СТЕФАН ВОДЕНИЧАРОВ е роден на 1 септември 1944 во Софија, Бугарија. Се стекнал со дипломата машински инженер на Техничкиот универзитет во Софија во 1968 година со специјалност технологија на металите. По одбраната на дисертација во 1974 година е удостоен со научен степен кандидат на техничките науки (денес: доктор) и доктор на технички науки во 1998 година. Во 1989 година станува доцент, а во 1991 година професор. За дописен член на Буагарската академија на науките е избран во 2004, а за академик во 2012 година.
Од 1969 година работи во Институтот за металознание при БАН. Бил е негов заменик-директор во четири мандати; директор на Институтот е од крајот на 2007 година, а за претседател на БАН со 4-годишен мандат на 3 декември 2012 година. Во период меѓу 6 февруари 2013 и 13 март 2013 година бил министер за образование, млади и наука во Владата на Бојко Борисов. Од 2013 година тој е претседател на Бугарската академија на науките, при што тој активно се залага за развој на македноско-бугарските односи во науката. По негова иницијатива во 2014 година се реализираа повеќе од 30 заеднички прокети меѓу МАНУ и БАН.
Главните насоки на неговата научна и научно-апликативна активност се: механика на материјали и испитување процесите на создавање и развој на пукнатини; управување со ресурси на уникатни индустриски капацитети – нуклеарни реактори, магистрални гасоводи и и нафтоводи, генератори на пареа и др .; импулсно деформирање; создавање на системи за заштита кои работат на различни физички принципи; развој на интелигентни управувачки системи за заштита. Автор е на повеќе од 70 патенти и над 160 публикации. Раководител е на 207 научни проекти и 21 научни настани во областа на енергетиката и одбраната. Учествува како експерт во национални и меѓународни организации.
За својата богата и значајна научна и професионална дејност, Стефан Воденичаров е добитник на голем број признанија, меѓу кои: орен „Стара Планина“прв степен, почесен знак „арин Дринов“за значителни заслуги кон хемијата, звање „доктор хонорис кауза“ на Техничкиот универзитет во Варна, почесна значка за заслуги, како пронаоѓач на Министерството за економија, плакета од министерот за одбрана за заслуги, Голема награда на Бугарската стопанска комора за создавање на серија високо-технолошки производи, обезбедување на националната безбедност.
Избран е за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за технички науки.