Повеќе информации околу Планот за родова еднаквост и неговата имплементација во МАНУ, можете да добиете на следните линкови:
План за родова еднаквост
Одлука за формирање комисија
За соодветно спроведување, операционализација и следење на акциите презентирани во Планот за родова еднаквост (во понатамошниот текст: Планот), се формира комисија од 5 члена, вработени во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
За поефикасен развој на Планот и адекватна интерпретација на добиените резултати, комисијата ќе биде составена од членови од различни области и ќе придонесе за исполнување на целите предвидени во Планот.
Оваа комисија е задолжена за реализација на сите активности и еднаш годишно ќе објавува извештај за исходите од имплементацијата на Планот, и по потреба респективно ажурирање на Планот.
Работата на Комисијата ја надгледува Извршниот одбор на МАНУ, а годишниот извештај на Комисијата се усвојува од Претседателството на МАНУ.