Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ е основан во 2000 година како научна организациска единица на Македонската академија на науките и уметностите. Со него раководи редовен член на МАНУ. Советот на Центарот го сочинуваат членови на МАНУ (од различни одделенија на Академијата), како и познати научни работници од академската заедница на Република Македонија. Во Центарот се вработени: еден виш научен советник, двајца истражувачи-соработници и еден технички секретар. Центарот има широка база на постојани соработници (од редот на економската заедница, т.е. од државните и приватните универзитети на Република Македонија) и соработници по одделни проекти – афирмирани експерти од областитена кои се однесуваат проектите.
Фактот што Центарот постои и функционира како организациска научна единица во рамките на МАНУ му дава посебна, специфична научна тежина, од аспект на независноста, непристрасноста и академската слобода во истражувањето на стратегиски прашања од посебен интерес за Република Македонија. Основните цели и задачи на Центарот се дефинирани на следниов начин:
Центарот има богата меѓународна научна соработка: со неколку центри од Република Турција, со Турската агенција за развој – TIKA, со Институтот за економски истражувања на Бугарската академија на науките, со Институтот за социологија при Романската академија и со центрите за стратегиски истражувања од балканските земји што се членки на Балканската комуникациска мрежа. Центарот има склучено договори за соработка со: Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење, Центарот за економски анализи, Институтот за геостратегиски истражувања и надворешна политика (ИГИНП) при МНР и други, а активно соработува и со Сојузот на стопанските комори на Македонија.
Во текот на своето постоење Центарот иницираше и реализира 10 научноистражувачки проекти за проблеми и прашања од стратегиски интерес за Република Македонија, пет меѓународни конференции и организира голем број тркалезни маси, работилници, презентации и сл. Истражувачката активност е позиционирана во повеќе научни области – економија, право, евроатлански интеграции (посебно хармонизација на правниот систем на Република Македонија со правото на Европската Унија и евалуација на судските реформи), високо образование и наука, историја, политикологија, култура, односи со соседните земји и со Турција, демографија и др. Дел од резултатите од научноистражувачката работа се публикувани во посебни изданија (15), кои редовно се дистрибуираат и до соодветните владини ресори и институции за да послужат како основа за креирање политики во областите на кои се однесуваат. Соработниците на Центарот ги презентираат резултатите од научноистражувачката работа на меѓународни конференции и ги објавуваат во меѓународни списанија.
Во Центарот во тек е реализација на следниве научноистражувачки проекти:
Повеќе информации за работата на Центарот може да се прочитаат на веб-страницата: strategiski.manu.edu.mk