Акад. Владо Стругар е роден на 28 декември 1922 година во Цеклин, Црна Гора.
Гимназија завршува во 1941 година во Цетиње, а потоа, во 1953 година, дипломира во Институтот за општествени науки во Белград. Во 1957 година завршува виша воена академија, а во 1964 година магистрира на Филозофскиот факултет во Белград. Во 1968 година, во Академијата иа науките на СССР, во Москва, докторира на тема од областа на историските науки.
За време на Народноослободителната војна и Револуцијата на народите и народностите на Југославија е политички комесар на чета, баталјон и бригада на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Југославија.
По војната, редоследно, е вршител на должноста политички комесар на дивизија и началник на разни раководни, наставни и научни отсеци и одделенија во Пешадиската офицерска школа, Военополитичкага школа, Военоисторискиот музеј и институт и Военоиздавачкиот завод на Југословенската народна армија. Службата во војската ја завршува во 1971 година во чин потполковник.
Творечката дејност на акад. Владо Стругар опфаќа активност на литературното поле, објавувајќи есеи во печатот, како и збирка раскази, а заедно со писателот Божо Булатовиќ составува антологија на југословенската проза и поезија од периодот 1918—1968 година, на тема: „Татковината — Партијата — Рево- луцијата“.
Неговата научна дејност од областа на историјата и историографијата се овдвива во рамките на областите: социјалдемократското сфаќање на југословенското национално прашање (од 1890 до 1919 година), политичкото дејствување на социјалдемократските партии во времето на Првата светска војна (1914—1919), југословенската држава по Првата светска војна (1918—1920), Југославија во Втората светска војна (1941—1945) и посебно Народноослободителната војна и Револуцијата на народите и народностите на Југославија, потоа, Европа во дваесеттиот век и др.
Негови книги и стагии за проблеми од наведените области се преведени на јазиците на народите и народностите на Југославија и на повеќе странски јазици.
Неговата вонредна успешна студија за карактерот и специфичностите на Народноослободителната војна и Револуцијата во Македонија „Местото на Македонија во историографијата на Југославија во Втората светска војна дава продлабочена анализа на движечките сили и посебности на востанието на македонскиот сегмент на југословенската револуција.
Од сопствена побуда и од општествена и стручна потреба акад. Владо Стругар има напишано и објавено над 50 прикази и белешки за книги коишто содржат податоци и за големата тема: Европа во дваесеттиот век.
Академикот Владо Стругар е член на редакцијата на „Југословенски историјски часопис” и член на уредувачкиот одбор на „Гласник цетињских музеја“. Бил главен и одговорен уредник на периодичните публикации: „Војно-историјски гласник“ (1963—1967) и „Југословенски историјски часопис“ (1970— 1973), како и член на редакција, односно на колектив на автори, на повеќе трудови.
Во рамките на неговага општествена ангажираност, бил член на: Претседателството на Сојузот на друштвата на историчарите на Југославија, на научните совети на Историскиот институт на Црна Гора и на Институтот за работничко движење на Србија. Сега е член на: Југословенскиот комитет за историски науки, Меѓуакадемискиот одбор за проучување на причините и последиците на Втората светска војна, Програмскиот совет на Издавачкото претпријатие „Обод“ (Цетиње), Издавачкиот совет на „Партизанска књига“ (Љубљана-Белград) и др.
Носител е на повеќе одликувања: „Споменица 1941“, Орден братство и единство со златен венец, Орден партизанска ѕвезда со пушка, Орден за храброст. За трудовите од историографијата е награден во 1969 година со Наградата „4 Јули“ и во 1971 година со Тринаесетјулската награда на Црна Гора.
За редовен член на Друштвото за наука и уметност на Црна Гора е избран на 6 март 1973 година, а за редовен член на Црногорската академија на науките и уметностите — на 28 март 1976 година.
За член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав е избран на 23 ноември 1981 година.