Претседателството на МАНУ на 505. седница, одржана на 11 ноември 2019 година, по предлог на Комисијата за примање на завештанија, подароци, легати и фондови донесе одлука за примање подарок од акад. Луан Старова, потпретседател на МАНУ – биста на акад. Луан Старова од акад. Томе Серафимовски и за примање подарок од Антонио Митриќески (син на акад. Боро Митриќески) – три скулптури од акад. Митриќески: Коњак – Кузман Капидан, изработена во 2000 година, дрво 60х30х170 см; Портал, изработена во 1994 година, дрво – релјеф 230х70 см; и Средба, изработена во 1966 година, дрво 60х60х245 см.
Претседателството го поздрави чинот на подарување и упати благодарност до акад. Луан Старова и Антонио Митриќески за оваа благородна иницијатива.

Фотографии: