Највисок орган на Македонската академија на науките и уметностите е Собранието што го сочинуваат сите членови. Собранието ги донесува најважните акти и решенија за организацијата и работата на Академијата (статутот, финансискиот план, основањето одделенија и научни и уметнички единици и др.), избира претседател, потпретседател и секретар на Академијата и одреден број членови на Претседателството.
Собранието избира членови на Академијата (редовни, дописни, надворешни, почесни) секоја трета година, со мнозинство гласови од сите редовни членови и со тајно гласање.
Членовите на Академијата се самостојни во нивната научноистражувачка дејност, а нивниот избор е доживотен.
Организационата струкура на Академијата вклучува: Претседателство, Извршен одбор, шест одделенија, осум истражувачки центри, две стручни единици (Архив и Библиотека) и Секретаријат.
- за Академијата
- Членови
- Одделенија
- Центри
- Истражувачки центар за енергетика и одржлив развој
- Истражувачки центар за генетско инженерство и биотехнологија
- Истражувачки центар за ареална лингвистика
- Истражувачки центар за компјутерски науки и информатички технологии
- Лексикографски центар „Георги Старделов“
- Истражувачки центар за културно наследство „Цветан Грозданов“
- Истражувачки центар за животна средина и материјали
- Центар за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“
- Проекти
- Изданија
- Библиотека и Архив
- Настани
- Активности