На 19 декември 2018 со почеток од 10.00 часот во амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите се одржа тркалезна маса на тема: „Македонија мегалополис – и други идеи за регионален развој, спречување на иселувањето и создавање на средна класа во Република Македонија“, во организација на Економскиот институт за истражување и политики „Finance think“, Универзитетот Американ колеџ Скопје и Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ.

Целта на одржувањето на ваков настан е поттикнување на стручни и научни размислувања за развојот на Република Македонија, особено за идеите за политики кои би влијаеле на: регионалниот развој  на Република Македонија, намалување на иселувањето на населението и подобрување на економскиот развој преку создавање на средна класа, а во знак на воспоставување на заедничка соработка меѓу високообразовните институции во државата, НВО секторот и МАНУ како највисока научна институција во државата.

На настанот беа поканети учесници од кои се очекува да ддадат инпут во креирањето на политиките кои влијаат на регионалниот развој.

Настанот со свое обраќање го отвори акад. Таки Фити, претседател на МАНУ по што свое излагање имаше и акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ.

Потоа, на настанот свое учество зеде г-дин Горан Сугаревски, Министер за транспорт и врски кој говореше за Патната инфраструктура како основа за развој на внатрешноста на Македонија. Проф. Марјан Бојаџиев од УАКС ја презентираше својата анализа за Македонија Мегалополис со предлог модел за развој на Република Македонија преку создавање на средна класа. Проф. д-р Изет Зекири, декан на Факултетот за бизнис и економија при УЈЕ зборуваше за Регионалниот развој како предуслов за интегрирање на Република Македонија во Европска Унија.

Видеото од настанот е достапно на следниот ЛИНК.

Поканата и агендата за тркалезната маса може да ги погледнете: ТУКА.

Фотографии од настанот: