е роден на 20 август 1943 година во с. Селци, Струшко. Основното образование го започнува во своето родно место, потоа го продолжува во Дебар, а го завршува во Прилеп. Во Прилеп покрај основното образование, истовремено го посетува и Нижото музичко училиште каде што учи виолина кај професорот Петре Спасески. Средното образование го стекнува во Скопје на Средното музичко училиште – учи виолина на специјалниот отсек, а истовремено и композиција кај истакнатиот композитор Властимир Николовски. Образованието го завршува со главен предмет композиција. Со високо образование се стекнува на Факултетот за музичка уметност во Белград, на одделот за композитори, во класата на композиторот Енрико Јосиф.
Ристо Аврамовски е творец, кој уште во почетокот на 60-тите години ќе го сврти вниманието на македонската и тогашната југосло-венска музичка јавност, одликувајќи се со специфичен, секогаш ево-лутивен приод кон музиката, насочувајќи го својот спектар на сознанија скоро во сите полиња на уметноста и културата. Кон крајот на 60-тите години музичката јавност беше импресионирана од неговите „нови“ стилски видувања во музичкото творештво, што подоцна станаа вистински препознатлив знак на овој автор. Појавата на делото „Четири дела“ за глас и камерен состав, изведено на Охридско лето во 1968 година, ќе го сврти вниманието на публиката и на критиката. Една година подоцна за ова дело ја добива Републичката награда „Млад борец“.
Во 1970 година се појавува симфониското дело „Бибилофонија“ за кое тогашната критика ќе напише ласкави зборови.
Појавата на делата „Психофонија 1“ и „Психофонија 2“ (1972 и 1974 год.) ќе остават посебни траги во музичкото творештво зашто од нив за првпат ќе се почувствува авторовата творечка енергија, која зрачи од духовните македонски простори. Токму затоа „Психофонија 2“, во 1974 година ќе биде наградена со наградата „13 Ноември“, највисокото признание на град Скопје.
Во творештвото на Аврамовски е вткаен битот на македонското поднебје. Тоа претставува звучна слика на неговото духовно богатство. Фолклорното совршенство тој го трансформира во нов квалитет, земајќи го само есенцијалното од него. На ваков начин Аврамовски му обезбедува бесмртност на фолклорот зашто во неговото творештво тој со ништо не го нарушува неговото совршенство. Овој автор, е еден од ретките македонски композитори, кој фолклорот го користи како знак – препознатлив национален белег.
Делата на Аврамовски по форма се надградуваат на неокласич-ните, со своевиден музички јазик и композициски постапки.
Современите музички струења во Европа во 60-тите и почетокот на 70-тите години ќе извршат посебни влијанија врз неговото творештво, на пример Полската школа. Меѓутоа, тој самосвесно ги чува и негува духов-ните вредности на своето поднебје, трансформирајќи ги на свој специфичен и сопствен јазик. Влијанијата не ги прифаќа како готов факт, туку исклучително како информација, како сознанија за развојот на естетските норми… Вечна е неговата потреба од трагање и експериментирање. Како резултат на таа потреба создадени се поголем број композиции, специфични не само по нивната форма туку и според музичкиот израз, инструмен-тариумот и составот на изведувачите. Посебно може да се издвои и експериментот во радиофонијата како посебна специфика од која се создадени и повеќе дела за овој медиум.
Зборувајќи за творештвото на Аврамовски неизбежно е да се подвлече неговиот посебен придонес пишувајќи музика за театарски претстави, филмска музика, музика за над 80 радиодрами и телевизиски остварувања. Работата во овој жанр и навлегувањето во тајните на драматургијата, подоцна ќе се рефлектира врз правилната поставеност на истата во неговите вокално-инструментални и сценски дела.
Композиторот Ристо Аврамовски и неговото музичко творештво, низ повеќедецениските предизвици ќе се најде на многу простори и во многу концертни сали во повеќе европски и воневропски земји.
Неговото творештво е печатено и издавано во поединечни пар-титури како и во „Антологијата на македонската музика“, потоа албум од 6 плочи, 4 аудио касети и повеќе компакт-дискови, како и во изданијата на Сојузот на композиторите на Македонија, познатата издавачка куќа „Петерс“ од Лајпциг и „Композитор“ од Москва.
Аврамовски е автор на голем број дела, кои ги опфаќаат сите жанрови на музиката: од детската песна, преку соло-песната, хорската музика, солистичката и камерната па преку симфониската, вокално-инструменталната и сценските дела.
Покрај музиката Аврамовски го негува и пишаниот збор. Како долгогодишен музички критичар, почнувајќи од Радио Скопје, па преку весниците „Вечер“ и „Нова Македонија“, го сретнуваме и во списанието „Современост“ каде што со длабок и аналитички пристапи и литерални опсервации ги оценува и ги насочува тековните продукции на музичките творци.
Покрај јасното творечко присуство во полето на музиката и на публицистиката, овој автор дава посебен придонес кон развојот на музичката култура, посебно на манифестацијата „Денови на македонската музика“ со која мошне инвентивно раководеше приближно 16 години. Композиторот Аврамовски бил секретар и претседател на Сојузот на композиторите на Македонија во два мандата.
Покрај споменатите функции во СОКОМ, Аврамовски бил долги години во органите на Сојузот на композиторите на Југославија, бил претседател на Музичката младина на Македонија и потпретседател на Музичката младина на поранешна СФРЈ, претседател на Управниот одбор на ЗАМП – Скопје, долгогодишен член на „Балканскиот музички форум“ (БМФ) со седиште во Атина и претседател на Управниот одбор на Здружението „Балкански музички форум“ – Скопје. Две години ја извршувал функцијата претседател на Комисијата за музика при Министерството за култура на РМ, а од 2003–2006 год. е претседател на Управниот одбор на фестивалот „Охридско лето“ и негов селектор за музика.
За својата дејност композиторот Аврамовски е носител на бројни домашни и меѓународни награди и општествени признанија.
Избран е за редовен член на МАНУ во Одделението за уметност на 14-тото изборно собрание на МАНУ, во 2006 година.
Починал на 8 јули 2007 година.
Петре М. Андреевски (1934-2006)
Датум на раѓање:
25 јуни 1934
Место на раѓање:
с. Слоештица
Членство во МАНУ:
Редовен член, 2000
Институции:
Област на работа:
Биографија
Андреевски , Петре М(иланов) (с. Слоештица, Демирхисарско, 25. VI 1934 – Скопје, 25. IX 2006) – поет, романсиер, раскажувач, драмски автор. Долги години работел како уредник во Македонската радиотелевизија. Член е на МАНУ од мај 2000 г. Член е на ДПМ (1964) и на Македонскиот ПЕН-центар. Пишувал стихови, раскази, романи, драми и филмски сценарија. Андреевски создаде дело што не само што ја смени свеста за литературата кај македонскиот читател, кое не само што иницира цели генерации што се угледуваа на тој модел, туку ја смени и македонската критичка свест. Својата вечна преокупација ја ситуира во родниот крај, но со тоа, не стана локален или регионален автор, зашто успеа преку универзализацијата на локалното, својот крај да го постави како центар на светот. Има широка читателска публика и неговата прозна композиција не е потпре- на врз фабулата, туку врз самиот чин на раскажувањето. Особено за романите (како едно време за романите на Стале Попов) се ве- ли дека се најчитани, т.е. бестселери кај народот. Романот „Пиреј“ македонската критика го прогласи за ремек-дело на македонската современа проза (исто онака како што збирката „Дениција“ ја означи како химна на космичката љубов, химна на жената и татковината и златна книга на македонскиот модернизам). Има објавено и две збирки стихови за деца („Шарам барам“ и „Касни порасни“). И во песните за деца Андреевски е поет на метафората и алузијата. на јазичната игра и носталгичната медитација.
Починал на 25 септември 2006 година.
Исак Таџер (1916-2005)
Датум на раѓање:
24 декември 1916
Место на раѓање:
Софија
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1974
Институции:
Област на работа:
Биографија
Академик Исак Таџер е роден на 24 декември 1916 година во Софија, Бугарија. Матурирал во 1935 година на Германскиот колеџ во Софија. Од 1935 до 1939 година студирал на Медицинскиот факултет во Виена, Австрија, а студиите ги завршил во 1941 го-дина на Медицинскиот факултет во Софија. Во 1942 година стажирал, а потоа е интерниран во логор. Во 1944 и 1945 година е доброволец во НОВ и ПОЈ.
По ослободувањето, од 1946 до 1948 година работи и специјализира на Интерното одделение на тогашната Земска болница во Скопје и се стекнува со звање специјалист по интерна медицина.
Од 1949 до 1951 година работи како асистент на Интерната клиника и го формира Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина на Медицинскиот факултет во Скопје. Во 1952 година е избран за доцент, во 1959 година за вонреден, а во 1967 година за редовен професор по патофизиологија на Медицинскиот факултет во Скопје. Во 1953 година хабилитира, а во 1958 година станува доктор по медицински науки.
За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на првото изборно собрание во 1969, а за редовен член во 1974 година. Од 1984 до 1987 година е секретар на Одделението за биолошки и медицински науки на Академијата.
Академик Таџер објавил повеќе од 290 трудови, од кои 80 на англиски, 10 на германски, 87 на српско-хрватски, а другите на македонски јазик. Учествувал и на 50 меѓународни, југословенски и национални научни собири. Професор Таџер е автор и на првиот учебник по Патофизиологија напишан на македонски јазик, коавтор на првиот југословенски учебник по Општа и патолошка физиологија, под негово редакторство и авторство е напишан и првиот учебник по Специјална патолошка физиологија, а во соработка со други автори го објавува и првиот учебник по Специјална патофизиологија на македонски јазик. Автор е и на поглавјето „Нуклеарната медицина во хематологијата“ во учебникот „Хематологија“. Во 2001 година, по повод 85 години од животот и 60 години научна дејност, Македонската академија на науките и уметностите ја објави книгата Избрани трудови на академик Исак Таџер во 3 тома.
Првите трудови на акад. Таџер се од областа на патологијата, а подоцнежните опфаќаат повеќе области од клиничката и експерименталната медицина. Особено внимание има посветено на изучувањето во областа на хемостазата, врз основа на клиничен и експериментален материјал на ендокриниот систем и на примената на нуклеарната енергија во клиничките и експерименталните истражувања. Во последните 15 години акад. Таџер со своите соработници ја изучуваше јодопенијата во Република Македонија.
Академик Исак Таџер беше и еден од основачите на Фармацевтскиот и на Стоматолошкиот факултет.
Починал на 17 ноември 2005.
Александар Андреевски (1922-2005)
Датум на раѓање:
9 февруари 1922
Место на раѓање:
с. Кожле
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1986
Институции:
Област на работа:
Биографија
Академик Александар Андреевски е роден во 1922 година во село Кожле, Скопско. Дипломирал во Загреб на Медицинскиот факултет во 1948 година, каде што завршил специјализација по оториноларингологија во 1953 година. Една година подоцна е избран за асистент на Медицинскиот факултет во Скопје по предметот оториноларингологија. Веднаш потоа заминал во Париз на едногодишен студиски престој каде што ја усовршува: функционалната реконструктивна хирургија на малигните заболувања на ларинксот и хипофаринксот, микрохирургијата на средното уво, пластичната хирургија во ОРЛ, аудиовестибулологијата и др.
Следните години акад. Андреевски престојува повеќе пати во реномирани клиники од областа на оториноларингологијата во Париз, Лондон, Москва, Ленинград, Прага, Варшава, Берлин, Хамбург, Хановер, Фрајбург, Хајделберг, Бордо, Лион и во други центри, при што посебно внимание им посветувал на реконструктивната функционална хирургија на малигните заболувања на ларингофарингеалните подрачја како и на други области од струката: тимпанопластиките, стапедопластиките, хирургијата на лицевиот нерв, ринопластиките и др.
По обемното искуство стекнато при овие посети напишал хабилитационен труд кој го одбранил во 1956 година, а во 1957 го дина е избран за доцент на Медицинскиот факултет во Скопје. Вонреден професор станува во 1961, а редовен во 1967 година.
Акад. Андреевски успеш но извршувал и многубројни функции на кои бил избиран: триесет години е директор на Клиниката за ОРЛ на Медицинскиот факултет во Скопје, продекан и во два мандата декан на Медицинскиот факултет во Скопје, прв директор на Универзитетскиот клинички центар, сега Клинички центар во Скопје, ректор на Скопскиот универзитет, претседател на здруженијата по ОРЛ во бивша Југославија и во Република Македонија. Акад. Андреевски бил организатор на многубројни домашни и меѓу народни конгреси и симпозиуми.
На клиниката за ОРЛ под негово раководство се оформени повеќе од 140 специјалисти, многубројни докторанти и магистранти, при што на многу од нив им бил ментор. Тој е автор на учебникот по ОРЛ за студенти по медицина. Раководел над 13 научноистражувачки проекти. Објавил над 280 научно-стручни трудови.
За неговите заслуги и долго трајна работа бил наградуван со многу награди и признанија меѓу кои е и наградата „11 Октомври“ за животно дело во 1978 година.
За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран во 1979, а за нејзин редовен член во 1986 годи на. Во Академијата акад. Андреевски во два мандата е секретар на Одделението за медицински и биолошки науки а од 1980 -1990 е потпретседател на Академијата. Последните години бил избран за избран член на Претседателството на МАНУ.
Починал на 29 октомври 2005 година.
Милчо Ристов (1931-2005)
Датум на раѓање:
5 ноември 1931
Место на раѓање:
Радовиш
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1988
Институции:
Природно-математичкиот факултет, Скопје
Област на работа:
Институт за физика
Биографија
Проф. д-р Милчо Ристов е роден на 5 ноември 1931 година во Радовиш. Средно-техничко училиште (хемиско-технолошка насока) завршува во Загреб. Студира физика и по дипломирањето е избран за асистент во Институтот за физика на тогашниот Филозофски факултет во Скопје. Во учебната 1961/62 година, како стипендијант на УНЕСКО, бил на постдипломски студии по теоретска физика на Универзитетот во Манчестер – Англија, што ги завршил со одлучен успех. Во 1964 година е избран за доцент по електроника на Природно-математичкиот факултет (Институт за физика). Во 1969 година докторирал на тема: “Теорија на нискофреквентната проводливост на плазма одржувана со високофреквентно поле”. Во 1970 година е избран за вонреден а во 1974 година за редовен професор по електроника на истиот факултет.
Со научна работа почнува да се занимава ушта како асистент. Работи врз проблемите на генерирање и ширење на ултра-звукот со апаратура од сопствена конструкција и изработка. Во натамошниот научен развој се занимава со проблеми од ширење на ултракуси електромагнетни бранови во феритни материјали и од оваа област е првиот труд печатен во странско списание. По завршувањето на постдипломските студии во Манчестер, почнува со работа врз гасната плазма, посебно со проблемите на генерирање и дијагностицирање на високофреквентна плазма.
Вклопувајќи го своето научно интересирање со развојната политика на факултетот, тој работи врз проблеми од физиката на металите и легурите, а посебно со термоелектричните особини и во оваа област воведува сопствена метода за испитување. Своето научно интересирање тој го свртува и кон проблемите на фотоелектричната конверзија на светлинската енергија и во оваа област постигнал видни резултати. За проблемите на конверзија побудува заинтересираност кај голем број истражувачи, така што создава цела група научни работници што се занимаваат со овие проблеми.
Резултатите од научната работа во областа на дијагностиката на плазмата ги публикувал во трудовите: “Теорија на нискофреквентната плазма”, “Осцилографски метод за директно мерење на температурата на електроните во плазмата”, “Нискофреквентна волт-ампернакарактеристика на плазма
одржувана со ФВ-поле”, “Директно мерење на температурата на електроните во плазма со помош на единична електростатска проба”, (со Ѓ. Мавродиев), “Директно мерење на температурата на електроните со помош на двојна проба” и “Електрички контролиран интензитет на светлина кај ВФ-празнење” (со П. Анастасов). Резултатите од областа на термоелектричните особини на легурите се опишани во трудовите: “Еден метод за мерењена коефициентот на ТЕМС” (со ч. Петрковски, “Прилог кон испитувањето на термоелектричните својства на легурите од системот сребро-алуминиум во врска со дијаграмот на состојбата”, “Испутување на коефициентот на ТЕМС на легурите од системот кадиум-антимон во врска со дијаграмот на состојбата” (со Љ. Петковски) и “Коефицент на ТЕМС на легурите од системот калај-бизмут” (со Љ. Петрковски) Резултатите од областа на фотоволтаичниот ефект се објавени во поголем број трудови од кои посебно е значаен трудот “Пхотоволтаиц Еффецт оф Њедге-Схапед тхин филм” со (Ѓ.Синадиновски и м. Митрески).
Редовно учествувал со реферати на конгресите на математичарите, физичарите и астрономите на СФРЈ и на научните собири за кондензирана материја што се одржувале во Југославија, како и на научни собири во странство. Учествувал на Меѓународниот симпозиум замедицинска електроника во Гифорд – Англија, а пред членовите на Физичкиот факултет на Универзитетот во Воронеж – СССР одржал предавање од областа на фотоелектричната конверзија.
За научниот труд “Теорија на нискофреквентната проводливост на плазма удружувана со високофреквентно поле” во 1973 година ја добир Наградата “11 Октомври, а во 1979 година е одликуван со Орден на трудот со златен венец.
За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 21 ноември 1983 година.
Починал на 7 август 2005 година.
Тодор Скаловски (1909-2004)
Датум на раѓање:
21 јануари 1909
Место на раѓање:
Тетово
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1976
Институции:
Директор и прв диреигент на новооснованата Опера во Скопје
Област на работа:
Музичко творештво
Биографија
Роден е во Тетово на 21 јануари 1909 година. Дипломирал на Музичката школа во Белград. Диригентско искуство подоцна стекнал кај Лово Матачиќ и на Конзерваториумот “Моцартеум” во Салцбург.
Пред војната бил наставник на Музичката школа “Мокрањац” во Скопје и во други места, диригент на хорот “Мокрањац” во Скопје и на други хорови во Скопје и Белград. За овој период е музички соработник во повеќе листови и списанија: “Вардар”, “Скопски гласник”, “Глас Полога”, “Јужни преглед” и др. а соработува и во белградските усни новини, Коларчевиот народен универзитет во Белград и Народниот универзитет во Скопје.
Учесник е во НОБ и еден од организаторите и раководителите на муичкиот живот. Веднаш по ослободувањето во Скопје го основа и раководи првиот Државен симфониски оркестар и првиот полупрофесионален хор.
Во 1948 година станува директор и прв диреигент на новооснованата Опера во Скопје. Истовремено тој е главен музички уредник и помошник директор на Радио Скопје. Еден е од иницијаторите за основање на Македонската филхармонија и до неодамна нејзин директор. Скаловски е еден од основачите на Друштвото на композиторите и Друштвото на музичките уметници на Македонија и нивни долгогодишен претседател.
Како симфониски диригент Скаловски дирижирал во сите поголеми градови во Југославија, како и во странство.
Како композитор Скаловски има високи достигања особено во хорското музичко творештво. На познати меѓународни и југословенски музички фестивали се изведуваат негови хорски творби.
Автор е на голем број инструментални, вокални, вокално-инструментални и сценски компзиции.
Тодор Скаловски има поголем број одликувања и награди меѓу кои: Орден на трудот со црвено знаме; Ноемвриски наргради на градот Тетово и Октомвриска награда за житовно дело; републички награди за “Македонско оро”, “На Мечкин камен” и сојузна за “Македонско оро”, “Рапсодија ИИ ” и “Лик земја да смени”.
Композицијата “Македонско оро” има шест изданија во земјата и едно во Советскиот сојуз.
За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 4 мај 1972 година.
Во периодот од е Секретар на Одделението за уменост.
Починал на 1 јули 2004 година.
Анте Поповски (1931-2003)
Датум на раѓање:
3 јуни 1931
Место на раѓање:
с. Лазарополе
Членство во МАНУ:
Редовен член, 2000
Институции:
Област на работа:
Биографија
Анте Поповски (Лазарополе, 3. VI. 1931 – Скопје, 1. X 2003) – поет, есеист, препејувач, публицист, академик. Основното образование го завршил во родното село, гимназијата во Битола, а Медицинскиот факултет во Скопје, каде што се вработува како асистент. Извесно време работи како лекар во Дебар, но од 1955 г., кога од печат му излегува првата стихозбирка Одблесоци, ја напушта медицината и исцело се оддава на поезијата. Член е на ДПМ (1956) и член на Извршниот совет на Македонија; директор на НИП „Нова Македонија“ и на „Вардар-филм“ во Скопје; потпретседател на Републичката комисија за кул- турни врски со странство; претседател на ДПМ (во два мандата) и претседател на Советот на СВП (1966/67 и 1978/79). За редовен член на МАНУ е избран на 10. V 2000 г. и член на Светската академија на поезијата (2002). Препеал од разни јазици видни поети од Балканот и од Европа, меѓу нив и библиската „Песна над песните“. Застапен е во сите антологии на македонската поезија, како и во Антологијата на светската поезија. Неговата поезија е преведена на повеќе јазици во светот. Анте Поповски е еден од најзначајните македонски поетски творци. Поет на епот и епопеите, на болните македонски и старословенски тажачки и елегии, поет на македонските тајнописи и родописи. на митскиот поетски говор вкоренет во источната, византиска и христијанска македонска поетска традиција. Македонија и нејзината трагична историска судбина е во средиштето на неговата поезија. Неа тој ја воздигна во мит. Добитник е на високи национални и меѓународни награди и признанија.
Починал на 1 октомври 2003.
Александар Спасов (1925-2003)
Датум на раѓање:
18 август 1925
Место на раѓање:
Скопје
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1976
Институции:
Област на работа:
Биографија
Роден е на 18 август 1925 година во Скопје. Се школувал во Велес и во Скопје, каде што дипломирал и докторирал на Филозофскиот факултет. Работел во ,,Млад борец“ (1945), ,,Нова Македопнја” (1946), во Средното медицинско училиште (1950), а од крајот на 1950 година до пензионирањето бил постојано на служба на Филозофскиот (Филолошкиот) факултет во Скопје, како асистеит, доцент, воиреден и редовен професор. Предава македонска книжевност во XX век и словенечка книжевност од втората половина на XVIII век до крајот на Првата светска војна. Бил продекан, шеф на катедра и прв директор на Семинарот за македонски јазик, литература и култура (1968 —1970).
Во 1972 година е избран за дописен, а во 1976 година — за редовен член на Македонската академија на науките и уметностите.
Се занимавал особено со проучувања од областа на македонската книжевност во XIX и XX век, потоа — со новата словенечка книжевност и компаратистика. Повеќе од три децении делувал и како литературен критичар и есеист.
Во својство на гостин-професор предавал во Минхен (1965) и Келн (1970). Предавања и кратки курсеви држел во повеќе југосло- венски и странски универзитети: Белград, Загреб, Сараево, Нови Сад, Задар, Берлин, Хале, Стокхолм, Упсала, Гетеборг, Лунд, Ленинград, Букурешт, Крајова, Виена, Салцбург, Инсбрук, Мериленд. Учествувал со реферати на конгреси, научни конферепции и симпозиуми во земјата и во странство: Прага, Варшава, Харвард, Бриксен (Бресаноне).
Бил уредник на списанијата ,,Иднина“, ,,Разгледи“ и ,,Литературен збор“ (на ова списание бил главен и одговорен уредник две децении), а исто така — претседател на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература на СРМ, иа АКУД ,,Мирче Ацев“, на ,,Рациновите средби“, на
Издавачкиот совет на ,,Разгледи“, секретар на Друштвото на писателите на Македонија, член на управите на Сојузот на славистите на Југославија и на Сојузот на писателите на Југославија.
Учесник во НОБ е од 1941 година. Заземал разни функции во СКОЈ и СКМ. Член е на ЦК на СКМ.
Двоен носител е па Орденот на трудот со златен венец (1966, 1969), добитник е па Наградата ,,13 Ноември“ и на повеќе повелби, плакети, споменици и благодарници.
Објавил редица книги, антологии, избори, студии, освен на македонски и на српско-хрватски, словенечки, албански, турски, англиски, француски, германски, италијански, романски и други јазици.
Починал на 27 мај 2003 година.
Кирил Мицевски (1926-2002)
Датум на раѓање:
29 април 1926
Место на раѓање:
Скопје
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1979
Институции:
Професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Област на работа:
Биологија
Биографија
Кирил Мицевски е роден на 29 април 1926 година во Скопје, каде се стекнал со основно и средно образование. Во 1951 година дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на одделот за биологија. Докторирал во 1958 година и се до своето пензионирање бил професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Бил на специјалистички престои на повеќе странски универзитети.
Бил претседател на Факултетскиот совет и извршувал и други значајни функции на Факултетот, во Академијата и во други научни институции.
Академик Мицевски бил член на редакциските одбори на списанијата: „Годишен зборник“ на Природно-математичкиот факултет, „Ацта“ и „Фрагмента Балцаница“, изданија на Природо-научниот музеј во Скопје, и на списанието „Екологија“.
Објавил голем број трудови од одделни гранки на ботаничката наука, односно од неговите флористичко-таксономски и фитоценолошко-типолошки истражувања, што се синтетизирани и систематизира-ни во 5-томното издание „Флора на Македонија“. Академик Мицевски открил и идентификувал голем број растителни видови, како и растителни заедници, досега непознати за македонската и за светската ботаничка наука.
За својата неуморна работа акад. Мицевски е одликуван со повеќе награди, признанија и плакети, а носител е и на Орден на трудот со златен венец.
Член е на Македонската академија на науките и уметностите од 1974 година.
Починал на 6 февруари 2002 година.
Петар Серафимов (1915-2001)
Датум на раѓање:
28 мај 1915
Место на раѓање:
Охрид
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1967
Институции:
Област на работа:
Биографија
Роден е на 28 мај 1915 година во Охрид, каде што завршил основно училиште. Матурирал во Битола во 1935 година и дипломирал во Белград, во 1939 година, на Филозофскиот факултет (група Теоретска и применета математика). Од 1939 до 1941 година студира во Белград на Техничкиот факултет — Градежен отсек, а потоа студиите ги про- должува на Техничката висока школа во Дрезден, каде што дипломира во 1944 година. Докторира во истата школа во 1947 година.
Во 1944 година, па се до капитулацијата на Германија, како интернирец, работи во фирмата ,,ДеуБау“ во Штели и во Берлин — како статичар. Во земјата се враќа во 1946 година и работи во ,,Феграп“. Во 1946 година е назначен за предавач на Филозофскиот факултет во Скоије по предметот рационална механика, од 1947 до 1949 година работи како статичар во ,,Пробиро“, во 1949 година е избран за доцент на Филозофскиот факултет, а потоа — за доцент на новоформираниот Технички факултет — во септември 1949 година. За вонреден професор на истиот факултет е избран во 1952 година, а за редовен професор — во 1962 година, продолжувајќи ги прeдавањата како хонорарен наставник на Филозофскиот факултет до 1956 година. На Техничкиот факултет држи предавања по следните предмети: техничка механика I и II, јакост на материјалите, теорија на конструкциите I и II и применета теорија на еластичноста.
Како стручен советник и соработник работел во ,,Хидроелектро проект“, „Рудници и железарница“ — Скопје, ХЕ ,,Маврово“ и Др.
Бил член на Научниот совет на ФНРЈ, на Научниот совет на НРМ, на Универзитетскиот совет, како и на Комитетот за изградба на Скопје. Бил претседател и потпретседател на Друштвото на градежниците инженери и техничари и член на Управниот одбор на Југословенското друштво за теоретска и применета механка.
Добил нарична награда од Владата на НР Македонија во 1950 година. Добил Плакета на град Скопје, Орден на трудот од II ред и Орден на трудот со црвено знаме.
Објавил осум значајни научни расправи од областа на статиката, а во своите 17 стручни трудови, со примена на научни методи, дал статички пресметки и решетшја за ноголем број големи градежни објекти.
Одржал повеќе научни предавања во странство (Варшава, Гдањск, Москва и Нов Зеланд).
За редовен член ца Македонската акаделшја на науките и уметностиге е избран на 18 август 1967 година.
Починал на 5 октомври 2001 година.
Иван Дејанов (1932-2001)
Датум на раѓање:
6 јануари 1932
Место на раѓање:
Ќустендил
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1997
Институции:
Област на работа:
Биографија
Дејанов, Иван Илиев (Ќустендил. Бугарија, 6.1 1932 – Скопје, 10. VII 2001) – трансфузиологија, имунолог, академик. ТОЈ е основач на модерната трансфузиологија во РМ, а како прв специјалист трансфузиолог успешно ја насочувал трансфузиологијата како научна и клиничка дисциплина, создавајќи бројни кадри и високо реноме на РЗТ на просторите на поранешна .Југославија и пошироко. Дипломирал на Мед. ф. во Скопје (1958). Од 1960 г. е вработен во РЗТ во Скопје и станува прв специјалист по трансфузиологија во РМ (1965). За виш универзитетски предавач на Медицинскиот факултет е избран во 1983 г., а за редовен член на МАНУ на 26. VI 1997 г. По усовршувањето во лабораториите за хемостаза и тромбоза на познатиот Медицински факултет на Северна Каролина (САД) кај К. М. Бринхаус и Г. Д. Пенинг (1964-1965 и 1966-1968), во Скопје го формирал Одделение за хемостаза и тромбоза со биохемиска, хематолошка и имунолошка лабораторија. Неговата стручно- научна работа се однесува на растројствата на хемостазата (вродени и придобиени), рационална и оптимална употреба на крвта и крвните деривати, на проблемите на сигурна крв, докажување на ви- русите на хепатитот, воведување методи за имунолошка дијагностика. како и на методи за пречистување и производство на дијагностички и тераписки материјали. Неговите трудови за постоење дефицит на антитромбин III, на постоењето на деградационите продукти на прототромбинот во циркулацијата, за кооперацијата на имуногенезата и тромбогенезата се високо вреднувани кај нас и во светот. Изучувањето на хепатитот Б, а особено на хепатитот Ц кај болните на дијализа беа меѓу првите во Европа (1991-1993). Своите научно-стручни истражувања и искуства ги отпечатил и соопштил во над 350 публикации и соопштенија. Напишал (со соработниците) 3 книги. Своето знаење го разменуваше и го збогатуваше со колеги од Европа и од светот при посета на познати центри за хемостаза и учество на конгреси: Осло (1971), Виена (1973, 1979), Хелсинки (1975). Атина (1976), Париз (1978), Прага и П’лзен (1977, 1978), Будимпешта (1982), Москва (1969, 1981, 1985), Минхен 1978), Франкфурт (1982), Упсала 1991), Хајделберг (1991). Од 1997 г. ги раководел проектите на МАНУ „Антимикробната и антитромботичната активност на антибиотиците“ и „Антропогени ефекти врз животната средина во Охридско-преспанскиот регион”. Бил пратеник во Собранието на СРМ, претседател на Секцијата за хематологија и трансфузиологија при МЛД. член на повеќе работни тела на Медицинскиот факултет, делегат на СИЗ за здравство, претседател на Југословенската секција за хемостаза и тромбоза. Тој е основач и бил прв претседател на Македонско-израелското друштво за пријателство и соработка.
Починал на 10 јули 2001 година.
Александар Христов (1914-2000)
Датум на раѓање:
27 јули 1914
Место на раѓање:
Неготино
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1986
Институции:
Област на работа:
Биографија
Христов, Александар Т. (Неготино, 24. VII 1914 – Скопје, 2. VIII 2000) – универзитетски професор, академик. Дипломирал на Правниот факултет во Белград (1939) и на истиот докторирал на тема „Борбата на македонскиот народ за создавање на своја држава“ (1954). Еден од основачите на Правниот факултет во Скопје и основоположник на предметот Управно право. Избран за дописен (1979), а потоа и за редовен член на МАНУ. Бил помошник на јавниот обвинител на Македонија и помошник на јавниот обвинител на Југославија, пратеник во Собранието на СФРЈ, директор на Институтот за национална историја во Скопје, директор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје и декан на Правниот факултет во Скопје (1969/70-1970/ 71). Објавил неколку учебници и голем број научни трудови од областите на управното право и македонската национална историја, при што севкупната негова библиографија изнесува 317 единици.
Починал на 2 август 2000 година.
Властимир Николовски (1925-2001)
Датум на раѓање:
20 декември 1925
Место на раѓање:
Прилеп
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1981
Институции:
Област на работа:
Биографија
Властимир Николовски (Прилеп, 20. XII 1925 – Скопје, 28. III 2001) – композитор. Еден од најплодните македонски автори на XX век. Создал околу 140 творби: за најразлични состави. Особено маркантни се неговите вокално-инструментални композиции (ораториуми, кантати) и неговите оркестарски дела. Сепак, највисоките творечки дострели ги остварил на полето на хорската музика и во делата во кои доминира човечкиот глас. Во целото свое творештво Николовски се инспирирал од фолклорот. Неговото композиторско кредо е дека треба да се одбегнуваат радикалните постапки на музичката авангарда од XX век, бидејќи тие се само израз на творечката немоќ и стерилност. Токму затоа неговиот музички јазик е умерен, експресивен, со потпирање на духовното и фолклорното поднебје на Македонија. Се занимавал и со публицистика. Напишал над 30 статии. во кои обработува проблеми главно сврзани со македонското музичко творештво. Во текот на својот богат живот извршувал многу важни стручни и општествени задолженија (директор на Операта, декан на ФМУ, претседател на СОКОМ итн.). Избран е (1981) за редовен член на МАНУ.
ДЕЛА: Сердарот. кантата (1963); ораториуми: Клименту (1966); Кирилу (1969); Непокор (1979); три симфонии (1957- 1975); Концерт за пијано и оркестар (1978); Концерт за виолина и оркестар (1987); По патиштата. вокален циклус (1969); Црнила. за глас и гудачи (1984);.
Славко Јаневски (1920-2000)
Датум на раѓање:
11 јануари 1920
Место на раѓање:
Скопје
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1967
Институции:
Област на работа:
Биографија
Роден е во Скопје на 11 јануари 1920 година во печалбарско- занаетчиско семејство. Завршил стручно техничко училиште. Во текот на своето работење бил главен уредник на детските списанија: ,, Пионер “и ,, Титовче”, потоа – на хумористичкиот весник ,, Остен “, на литературните снисанија ,, Нов ден”, ,, Современост “и ,, Хоризонт” . Бил уредник во повеќе книгоиздателства. Ја извршувал функцијата главен уредник во Книгоиздателството ,, Македонска книга “, а бил член и на Советот на Федерацијата, претседател на Секцијата за самоуправни односи во културата при ССРН, претседател на ,,Рациновите средби “.
Спаѓа во редот на врвните македонски и југословенски писатели, со мошне богата и висококвалитетна литературна продукција. Автор е на романите: ,, Село зад седумте јасени “, ,, Две Марии”, ,, Месечар “, ,, И бол и бес”, ,, Стебла “и ,, Тврдоглави”, на повеста ,, Улица ” , на патеписната книга од Африка и Азија ,, Горчливи легенди “, на поетските творби: ,, Песни”, ,, Лирика “,” Егејска барутна бајка “, ,, Евангелие по Итар Пејо” и ,, Каинавелија “, на повеќе книги литература за деца и на сценарија за играни и кусометражни филмови, на збирките раскази: ,,Кловнови и луѓе”, ,,Омарнини” и ,,Ковчег “.
Добитник е на наградите за литература: АВНОЈ, ,, 11 Октомври “(двапати), ,, Младо поколение” (за најдобра југословенска книга за најмладите во годината), ,, Курирче “- награда на СР Словенија – Марибор, награда на ,, 3маевите детски игри “- Нови Сад, двапати награда ,, 3латна арена” на Филмскиот фестивал во Пула – за сценаријата на филмовите ,, Волча ноќ “и ,, Македонскиот дел од пеколот”, Награда на филмскиге работници на Германската Демократска Реиублика – за сценариото и режијата на филмот ,, Катастрофа, страдања, надежи “.
Одликуван е со ордените: Братство и единство со златна ѕвезда, Заслуги за народ со златна ѕвезда.
Литературните дела му се објавени во осум томови – на македонски и на српскохрватски јазик. Преведуван е на јазиците на југословенските народи и народности и на странските јазици: англиски, германски, италијански, француски, чешки, украински, унгарски и др.
За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 18 август 1967 година.
Починал 20 јануари 2000 година.
Оливера Јашар-Настева (1922-2000)
Датум на раѓање:
25 ноември 1922
Место на раѓање:
Белград
Членство во МАНУ:
Редовен член 1983
Институции:
Област на работа:
Биографија
Јашар-Настева, Оливера (Белград, 25. XI 1922 – Скопје, 9. I 2000) – лингвист, балканист, македонист, лексиколог, редовен член на МАНУ. Основно и средно образование завршила во Скопје, а матурирала во Белград. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1949), а докторирала на тема Турските лексички елементи во македонскиот јазик (1962). Била иницијатор за формирање на катедрите за албански јазик и литература и за турски јазик и литература, а била и шеф на Катедрата за турски јазик и литература (1976). По формирањето на овие катедри била професор по предметите албански Јазик и турски јазик. Била из- брана за дописен (1979) и за редовен член на МАНУ (1983) и за член на Турската академија на науките (1979). Како сестран лингвист со широка научна наобразба и активно владеење на францускиот. италијанскиот, турскиот, албанскиот и романскиот Јазик, нејзин потесен научен интерес е балканистиката низ призмата на теоријата на контактната лингвистика. Била раководител на Националниот комитет за проучување на Југоисточна Европа, раководител на проектот во МАНУ Речник на турцизмите во македонскиот јазик. Учествувала на славистички (Прага, Варшава, Загреб). балканолошки (Палермо) и ориенталистички (Париз) конгреси. Нејзината библиографија опфаќа околу 150 трудови. Голем придонес има во областа на лексиколошките и морфолошките студии на балканските јазици.
Починала на 9 јануари 2000 година.
Манол Пандевски (1925-1998)
Датум на раѓање:
3 септември 1925
Место на раѓање:
с. Габрово
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1981
Институции:
Област на работа:
Биографија
Манол Пандевски (с. Габрово, Струмичко, 3. IX 1925 – Скопје, 21. V 1998) – историчар, член на МАНУ. Основно и средно образование завршил во Струмица и Петрич, дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, група историја (1954) и докторирал со темата „Политичките партии и организации во Македонија 1909- 1912“ (1965). По вработувањето во ИНИ (1957), бил на истражувачки престои во Белград, Загреб, Софија, Москва, Ленинград и Париз. Со реферати учествувал на голем број| научни собири во земјата и во странство. Бил член на разни редакции, главен уредник на сп. „Гласник“ на ИНИ и директор на ИНИ (1986 до пензионирањето на 1.IV 1987). Тој е еден од ко-авторите на првата „Историја на македонскиот народ” (Скопје, 1969) и ги приредил одбраните дела од Анастас Митрев и Димо Хаџи Димов. Бил член на Републичката комисија за културни врски со странство и на Југословенскиот национален комитет за балканологија, делегат од Југославија во Меѓународното биро на А1ЕЅЅЕ, член на Комисијата за југословенски прилози во Историјата на културниот и научниот развиток на човештвото на УНЕСКО и др. Бил избран за дописен (22. XII 1976) и редовен член (24. XI 1981) на МАНУ. Објавил голем број научни трудови и собрани дела во пет тома (1987).
Божидар Видоески (1920-1998)
Датум на раѓање:
8 ноември 1920
Место на раѓање:
с. Звечан
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1974
Институции:
Област на работа:
Биографија
Роден е на 8 ноември 1920 година во с. Звечан, Порече. Гимназија учел во Прилен, Крагуевац и Сконје, а матурирал во Чачак во 1941 година. Дипломирал во 1949 година на групата Македонски јазик на Филозофскиот факултет во Скопје. На истиот факултет одбранил докторска дисертација, во 1957 година.
Од 1949 година е асистент на Филозофскиот факултет во Скопје, во 1958 година е избран за доцент, а во 1964 година — за вонреден професор по македонска дијалекгологија.
Во 1959 година бил на подолга специјализација во НР Полска. За време на овој престој на Варшавскиот универзитет организирал неколкумесечен курс за македонски јазик. Во 1967/68 година престојувал во Келн, СРГ, каде што предавал македонски јазик во својство на професор-гостин. Учествувал со реферати на новеќе меѓународни и национални конгреси и држел предаваља во повеќе славистички центри во земјата и во странство.
Бил продекан на Филозофскиот факултет во Скопје, потпретседател на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература, член на Советог на Филозофскиот факултет и на Институтот за фолклор. Член е на Научниот совет на Институтот за македонски јазик ,,Крсте Петков Мисирков“ и на повеќе научни и општествени организации од градско, републичко и сојузно значење.
Член е на Меѓународната комисија за словенска ономастика, на Редакцискиот колегиум на ,,Вопросник обшеславлнского лингвистического атласа“ и на ЛИНГВИСТИЧКОТО списание ,,Македонски јазик“.
Одликуван е со Орден на трудот со златен венец.
Добитник е на Октомвриската награда за 1964 година.
Објавил голем број трудови од областа на македонскиот современ јазик, на македонската топономастика, а особено од областа на македонската дијалектологија. Во Институтот за македонски јазик ,,Крсте Петков Мисирков“ раководи со работата на Македонскиот дијалектолошки атлас. Како член на Меѓуакадемискиот одбор за дијалектолошки атласи, учсствувал во работата на комисиите по фонетика, лексика и семантика на ОЛА.
За дописен член на Македонската академија на науките и уметностнте е избран на 25 декември 1969 година, а за редовен член — на 26 декември 1974 година.
Починал на 16 мај 1998 година.
Данчо Зографски (1920-1997)
Датум на раѓање:
23 април 1920
Место на раѓање:
Велес
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1986
Институции:
Област на работа:
Биографија
Зографски, Данчо (Велес, 23. IV 1920-Скопје, 9.1.1997)-научен работник, истражувач на поширокото подрачје на поновата историја на македонскиот народ и посебно на полето на стопанската историја на Македонија, редовен професор на Економскиот факултет во Скопје, општествен деец и педагог, академик. Основно образование и гимназија завршил во родниот град (1939), право студирал во Белград, а дипломирал во двегодишни студии на Институтот за општествени науки (1950- 1952). Својот работен век го започнал како главен уредник на весникот „Нова Македонија“. По основањето на Економскиот факултет во Скопје бил избран за наставник по предметот Стопанска историја (1950). Докторирал на Економскиот факултет во Белград (1962). Бил декан на Економскиот факултет во Скопје, во два мандата ја вршел функцијата директор на Институтот за национална историја во Скопје, повеќе години бил републички и сојузен пратеник и вршел други одговорни општествени функции. За дописен член на МАНУ е избран во 1981 г., а за редовен во 1986. Бил член на Претседателството на Меѓународната комисија за славистички проучувања, член на Комисијата за историја на СКЈ, претседател на Комисијата за историја на СКМ, член на потесните редакции на Историјата на македонскиот народ, на историите на СКЈ и на СКМ, уредник на списанието „Гласник“ на Институтот за национална историја, член на редакционите одбори на списанијата „Историја“, „Погледи“, „Acta historico-economica Jugoslaviae “ и др. Неговиот научен опус го сочинуваат преку 200 монографии, статии, збирки на документи и други прилози. Неговите одбрани дела беа публикувани во шест книги (1986). Покрај опстојните истражувања во соодветните фондови во архивите во земјата, исцрпни истражувања вршел и во архивите во Бел- град, Загреб, Сараево, Сремски Карловци, Виена, Бон, Потсдам, Кобленц, Фрајбург, Берн, Прага, Амстердам и Лондон. Учествувал на бројни домашни и меѓународни конгреси и научни собири. Тој е истражувач на зародувањето на капиталистичките елементи во Македонија и на македонското социјалистичко и работничко движење. Неговите истражувања од областа на стопанската историја на Македонија, а посебно оние што се однесуваат на периодот на османско-турското владеење претставуваат базични трудови од оваа област. Починал на 9 јануари 1997 година.
Пенчо Давчев (1922-1995)
Датум на раѓање:
15 јуни 1922
Место на раѓање:
Велес
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1988
Институции:
Област на работа:
Биографија
Давчев, Пенчо Јорданов (Велес, 15. VI 1922 – Скопје, 25. XI 1995) – интернист-гастроентеролог, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, академик. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Белград (1948). Специјализација по внатрешни болести завршил во 1952 г. Го одбранил хабилитациониот труд „Прилог кон биолошката дијагностика на функционалните и органските заболувања на стомакот“ (1957). За редовен професор бил избран во 1969 г. Бил продекан во два мандатни периода. Декан на Медицинскиот факултет и шеф на Катедрата по интерна медицина. Се усовршувал во клиниките за гастроентерологија во Париз, Лондон и Берлин. Под негово непосредно раководство е организирано Одделението за гастроентерологија во состав на Интерната клиника, кое подоцна прераснува во модерна Клиника за гастроентерологија и хепатологија, една од водечките во тогашната Југославија. Тој бил основач на модерната гастроентерохепатологија во РМ. Од воведените нови методи треба да се одбележат: интервентната трансабдоминална вирсунгографија изведувана под контрола на ехо, визуализација на жолчните патишта преку директно уфрлање на контрастно средство под контрола на ехо „real time“, техника со помош на тенка и фина игла, биопсиони техники на абдоминалните органи со сомнителни патолошки творби, ендоскопски истражувања на гастроинтестиналниот тракт, црниот дроб и перитонеумот. Притоа, основната и главна преокупација му е хепатоцелуларниот канцер и вирусниот хепатитис, со што се афирмирал во југословенската медицинска научна јавност и во странство. Негов особен научен придонес претставува изучувањето на црнодробниот карцином особено поврзан со 5-вирусната инфекција. На клиниката формирал имунолошка лабораториЈа за испитување на хепатитис В и С антигените во хистолошките исечоци на црнодробно ткиво. Дал придонес во употребата на ендоскопијата во гастроинтестиналната дијагностика, како и во лекувањето на асцистот кај црнодробната цироза, за што издал и монографија. Бил претседател на МЛД, член на Редакцискиот одбор на списанијата ММП и „Асta Medica Iugoslavica“. Основач е на Секцијата по гастроентерологија при МЛД и бил нејзин претседател повеќе од 20 годи- пи, претседател на Здружението за гастроентерологија на Југославија и организатор на повеќе конгреси и симпозиуми. За својата успешна и мошне плодна работа, има добиено голем број признанија. Автор и ко- автор е на повеќе од 400 научни и стручни публикувани трудови во наши и во странски медицински списанија. Автор е на учебникот „Клиничка гастроентерологија“, на монографијата „Прирачник по ендоскопија и биопсија во гастроентерологијата“ и на „Понови погледи во третирањето на циротичниот асцит со посебен осврт на тврдокорниот облик“. Коавтор е на југословенското издание на учебник по гастроентерологија и хепатологија (1990). Раководел два научни проекта во МАНУ. За дописен член на МАНУ е избран на 21. XII 1983, а за редовен член на 7. X 1988 г. Бил секретар на Одделението за биолошки и медицински науки на МАНУ (1992- 1995).
Починал на 25 ноември 1995 година.
Васил Иљоски (1902-1995)
Датум на раѓање:
22 декември 1902
Место на раѓање:
Крушево
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1967
Институции:
Област на работа:
Биографија
Роден е на 22 декември 1902 година во Крушево. Во родното место учи основно училиште, а во Куманово, каде што татко му е на печалба, и каде што му се преселува семејството, учи и завршува гимназија. На Филозофскиот факултет во Скопје студира литература и дипломира во 1926 година.
Работи како судлент во Гимназијата во Куманово. Од политички причини, во 1929 година, е отпуштен од државна служба. Одново е назначен во Гимназијата во Плевља, потоа преместен во Алексинац, а во 1935 година во Скопје.
По ослободувањето е директор на првата македонска гимназија во Скопје. Потоа, по потреба, работи во Народната библиотека, во Македонскиот народен театар, како директор на Театарската школа, како професор на Педагошката академија во Скопје. На носледнава должност е пензиониран во 1966 година.
За сето време од ослободувањето учествува во работата на општествени, просветни и културни органи, во комисии, редакции и совети: во Комисијата за првиот правопис на македонскиот литературен јазик, во редактирањето на првиот учебник за македонски јазик за горните одделенија на осумгодишните училишта „Одбрани четива“; во редакциите на „Литературен збор“, ,,Современост“; во републичките совети за просвета, култура; во советите: на Македонскиот народсн театар, на Институтот за македонски јазик, на Народната и универзитетска библиотека и др.
Бил член на уиравите на Друштвото на писателите и на Здружението на наставниците ио македонски јазик и литература.
Меѓу наградите и одликувањата има и награда за животно дело, а во 1967 година е избран за редовен член на Македонската академија на науките и уметностите.
Литературната работа ја започнува во гимназиската литературна дружина. Неговата генерација матуранти во 1922 година му ја изведува едночинката ,,По матурата“, делумно на македонски јазик. Во 1928 година Театарот во Скопје ја поставува ,,Бегалка“ („Ленче Кумановче“), а во 1936 година — „Чорбаџи Теодос“.
Освен овие, по ослободувањето, во македонските театри се изведувани и негови нови драмски текстови, а Книгоиздателството „Македонска книга“ му издало книга „Избор“.
Покрај работата врз драмата, повремено работел и врз областа на јазичната и литературната проблематика и врз фолклористиката.
Починал на 1 ноември 1995 година.
Љупчо Серафимов (1930-1995)
Датум на раѓање:
9 февруари 1930
Место на раѓање:
Охрид
Членство во МАНУ:
Дописен член, 1991
Институции:
Област на работа:
Биографија
Серафимов, Љупчо (Охрид, 9.II.1930 – Скопје, 11.VI.1995) – специјалист ортопед-хирург, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, академик на МАНУ (од 7.V.1991). Дипломирал на Медицинскиот факултет во Загреб (1956), каде што специјализирал ортопедија (1961) и докторирал (1972). Бил директор на Клиниката и шеф на Катедрата по ортопедија (1974-1995). Реализирал два меѓународни проекта преку преку Програмата на Обединетите нации за развој (УНДП): „Хируршка превенција на инвалидитетот на локомоторниот систем“ (1983-1988) и „Комплексна превенција и лекување на КДК со регионална организација и едукација“ (1988-1992). Бил поканет предавач во САД, Канада, Куба, Русија, Велика Британија, Грција, Бугарија, Хрватска, Србија. Особено внимание во својата стручна и научна работа посветил на теориските и апликативните биомеханички испитувања на локомоторниот систем, особено на детскиот колк, како и на реконструктивните хируршки интервенции, особено при вродени дислокации. Во 1965 година ја вовел пелвичната остеотомија по Солтер; во 1968 ја имплантирал тоталната протеза на колкот, а во 1978 година го вовел методот на двојна ацетабуларна корекција. Има публикувано 124 трудови.
Починал на 11 јуни 1995 година.
Вангел Коџоман (1904-1994)
Датум на раѓање:
14 февруари 1904
Место на раѓање:
Струга
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1981
Институции:
Област на работа:
Биографија
Коџоман, Вангел (Струга, 14 II 1904 – Скопје, 28. IX 1994) – сликар, член на МАНУ, еден од основоположниците на македонската современа уметност. Завршил Уметничка школа во Белград (1930). Ретроспективна изложба имал во Скопје (МСУ. 1976). Најчест мотив во неговите дела (акварели, слики, цртежи) се пејзажот и старата градска архитектура. Ликовниот ракопис му се движи од академски реализам со постимпресионистички и кубистички обележја, до елементи на фовизам и колористички експресионизам. Најпознати негови дела се: Селото Пештани, 1932; Мотив од Охрид, 1937; Покрај Езеро, 1936; Мотив од Прилепско I, 1956; и др. Починал на 28 септември 1994 година.
Блаже Конески (1921-1993)
Датум на раѓање:
19 декември 1921
Место на раѓање:
с. Небрегово
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1967
Институции:
Област на работа:
Биографија
Блаже Конески е роден на 19 декември 1921 година во Небрегово; основно училиште и нижа гимназија завршил во Прилеп (1934), а виша гимназија во Крагуевац (1939). Студиите во Белград ги почнал прво на Медицинскиот факултет, потоа на Филозофскиот факултет, на отсекот за Словенска филологија, a славистичките студии ги продолжил во Софија, каде што и дипломирал (1944). По војната работел како лектор во Македонскиот народен театар во Скопје, а во 1946 година станал предавач на Филозофскиот факултет, во Скопје, каде што, во 1957 година, станал и редовен професор и предавал историја на македонскиот јазик, при што во текот на сиот свој работен век бил шеф на Катедрата за јужнословенски јазици; бил декан на Филозофскиот факултет (1952/53) и ректор на Скопскиот универзитет (1958/60). На 13 февруари 1947 година бил избран за прв претседател на новооснованото Друштво на писателите на Македонија, а истата функција ја вршел уште во два мандата (1948, 1951/1952), бил и претседател на Сојузот на писателите на Југославија (1961/64) и прв претседател на МАНУ (1967/1975). Исто така, бил дописен член на сите поранешни југословенски академии на науките и уметностите, како и почесен доктор на Универзитетот во Чикаго (1968) и на Универзитетот во Вроцлав, Полска. Учествувал во составувањето на првиот Правопис на македонскиот литературен јазик (1945), бил редактор на тритомниот Речник на македонскиот јазик (1961/66), а автор е на голем број студии за средновековната и современата македонска писменост и приредил голем број едиции на стари македонски текстови. Во одделни периоди ги уредувал и списанијата „Нов ден“ и „Македонски јазик“.
За својот книжевен опус добил високи награди и признанија, и тоа: „Годишната награда“ на ДПМ (1953), наградата на Сојузот на писателите на Југославија (1956 – за стихозбирката ,,Везилка“), некогашното највисоко сојузно признание АВНОЈ (1966), Хердеровата награда за литература, како и наградите „11 Октомври“ (1961 – за редакцијата на првиот том на „Речникот на македонскиот јазик“; 1965 – за делото „Историја на македонскиот јазик“; 1974 – за стихозбирката „Записи“; 1979 – за животно дело; за поетската книга „Записи“ ги добил и наградите: „Браќа Миладиновци“ на СВП-1974, „Кочо Рацин“ (1974) и „Његошева награда“ (1975); исто така, бил лауреат на наградите „Кирил Пејчиновиќ“ (1976 – за преведувачки опус), наградата за книжевен опус на книгоиздателството „Мисла“ (1981), „Златен венец“ на СВП-1981, „Бранко Миљковиќ“ (Ниш), „Скендер Куленовиќ“ (Приедор, 1985), „13 Ноември“ (1986 – од областа на науката, за книгата „Македонскиот 19. век“), „Вуковата награда” на КЛЗ на Србија (1987), „Рациновото признание“ (1988 – за „Дневник по многу години“), како и на наградата „Книга на годината“ (1989 – за стихозбирката „Сеизмограф“).
Издавачката куќа „Табернакул“ во Скопје, во 2003 година, ја издаде неговата „Собрана лирика“ во три томови. Застапен е во сите антологии на македонската поезија објавени во земјата и во странство, а посебни книги со избори од неговото поетско творештво се издадени на германски, англиски, француски, турски, руски, украински, романски, грчки, унгарски, полски, дански, италијански и на други јазици.
На македонски јазик Конески ги превел: „Горски венец“ од Његош (1947), „Лирски интермецо” од Хајне (1952), „Отело” од Шекспир (1953), „Поезија“ од Александар Блок (1966), „Крштавање на Савица“ од Прешерн (1980).
Од 4 јуни 1997 година Филолошкиот факултет во Скопје го носи неговото име.
Книжевен опус на Блаже Конески (1974), Огари и нови иесни (1979), Места и мигови (1981), Чешмите (1984), Послание (1987), Црква (1988), Златоврв (1989), Сеизмограф (1989), Небеска река (песни и препеви, 1991), Црн овен (1993); Раскази: Лозје (1955); Прозни записи:
Дневник по многу години (1988). Едночинка: Гладна кокошка просо сонуе (1945); Лингвистички и научни трудови: Македонски учебници од 19. век (1949 – прв дел; 1959 – втор дел), Македонската литература во 19. век (1950 – прв дел; 1952 – втор дел), Граматика на македонскиот литературен јазик (1952 – прв дел; 1954 – втор дел); Историја на македонскиот јазик (1965), Јазикот на македонската народна поезија (1971), Македонскиот 19. век, јазични и книжевноисториски прилози (1986), Тиквешки зборник (1987), Прилепскиот говор, Историска фонологија на македонскиот јазик (2001 – постхумно во превод на македонски јазик); Есеи: За македонската литература (1961), Беседи и огледи (1952), Ликови и теми (1987), Македонски места и теми (1991), Светот на легендата и песната (1993); Редакција: Речник на македонскиот јазик (1961 – прв том; 1965 – втор том; 1966 – трет том).
Починал на 7 декември 1993 година.
Димитар Кондовски (1927-1993)
Датум на раѓање:
30 септември 1927
Место на раѓање:
Прилеп
Членство во МАНУ:
Дописен член, 1991
Институции:
Област на работа:
Биографија
Кондовски, Димитар (Прилеп, 30. IX 1927 – Скопје, 8. VIII 1993) – сликар, сценограф, дизајнер, дописен член на МАНУ, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Има особено значење за развитокот на македонското современо сликарство во шеесеттите години. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград (1952). Излагал самостојно во Скопје, Загреб. Рим, Њујорк. Во почетокот, во сликите Шаховска табла, Арлекин и Балкон има влијание од Париската школа. Подоцна оформува автохтон геометриски израз, втемелен врз средновековното сликарство и ориенталната орнаментика, и од визуелен и од технолошки аспект (Самрак, Полиптих 2). Користел технологија карактеристична за изработката на икони. Работел и на полето на сценографијата, графиката, илустрацијата.
Починал на 8 август 1993 година.
Димче Коцо (1910-1993)
Датум на раѓање:
10 октомври 1910
Место на раѓање:
Охрид
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1974
Институции:
Област на работа:
Биографија
Роден е во Охрид на 10 октомври 1910 година. Матурирал во Битола, а дииломирал во 1937 година на групата Историја за уметноста на Филозофскиот факултет во Белград. Паралелно со студирањсто на Факултетот, учел една година сликарство во Уметничката школа во Белград.
Бил на студиски престој во Франција и Италија. Учествувал со реферати на сите меѓународни конгреси на византолозите, организирани по војната.
Од 1938- 1941 година работи како наставник во средни училишта, а од 1942 до 1944 година бил асистент во Народниот музеј во Скопје.
По војната бил директор на Народниот музеј во Скопје, и на Археолошкиот музеј во Скопје и на Заводот за заштита на културно-историските споменици на СРМ. Од крајот на 1946 година е наставник по предметот историја на уметноста на Филозофскиот факултет, првин во звање предавач, а во 1963 година е избран за редовен ирофесор. Во учебните 1950/51 и 1957/58 година бил декан на Филозофскиот факултет во Скопје, а во 1951-1952 и 1958-1959 година продекан на истиот факултет.
Бил одговорен уредник на Гласникот на Музејско-конзерваторското друштво на СРМ и на Зборникот на Археолошкиот музеј во Скопје, редактор на Енциклопедијата па Ликовните уметности (за Македонија), потоа претседател и член на ДЛУМ, како и на повеќе управи на друштва од републичко и од сојузно значење и прстседател на повеќе совети.
Донисен член е на Германскиот археолошки институт во Франкфурт на Мајна (од 1955), а во 1969 година е избран за (Doctor Honoris Causa на Универзитетот во Безансон).
Бил сојузен пратеник и долгогодишен одборник на Народииот одбор на Скопје.
Добитник е на Награда на Владата на НРМ за 1959 година и на Наградата ,, 11 Октомври “за 1969 година.
Истовремено, тој бил и активен ликовен уметник и критичар. Од ослободувањето до денес има три самостојни изложби, а учествувал на речиси сите изложби па ДЛУМ во Југославија и во странство – Франција и Италија.
Објавил новеќе научни трудови од областа на македонската средновековна уметност, средновековната уметност на другите балкански народи и современата македонска уметност. Неговото капитално дело „Археолошка карта на Република Македонија“ е објавено во три тома под издаваштво на МАНУ.
За дописен член на Македонската акадсмија на науките и уметностите е избран на 25 декември 1969 година, а за редовен член – на 26 декември 1974 година.
Починал на 17 март 1993 година.
Ханс Ем (1898-1992)
Датум на раѓање:
6 јуни 1898
Место на раѓање:
Марибор
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1976
Институции:
Област на работа:
Биографија
Роден е на 6 јуни 1898 година во Марибор, во граѓанско семејство, каде што завршил основно и средно училиште. Го завршил Шумар- скиот факултет при Високата школа за агрикултура. во 1924 година.
Како шумарски инжеиер работел во шумарската оператива во Алексинац, Приштина, Косовска Митровица, Призрен, Кичево и Иванград, потоа во Шумарскиот отсек на Банската управа и ири Дирекцијата па шумите во Скопје, во својство на виш советник. Бил директор на Шумарскиот институт на НРМ, а од 1947 година до 1968 година бил редовен ирофесор на Земјоделско-шумарскиот факултет, кога е и пензиониран.
Член е на Меѓурепубличкиот одбор за координација на работата врз Вегетациската карта на Југославија. Член е на Стручно-научниот совет за заштита на природните реткости при Заводот за заштита на спомениците на културата на СРМ.
Областа на дендрологијата и истражувањата на шумската расти- телност во Македонија се негова основна научна преокуиација.
Активен учесник во НОБ е од 1941 година. Одликуван е со Орден на братството и единството од II ред, Орден заслуги за народот од III ред, Орден на трудот од I и II ред. Добитник е на Наградата „11 Октомври“ (за животно дело) и на Новелбата заслужен член на Сојузот на инженерите и техничарите на Југославија. Почесен член е на Сојузот на инженерите и техничарите на СРМ и добитник на Плакета на град Скопје.
За дописен член на Македонската академија на науките и умет- ностите е избран на 4 мај 1972 година, а за редовен член — на 22 декември 1976 година.
Починал на 9 јули 1992 година.
Александар Матковски (1922-1992)
Датум на раѓање:
30 мај 1922
Место на раѓање:
Крушево
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1991
Институции:
Област на работа:
Биографија
Александар Матковски (Крушево, 30 мај 1922 – Скопје, 15 април 1992) — прв доктор на историски науки од Македонија и прв историчар-ориенталист. Подолго време (до 1936 година) живеел во Гостивар, а потоа се преселил во Скопје. Како член на КПЈ и учесник во НОБ (од 1941 година), бил уапсен на 2.VI.1942 и како малолетник бил осуден на 10 години строг затвор, а казната ја издржувал во Скопје, Варна и Идризово (Скопско, до 29.VII.1944). По бегството од затворот се вклучил во Петтата македонска НО бригада на НОВ и ПОМ. Во затворските денови напишал многу песни на македонски јазик, зачувани во архивот на МАНУ, дел од нив и објавени по ослободувањето. Завршил учителска школа 1947 година во Скопје, виша педагошка школа во 1949 во Белград, филозофски факултет (историска група) во 1951 година во Скопје, докторска дисертација на тема „Ѓурчин Кокалески (1775-1863)“ одбранил во 1957 година на загрепскиот Филозофски факултет, завршил и филолошки факултет (група ориентална филологија) во 1961 година во Белград. Добитник е на повеќе награди и признанија. Додека се школувал, бил вработен како учител и професор во разни осумгодишни и средни училишта (до крајот на 1954), а потоа ја почнал научната кариера (1.I.1954) и ја заокружил со изборот за научен советник во ИНИ (19.II.1971 – до пензионирањето во 1987) и за дописен (1986) и редовен (7.V.1991) член во МАНУ. Повеќе години бил на студиски престои во Каиро, Багдад и Истанбул. Покрај со османлискиот период, се занимавал и со други теми од македонското минато, како и со историјата на Евреите во Македонија. Автор е на познатото хералдичко дело „Грбовите на Македонија“.
Починал на 15 април 1992 година.
Михаил Петрушевски (1911-1990)
Датум на раѓање:
2 јули 1911
Место на раѓање:
Битола
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1967
Институции:
Област на работа:
Биографија
Академик Михаил Д. Петрушевски е роден 1911 година во Битола. Основно училиште и гимназија завршил во родниот град, а класична филологија студирал на Филозофскиот факултет во Белград каде што дипломирал во 1935 година.
По ослободувањето, тој се враќа во Македонија и зема учество во организирањето на Филозофскиот факултет и првиот македонски универзитет. Бил прв декан на Филозофскиот факултет (1946-1949) како и ректор на Универзитетот во Скопје (1956-1958).
Напоредно со овие организациски ангажмани, Петрушевски е еден од иницијаторите и долгогодишен одговорен уредник на првобитно сојузното југословенско, а подоцна угледно меѓународно научно списание Жива Антика.
Тој мошне млад се јавува во науката како многустран ерудит, студиозен и оригинален истражувач во областа на класичната филологија. Меѓу неговите први достигања на меѓународнот научен план се издвојува херменевтичкиот приод кон делата на истакнати антички автори: Хомер, Ајсхил, Аристофан, Хесихиј, Полукс и др. Според сопственото признание, за најзначајно го смета истражувањето и емендациите на Аристотеловата Поетика каде што дава вонреден придонес со иновативното и аргументирано толкувањето на дефиницијата на трагедијата. Остварените резултати на ова поле добија соодветен одглас и признание во светската наука и се претворија во еден од препознатливите печати на македонската класична филологија.
Значаен на меѓународен план е и прилогот на Петрушевски во микенологијата, нова наука од средината на XX век на која тој ѝ пристапува уште од самите почетоци. Веднаш по дешифрирањето на линеарното Бе писмо (1952/3), тој се вклучува во најтесниот круг на класични филолози кои нудат толкувања на микенски знаци и зборови што беа прифатени од светските специјалисти.
На национален план е голем придонесот на Петрушевски со неговите препеви на делата на Хомер (Илијада и Одисеја) во кои се јави не само како голем познавач на хомерскиот грчки туку и на македонскиот поетски јазик. Внесувајќи во својот препев на Хомер бројни архаизми и дијалектизми, тој успеја не само да ја збогати изразната моќ на македонскиот јазик туку и да даде верен и продлабочен одраз на оригиналниот хомерски јазик што е редок случај во светската преведувачка постапка. На овој план е значаен и придонесот остварен во критичките изданија и преводи на делата на Григор Прличев (Мартолозот и Скендербеј). Тоа се дела со капитално значење за македонската култура воопшто кои остануваат основа за многу натамошни научни истражувања.
Неговиот научен опус опфаќа околу 200 објавени трудови од кои голем дел се на француски, германски, англиски, грчки, латински и италијански јазик.
Своите научни откритија ги има презентирано не само во земјата туку и на низа предавања во светот, на универзитетите во: Москва, Санкт Петербург, Безансон, Берлин, Рим и др.
За високите дострели остварени во науката, Михаил Д. Петрушевски се здобива со признанија од многу страни. Тој е еден од членовите-основоположници на МАНУ. Меѓу признанијата се издвојуваат: Орден за трудот од I ред, Орден заслуги за народ со златна ѕвезда и Орденот на Републиката со златен венец. Добитник е на највисоки награди: Наградата АВНОЈ на југословенско ниво и на највисоката македонска награда „11 Октомври“.
Михаило Апостолски (1906-1987)
Датум на раѓање:
8 ноември 1906
Место на раѓање:
Ново Село
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1967
Институции:
Област на работа:
Биографија
Роден е на 6 ноември 1906 година во Штип во сиромашно занает- чиско семејство. Основно училиште и седум класа гимназија завршил во Штип во 1924 година. Воена академија завршил во 1927 година, а од 1931 до 1933 година ја завршува Вишата воена академија во Белград. Од 1935 до 1938 година ја завршува Генералштабната припрема (Академија). Паралелно со ова, завршува и два радио-телефонски курса.
Како активен офицер на бившата Југословенска војска, службувал во Штип, Белград, Земун, Сушак, Огулин и Љубљана.
Учесник во НОБ е од 1941 година, отпрвин како член на Покраинскиот штаб за Македонија, а подоцна, од 1942 година, како командант на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Од 1945 до април 1946 година е помошник-началник на Генералштабот на ЈНА, потоа, до есента 1952 година, командант на Армијата во Сараево. Од есента 1952 до септември 1955 година е началник на Вишата воена академија, а до јуни 1958 година е началник на пешадијата на ЈНА. Пензиониран е како генерал-полковник.
Од јануари 1965 година е директор на Институтот за национална историја.
Покрај воени функции, заземал и разни политички и општествепи функции. На Второто заседание на АВНОЈ во Јајце е избран за член на Претседателството на АВНОЈ, а потоа — и на Третото заседание на АВНОЈ. Од 1945 до 1963 година е пратеник во Сојузното собрание. На Првото и на Второто заседание на АСНОМ е член на Претседателството, а од 1945 година двапати е пратеник во Народното собрание на Македонија. Бил член на ЦК КПМ од 1948 година до Вториот конгрес на КПМ. Заземал разни функции во Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија и во Сојузот на борците од НОБ.
Учествувал на повеќе конгреси и симпозиуми во земјата и во странство со реферати и дискусии.
Одликуван е со повеќе домашни и странски одликувања, меѓу кои и со Орден на народниот херој и Орден на Републиката со златен венец. По повод 70-годишнината од животот, за исклучителни заслуги во Народноослободителната борба и за значителен придонес во изградбата на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, одликуван е со Орден на народното ослободување.
За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 18 август 1967 година, а од 24 декември 1975 година се наоѓа на должноста претседател на Македонската академија на науките и уметностите.
Во 1968 година е избран за дописен член на Српската академија на науките и уметностите, во 1976 за почесен член на Друштвото за наука на Косово, а во 1977 година за дописен член на Словенечката академија на науките и уметностите.
Починал на 7 август 1987 годинa.
Јордан Грабулоски (1925-1986)
Датум на раѓање:
19 март 1925
Место на раѓање:
Прилеп
Членство во МАНУ:
Дописен член, 1981
Институции:
Област на работа:
Биографија
Грабулоски (Грабул), Јордан (Прилеп, 12. III 1925 – Скопје, 26. V 1986) – скулптор, член на МАНУ. Учествувал во НОВ. Има големо значење за развојот на модерната скулпторска мисла, со особен придонес во споменичките пластика. Познат е како најкарактеристичен претставник на минималистичките скулптура. Завршил Академија за ликовни уметности во Белград (1952). Бил член на авангардната група „Денес“ (1953). Самостојно се претставил во Скопје (1966,1970, 1986, 1988) со ретроспектива во Музејот на современата уметност во Скопје (2006), Охрид (1961), Париз (1985). Учествувал на групни изложби во Белград, Загреб, Љубљана, Париз, Лондон, Виена, Атина, Венеција, Каиро. Изработил многубројни споменици, користејќи разновидни стилски определби од реализмот и социјалистичкиот реализам (Ваташа, 1962; Белчишта, 1958; Прилеп, 1958; Кичево, 1963; Скопје, 1965) до асоцијативен геометризам (Отешево, 1973; Гевгелија. 1969; Крушево, 1974). Во скулптурата, во почетокот на 50-тите години ја следел традицијата на реалистичната пластика (Споменик на Ни- кола Карев, 1953), а од 1953 г. ја стилизирал и поедноставувал формата (Крешчендо, 1961; Отпор, 1961; Самоник, 1966). Врвот на минималистичкиот јазик го достигнал во боените дрвени објекти (Инстинкт, 1969; Контемплација, 1969), служејќи им како нарадигма на идните колеги истомисленици. Починал на 26 мај 1986 година.
Љубен Лапе (1910-1985)
Датум на раѓање:
11 октомври 1910
Место на раѓање:
Прилеп
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1976
Институции:
Област на работа:
Биографија
Роден е во Прилеп на 11 октомври 1910 година, во работничко семејство. Основно образование завршил во Прилеп, а матура во Битола. Во 1936 година дипломирал на групата Општа историја на Филозофскиот факултет во Белград. Од 1936-1940 година работи како наставник во Трговско-занаетчиското училиште во Прилеп, од 1940-1944 година, со прекини, е професор во Подгорица, Струмица, Елхово и Панаѓуриште. По ослободувањето па Македонија, првиц е прочелник ио просвета при Обласниот НОО во Битола, потоа помошник министер за просвета на НРМ, а од 1946 година до денес е професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Во 1972 година е избраи за дописен член на МАНУ, а во 1976 година – за нејзин редовен член.
Уште како студент се вклучил во напредното студентско движење во Белград, а во Прилеп бил претседател на Студентското друштво и учесник на повеќе културно-иросветни и политички акции во 1радот. Поради тоа бил прогонуван и затворан од ненародните режими во бивша Југославија. Во време ца германско-фашистичката окупација активно го помагал, морално и материјално, народцоослободителцото движење, поради што бил апсен и затворен во концентрациониот логор во Чучулигово (Бугарија).
Непосредно по ослободувањето е еден од организаторите на македонската просвета и школство, како и на повеќе културно-про- светни и научни установи во Македонија (Педагошката академија, Институтот за национална историја, Архивот на Македонија, Филозофскиот факултет и др.). Основоположпик е на Катедрата и на Семи- нарот по историја на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што, од неговото осцовање па до денес, одржува настава по историја на македонскиот народ. Истовремено, бил, во првите години од основањето на Институтот за национална историја, негов хонорарец директор.
Припаѓа во редот на иницијаторите за основање на првото историско списание во Македонија, Гласникот на Институтот за национална историја, и подолго време негов одговорен уредник. Членувал во редакциски одбори на македонски и на југословенски списанија. Соработник бил на ,,Енциклопедија на Југославија”, како и на тритомната ,,Историја на македонскиот народ”.
Со свои реферати учествувал на сите конгреси на Сојузот на југословенските историчари и на три меѓународни конгреси (Рим, Прага и Софија).
Покрај редовната настава на Филозофскиот факултет и на пост- дипломските студии по историја на македонскиот народ во XIX век при Факултетот, основна преокупација му е ионовата историја на македонскиот народ. Потпирајќи се врз своите научни истражувања во југословенските и во архивите на Франција, СССР, Бугарија и Швајцарија, извршил периодизација на историјата ца македонскиот народ и на неговиот историски развиток од VI век до првите децении на XX век. Резултатите од своите цаучни истражувања ги објавил во повеќе статии, во неколку зборшци и во одделни книги.
За својата долгогодишна организаторска, културно-просветна и научна дејност повеќе пати е одликуван и наградуван. Добитник е на Наградата “Климент Охридски” и на Наградата “11 Октомви”.
Починал на 24 ноември 1985 година.
Харалампие Поленаковиќ (1909-1984)
Датум на раѓање:
17 јануари 1909
Место на раѓање:
Гостивар
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1967
Институции:
Област на работа:
Биографија
Роден е во Гостивар на 17 јануари 1909 година во занаетчиско семејство. Основно училиште завршил во родниот град, гимназија и филозофски факултет (1934) — во Скопје, а докторирал во Загреб (1939).
Од 1935—1936 година бил асистент-дневничар, од 1939—1941 година — асистент при Катедрата за југословенски книжевности на филозофскиот факултет во Скопје, од јуни 1941 година до август 1946 годипа — асистент на Филозофскиот факултет во Белград, од август до ноември 1946 година — началник во Министерството за просвета на НРМ, од ноември 1946 до 1956 година — вонреден професор, а потоа, до пензионирањето, редовен професор на Филозофскиот (Филолошкиот) факултет во Скопје.
Во време од 1946—1960 година бил шеф на Катедрата за историја па книжевностите на народите на СФРЈ, 1950/51 година — продекан, а во 1953/54 година — декан на Филозофскиот факултет. Од 1960 година наваму повеќе години бил хонорарен наставник на Филозофскиот факултет во Приштина.
Член е па повеќе научни и ошитествени органи и организации од факултетско, универзитетско, градско, републичко, сојузно и меѓународно значење.
Бил главен уредник на ,,Енциклопедија на Југославија“ (I издание од 1950—1972 г., II издание од 1976 г.). Еден e од основачите на Друштвото за македонски јазик и книжевност и главен уреднк на списанието ,,Литературен збор“ (за книжевност). Учествувал на сите повоени меѓународни конгреси на славистите и на други меѓународни и југословенски конгреси со свои реферати. Со одбрани предавања од областа на македонската книжевност гостувал на новеќе универзитети во Југославија и во странство (Загреб, Љубљана, Задар, Белград, Нови Сад; Берлин, Хале, Лајнциг; Торонто; Неапол; Крајова, Букурешт; Прага; Варшава, Краков).
Научна преокупација му е македонската книжевност, југословенскиот фолклор, балканистиката, лингвистиката. Со свои прилози од спомнатите области учествувал во изданијата на сите југословенски академии, на повеќе странски и во голем број научни и книжевни списанија во земјата и во странство.
Од 1965 година е член на Српската академија на науките и уметностите, од 1975 година — член на Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина. Почесен член е на Југословенското здружение ,,Наука и друштво“ (од 1973 г.), а и на други научни друштва во земјата.
Бил член на Матичната комисија за формирање на Македонската академија на науките и уметностите и нејзин секретар, редовен член и потпретседател од 1967 година. Од 1975 година е секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука при Академијата.
Одликуван е со следните одликувања: Ордеп на трудот со црвено знаме и Орден заслуги за народ со златна ѕвезда. Добитник е на повеќе повелби и плакети на Универзитетот и на Филозофскиот факултет во Скопје, на градот Скопје, на градот Гостивар, на ,,Матица српска“.
Добитник е на Наградата ,,13 Ноември“ на Град Скопје (1966), на Наградата ,,11 Октомври“ — за животно дело (1974), на Наградата на град Тетово (1971) и др.
Починал на 15 февруари 1984 година.
Димо Тодоровски (1910-1983)
Датум на раѓање:
11 декември 1910
Место на раѓање:
Солун
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1974
Институции:
Област на работа:
Биографија
Роден е на 11 декември 1910 година во Солун. Во 1932 година се запишал на Уметничката школа во Белград, а академскиот курс го завршил во 1936 година.
На студиски нрестој бил во Франција и Италија.
Тодоровски е првин сценограф во Народниот театар во Ниш, а потоа живее и работи во Скопје.
По ослободувањето е еден од основачите на Училиштего за нри- менета уметност во Скопје, во кое и денес е нрофесор. Тој е едеп од основачите и па Друштвото на ликовните уметници на Македонија.
Воспитал повеќе генерации скулптори, меѓу кои неколкумина спаѓаат во редот на врвните скулптори на Југославија.
Повеќепати бил избиран за член на Унравата и на Уметничкиот совет на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Бил и член на Уметничкиот совет на Уметничката галерија во Скопје.
Добитник е на Наградата на град Скопје ,,13 Ноември“ за 1961 година, на Наградата ,,11 Октомври“ за 1962 година, а во 1967 година е добитник на Наградата за животно дело. Носител е на Орден на ‘грудот со сребрен венец.
Почнувајќи од 1937 година до денес, учествува па голем број групни изложби во Скопје, во другите градови на нашата земја и во странство. Учествува на сите ревијални изложби на ДЈГУМ.
Нсговите дела се наоѓаат во новеќе музеи и галерии во земјата, или како споменици пред јавни згради во нашата Република.
Неговата скулптура нрипаѓа на фигуративниот импресиони- стички, делумно експресионистички, лиричен иравец, со изразит усег за конструкција и синтеза.
За Дописен член на Македонската академија на науките и умег- иостите е избран на 25 декември 1969 година, а за редовен член — па 26 декемврн 1974 година.
Починал на 27 април 1983 година.
Кирил Миљовски (1912-1983)
Датум на раѓање:
27 мај 1912
Место на раѓање:
Ресен
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1967
Институции:
Област на работа:
Биографија
Роден е во Ресен на 27 мај 1912 година. Основно училиште завр- шил во родниот град, а гимназија — во Битола. Студирал и дипломи- рал на Ветеринарниот факултет во Загреб. Како студент му припаѓал на прогресивното студентско движење и бил редактор на листот ,,Наш весник“, за кој пишува повеќе прилози.
По дипломирањето, работи во ,,Сојузот на здравствените работ- ници“ во Белград, а потоа е преместен во Скопје. Со други напредни интелектуалци организира, во Скопје и во Битола, задруги ,,Селанска помош“ и станува секретар на Организацијата. Поради широката активност во неа, преместен е во Пожаревац.
По капитулацијата на бивша Југославија, се враќа во Битола и учествува во организирањето на Народноослободителната борба. Во 1942 година е затворен од страна иа окунаторските власти и, по псколку месеци истражен затвор е ослободен. Го уредува илегалниот педелен ЈШСТ на Битолската нартиска организација ,,Народен глас“ и продолжува да работи врз организирањето на народноослободителното движење во битолскиот регион. Во 1944 година преминува на ослободената територија. Станува член на редакцијата на ,,Илинденски пат“ и во секој број се јавува со свои статии. Избран е за член на АСНОМ, подоцна — за член на Президиумот на АСНОМ, а сдно време е и негов секретар.
По 9 септември 1944 година е упатен во Бугарија како претстав- ник на Главниот штаб на НОВ и ПОЈ за Македонија. Кон крајот на 1944 година се враќа во Македонија и е именуван за повереник за трговија и снабдување при Президиумот на АСНОМ. Во почетокот на 1945 година е наименуван за член на Југословенската восна мисија во Бугарија. Во мај 1945 година се враќа во земјата и станува прв јавен обвинител за Македонија. Во 1946 година е именуван за претседател на Планската комисија при Владата на НР Македонија, а во 1948 годипа е имеиуван за министер за трговија и сиабдување. Во 1949 година е избран за редовен професор ио политичка економија, а, при форми- рањето на Скопскиот универзитет, избран е за негов прв ректор, а на таа функција бил избирап и подоцна. Од 1951 година, во тек на 15 годипи, е главен и одговорен уредник па ашсапието ,,Преглед“. Член е на Редакцијата на списанието на југословенските економисти „Еконо- мист“. Во 1962 година е избран за претседател на Научната секција па Сојузот на економистите на Југославија. Во 1963 година е именуван за члеи на Економскиот совет на СИС. Бил претседлтел на Републичката организација за просветување на селото ,,Народна просвета“.
Двацати бил на студиски нрестој во Франција, а два месеца престојувал во САД, за да се запознае со организацијата на универзитетите во оваа земја. Учествувал на повеќе југословенски и меѓу- народни научни собири, најчесто со реферати. Од октомври 1965 година е амбасадор на СФРЈ во Данска, а од септември 1967 година — во НР Бугарија. Од 1944 до 1960 година бил биран за пратеник на Народното собрание на СФРЈ. Носител е на домашни и на странски одликуваља, меѓу кои: Ордсн иа трудот од I ред, Орден заслуги за народ со златна ѕвезда, Орден на Републиката со
златсн вспец. Во 1963 година е добит- ник на Октомвриската награда — за трудот ,,КПЈ и македонското национално прашање“.
За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 18 август 1967 година. Сега е секретар па Одделението за општествени науки нри МАНУ.
Починал на 27 април 1983 година.
Ацо Шопов (1923-1982)
Датум на раѓање:
20 декември 1923
Место на раѓање:
Штип
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1967
Институции:
Област на работа:
Биографија
Роден е на 20 декември 1923 година во Штип. Основно и средно образование завршил во родниот град, а филозофски факултет – отсек чиста филозофија – во Скопје.
Учесник е во Народноослободителната борба (НОБ) и носител на Партизанска споменица 1941. Носител е на повеќе одликувања: Орден за храброст, Орден братство-единство од I ред, Орден на Републиката со сребрен венец (1961 г.), Орден на трудот со црвено знаме (1969 г.), Осмоноемвриска награда (1974 г.), Орден заслуги за народ со златна ѕвезда (1974 г.) и други.
Од 1940 г., бил младински раководител и еден од уредниците на партизанската публикација Огин, орган на Третата македонска ударна бригада. Во текот на НОБ и по ослободувањето, играл водечка улога во Главниот одбор на НОМСМ и во покраинскиот комитет на СКОЈ за Македонија. Бил член на ЦК СКМ, а подоцна и сојузен пратеник.
Како младинец, Ацо Шопов бил уредник во списанијата Иднина, Нов ден, Млад борец и Хоризонт. Подоцна бил именуван за главен уредник на Современост и на сатиричниот неделник Остен.
Прв директор на книгооиздателството ,,Кочо Рацин“ (подоцна преименувано во „Македонска книга“), Ацо Шопов го посветил поголемниот дел од работниот живот на издавачката дејност. Бил исто така амбасадор на СФР Југославија во Сенегал, а кариерата ја завршил како Претседател на републичката комисија за културни врски со странство.
Прв претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата, Ацо Шопов претстедавал во неколку наврати со Друштвото на писателите на Македонија. Бил исто така претседател на Координациониот одбор на Сојузот на писателите на Југославија, како и претседател на Сојузот на преведувачите на Југославија.
Ацо Шопов е познат како поет и преведувач на поезија. Почнувајќи од неговата прва збирка, Песни, којашто е едновремено и првата книга објавена на македонски јазик во слободна Македонија, во 1944 год., па сè до последната, Дрво на ридот, објавена во 1980 год., Ацо Шопов ги изгради темелите на една решително современа поезија којашто се потпира на родната Македонија со единствена цел да ја внесе во катастарот на светот. Неговата поезија успева да ги соедини, во едно исто интимно искуство, личните доживувања на поетот и судбината на човештвото.
Добитник е на највисокото југословенско признание, наградата „АВНОЈ“ (1970 г.), како и на низа литературни награди: ,,Кочо Рацин“ — за стихозбирките Слеј се со тишината (1956 г.), Ветрот носи убаво време (1957 г.) и Гледач во пепелта (1970); „11 Октомври“ — за препевот на Хамлет (1960 г.) и за животно дело (1981 г:); „Змаеви детски игри”, за препевот на песните на Јован Јовановиќ-Змај (1967 г.); „Браќа Миладиновци”, за збирката Песна на црната жена (1977 г.).
Негови збирки поезија се препеани на словенечки, унгарски, руски, латвиски, српски и хрватски, француски, романски, шпански, германски, и бугарски јазик. Преведуван е на голем број други странски јазици, во антологии и избори.
Негови попознати препеви од светската класика се: Хамлет, Сирано де Бержерак и Сид, како и поезија од Вилијам Шекспир, Леополд Седар Сенгор, Јован Јовановиќ Змај, Мирослав Крлежа, Драгутин Тадијановиќ, Изет Сарајлиќ, Григор Витез, Отон Жупанчич и други.
На 18 август 1967 година е избран за еден од првите редовни членови на Македонската академија на науките и уметностите, а во 1968 година, за дописен член на Српската академија на науките и уметностите.
Починал на 20 април 1982 година.
Димитар Митрев (1919-1976)
Датум на раѓање:
14 октомври 1919
Место на раѓање:
Деде Агач
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1967
Институции:
Област на работа:
Биографија
Роден е на 14 октомври 1919 година во Деде Агач, Грција, од родители Македонци. Од 1920 до септември 1940 година живее во Бугарија како македонски емигрант. Основно училиште и прогимназија завршува во Трговиште, а класична гимназија — во Шумен. Студира право на Софискиот универзитет. Во текот на војната зел учество во бугарскиот антифашистички отпор, а од септември 1944 година се вклучува во народноослободителното движење во Вардарска Македонија. Член е на Агитпропот на Брегалничко-струмичкиот кор- нус и го редактира „Брегалнички глас“. Уредник е на културната рубрика на ,,Нова Македонија“. Во текот на 1945 година е член на Врховниот суд на Македонија (државен бранител). Во 1946 година ја завршува шестмесечната Новинарска школа во Белград. Од 1946 до 1947 година е помошник на јавниот обвинител на Македонија. а наедно и главен уредник на неделникот ,,Единство“. Од 1948 до 195 . година е помошник директор на Радио Скопје. На скопскиот Филозофски факултет дипломира на групата Филозофија. Од 1950 до 1954 година е предавач по Теорија на литературата на Филозофскиот факултет во Скопје; од 1954 до 1959 година е доцент, а од март 1959 година — редовен професор. Од 1959 до 1963 година бил декан на Филозофскиот факултет, а пред тоа — член на Универзитетскиот совет. Бил шеф на Катедрата за историја на книжевностите на народите на СФРЈ и претседател на Редакцискиот одбор на Годишниот зборник на Филозофскиот факултет.
На студиски престој бил во Франција двапати по три месеци. За време на вториот престој во Париз одржал предавање за современата македонска литература во Институтот за славистика. Во Чехословачка престојувал еден месец во 1960 година, каде што на Филозофскиот факултет одржал неколку предавања од областа на теоријата на литературата. Истите предавања ги одржал на факултетите во Брно и Братислава.
Во 1967 година еден месец престојувал во Москва и Ленинград- каде што на филозофските факултети одржал серија од осум предавања за
развитокот на македонската литература. При еден друг престо во СССР, во 1956 година, како член на југословенска писателска делегација, одржал предавање за актуелните прашања во југословенската литература — во Ленинград, Ереван и Москва. Со свои реферати и дискусии учествувал на повеќе домашни и меѓународни конгреси и симпозиуми.
Од 1961 до 1963 година бил претседател на Сојузот на слави- стичките друштва на Југославија. Бил член на разни факултетски, универзитетски, градски, републички и сојузни одбори. Еден е од основачите на Друштвото на писателите на Македонија, чиј претседател бил повеќепати. Бил уредник и на списанијата ,,Нов ден“ и ,,Современост“, а, исто така, и член на повеќе домашни и странски научни и културни друштва. Бил републички и сојузен пратеник.
Добитник е на повеќе републички награди, меѓу кои и на Наградата ,,11 Октомври“. Одликуван е со Ордии на братството и единството од I ред, Орден на трудот од I ред и Орден заслуги за народот со златен венец.
За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 18 август 1967 година.
Починал на 24 февруари 1976 година.
Димитар Арсов (1908-1974)
Датум на раѓање:
28 септември 1908
Место на раѓање:
Крива Паланка
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1967
Институции:
Област на работа:
Биографија
Роден е на 28 ноември 1908 година во Крива Паланка. Матурирал во Куманово во 1926 година. Од 1926 година студирал на Медицинскиот факултет во Париз, каде што дипломирал во 1932 година. Докторирал на Сорбона — Париз, во 1936 година.
Од 1932 година е екстерен асистент во клиниките на Универзитетот во Париз. Од 1938 до 1941 година е хонорарен лекар на Интерното одделение во Железничката и во Армиската болница во Скопје, од 1941 до 1944 година е лекар на Интерното одделение и шеф на Градното одделение при Државната болница во Скопје, од 1944 до 1947 година е шеф на Интерното одделение при Земската болница во Скопје. Во 1947 година е избран за асистент, во 1950 година — за доцент, во 1957 година — за вонреден професор и во 1958 година — за редовен професор при Интерната клиника па Медицинскиот факултет во Скопје. Од 1952 година е управител на Интерната клиника и исто- времено две години бил и в. д. директор на Инфективната клиника во Скопје.
Бил член на Association des médecins de langue française, на Друштвото на кардиолозите на Југославија, на Европското и на Интернационалното кардиолошко друштво, на Друштвото на ревматолозите па Југославија, на Европското и па Интернационалното ревматолошко друштво, долгогодишен претседател на Интернистичка секција при Македонското лекарско друштво и претседател на Ревматолошката секција при Друштвото. Бил член на Управата на Здружението на кардиолозите на Југославија, на Здружението на ревматолозите на Југославија и на Здружението на ендокринолозите на Југославија.
Носител е на Ноемвриската награда. Има добиено Плакета на град Скопје. Одликуван е со Орден на трудот од II ред, Орден на трудот со сребрено знаме и Орден заслуги за народ со златна ѕвезда. Добил плакети и од Светското хематолошко друштво во Париз, од Универзитетот и од Градското собрание на Безансон (Франција).
Промовиран е за doctor honoris causa на Универзитетот во Безансон, во 1961 година.
Објавил над 100 научни и стручни трудови, од кои 15 на француски јазик. Напишал пет учебници за студенти по медицина и стоматологија и за средните медицински училишта. Трудовите му се од речиси сите подрачја на интерната медицина и се однесуваат на разни проблеми на клиничката патологија, а особено на ревматологијата. Дал повеќе студии од областа на кардиологијата, ревматологијата, хематологијата, дијагностиката на внатрешните болести и др.
Учествувал на повеќе меѓународни научни конгреси во странство (Франција, Белгија, Чехословачка, Унгарија, Грција, Бугарија), како и на повеќе конгреси на интер1шсти, кардиолози, ревматолози, ендокринолози и радиолози во земјата.
За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 18 август 1967 година.
Починал на 2 јули 1974 година.
Никола Мартиноски (1903-1973)
Датум на раѓање:
15 август 1903
Место на раѓање:
Крушево
Членство во МАНУ:
Редовен член, 1967
Институции:
Област на работа:
Биографија
Роден е во 1903 година по Крушево. Завршил Академија за ликовни уметности во Букурешт во 1927 година. Студиите ги продолжил во Париз од 1927—1928 година на Академијата Гранд Шомиер и од 1928—1929 година — на Академијата Рансон.
Мартиноски е еден од основачите и прв директор на Уметничкото училиште во Скопје, а потоа директор на Уметничката галерија. Бил член на Друштвото на ликовните уметници, член на Републичкиот совет за култура.
Почнувајќи од 1929 година наваму, има остварено голем број самостојни и групни изложби во Скопје, во други југословенски градови и во странство. Во Скопје има излагано десет самостојни изложби и девет групни; во Белград — пет самостојни и осум групни; во Загреб — три самостојни и две групни; во Љубљана — две самостојни. Излагал во Нови Сад, Дубровник, Сомбор, Цетиње. Во странство * излагал самостојно во Париз и Дижон, групно — во Париз, Вашингтон, Њујорк, Канада, Дижон, Брадфорд, Лондон, Москва, Ленинград. Киев и во скандинавските земји.
Добитник е на голем број награди: Награда за дипломска работа. — во Букурешт (1927), Награда на градот Скопје (1953 и 1955), Октомвриска награда на СРМ за сликарство (1959), Сребрена плакета на Сојузот на ликовните уметници на Југославија (1964), Награда за животно дело (1964), Награда АВНОЈ (1967) и Награда ,,Нерешки мајстори“ на Есенската изложба на ДЛУМ (1968).
Неговите дела се наоѓаат во повеќе музеи и галерии во земјата во Галеријата „Никола Мартиноски“ во Крушево, во уметничката галерија — Скопје, во Музејот на современата уметност — Скоп.. во музеите и во галериите во Охрид, Штип, Прилеп, Битола, Струмица, во Народниот музеј во Белград, во Музејот на современата уметност во Белград, во Уметничката галерија во Сараево, во Модерната галерија во Љубљана, во Институтот на ЈАЗУ во Загреб, како и во бројни приватни колекции во земјата и во странство (Англија, Франција, Канада и др.).
За редовен член на Македонската академија на науките И уметностите е избран на 18 август 1967 година.
Починал на 7 февруари 1973 година.
- Јордан Поп-Јорданов (1925 – 2024)
- Редовен член
- Луан Старова (1941-2022)
- Редовен член
- Радован Павловски (1937-2022)
- Редовен член
- Момир Х. Поленаковиќ (1939-2021)
- Редовен член
- Богомил Ѓузел (1939-2021)
- Редовен член
- Георги Старделов (1930-2021)
- Редовен член
- Ратко Јанев (1939-2019)
- Редовен член
- Ѓорѓи Филиповски (1919-2019)
- Редовен член
- Иван Катарџиев (1926–2018)
- Редовен член
- Блаже Ристовски (1931–2018)
- Редовен член
- Боро Митриќески (1927 – 2018)
- Редовен член
- Милан Ѓурчинов (1928-2018)
- Редовен член
- Матеја Матевски (1929-2018)
- Редовен член
- Цветан Грозданов (1936-2018)
- Редовен член
- Глигор Чемерски (1940-2016)
- Редовен член
- Томе Серафимовски (1935-2016)
- Редовен член
- Томе Бошевски (1937-2015)
- Редовен член
- Илија Васков (1934-2014)
- Редовен член
- Благој Попов (1923-2014)
- Редовен член
- Петар Хр. Илиевски (1920-2013)
- Редовен член
- Ташко Георгиевски (1935-2012)
- Редовен член
- Ристо Лозановски (1925-2011)
- Редовен член
- Георги Ефремов (1932-2011)
- Редовен член
- Евгени Димитров (1919-2010)
- Редовен член
- Никола Узунов (1930-2010)
- Редовен член
- Крум Томовски (1924-2010)
- Редовен член
- Гане Тодоровски (1929-2010)
- Редовен член
- Ѓорѓи Чупона (1930-2009)
- Редовен член
- Никола Кљусев (1927-2008)
- Редовен член
- Ксенте Богоев (1919-2008)
- Редовен член
- Блага Алексова (1922-2007)
- Редовен член
- Ристо Аврамовски (1943-2007)
- Редовен член
- Петре М. Андреевски (1934-2006)
- Редовен член
- Исак Таџер (1916-2005)
- Редовен член
- Александар Андреевски (1922-2005)
- Редовен член
- Милчо Ристов (1931-2005)
- Редовен член
- Тодор Скаловски (1909-2004)
- Редовен член
- Анте Поповски (1931-2003)
- Редовен член
- Александар Спасов (1925-2003)
- Редовен член
- Кирил Мицевски (1926-2002)
- Редовен член
- Петар Серафимов (1915-2001)
- Редовен член
- Иван Дејанов (1932-2001)
- Редовен член
- Александар Христов (1914-2000)
- Редовен член
- Властимир Николовски (1925-2001)
- Редовен член
- Славко Јаневски (1920-2000)
- Редовен член
- Оливера Јашар-Настева (1922-2000)
- Редовен член
- Манол Пандевски (1925-1998)
- Редовен член
- Божидар Видоески (1920-1998)
- Редовен член
- Данчо Зографски (1920-1997)
- Редовен член
- Пенчо Давчев (1922-1995)
- Редовен член
- Васил Иљоски (1902-1995)
- Редовен член
- Љупчо Серафимов (1930-1995)
- Дописен член
- Вангел Коџоман (1904-1994)
- Редовен член
- Блаже Конески (1921-1993)
- Редовен член
- Димитар Кондовски (1927-1993)
- Дописен член
- Димче Коцо (1910-1993)
- Редовен член
- Ханс Ем (1898-1992)
- Редовен член
- Александар Матковски (1922-1992)
- Редовен член
- Михаил Петрушевски (1911-1990)
- Редовен член
- Михаило Апостолски (1906-1987)
- Редовен член
- Јордан Грабулоски (1925-1986)
- Дописен член
- Љубен Лапе (1910-1985)
- Редовен член
- Харалампие Поленаковиќ (1909-1984)
- Редовен член
- Димо Тодоровски (1910-1983)
- Редовен член
- Кирил Миљовски (1912-1983)
- Редовен член
- Ацо Шопов (1923-1982)
- Редовен член
- Димитар Митрев (1919-1976)
- Редовен член
- Димитар Арсов (1908-1974)
- Редовен член
- Никола Мартиноски (1903-1973)
- Редовен член
- Надвор о