Македонско-кинеска поетско-преведувачка работилница
Помеѓу 24 и 26 август во Куќата на Уранија во Охрид во организација на Македонската академија на науки и уметности во соработка со Пекиншкиот јазичен
++389 (0)2 32 35 400
Истражувачкиот центар за енергетика, информатика и материјали е основан како научна единица на МАНУ во 1986 година. Основоположник на Центарот е акад. Јордан Поп-Јорданов. Во 2014 година Центарот е преименуван во Истражувачки центар за енергетика и одржлив развој (ИЦЕОР). Советот на Центарот е именуван од Претседателството на Академијата, по предлог на Одделението за технички науки, и се состои од шест члена на Академијата од работниот состав. Раководител на Центарот е акад. Глигор Каневче, при што во Центарот се вработени четири лица, односно еден научен советник, еден виш научен соработник и двајца научни соработници, а во работата на Центарот учествува и раководителот на Одделот за административно-техничка поддршка на одделенијата и на центрите на МАНУ, систематизирано работно место во Секретаријатот на МАНУ.
ИЦЕОР иницира, координира и реализира фундаментални и применети истражувања во научните подрачја од својот домен. Во изминатиов период во Центарот се изработени 95 научноистражувачки проекти, во чија реализација се вклучени и бројни со работници од земјата и од странство. Повеќе од половина од овие проекти се финансирани од странски извори, вклучително и Европските рамковни програми за истражување и технолошки развој (ФП6 и ФП7).
Покрај стриктно научни теми, беа опфатени и стратегиски проекти од национален карактер и витално значење за земјата:
Во изминатите две децении истражувачите од Центарот објавија повеќе од 450 научни статии во меѓународни научни списанија, како и бројни трудови во монографии и зборници од меѓународни и домашни научни и стручни собири и остварија повеќе од 100 учества на научни собири во земјите на Европа, Америка и Азија. Дел од нив членуваат во уредувачки одбори на врвни меѓународни научни списанија и научни одбори на престижни конференции.
ИЦЕОР соработува со голем број странски научни институции во реализација на меѓународни проекти и е фокусна точка за Македонија на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC), како и еден од основачите на Регионалната група за енергетско планирање и моделирање на енергетски системи во чиј состав влегуваат тимови од Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Србија и Хрватска. ИЦЕОР е препознатлив во меѓународната истражувачка заедница како еден од организаторите на Меѓународната научна конференција за одржлив развој на енергетски водни и околински системи (Седма SDEWES Конференција, Охрид, 2012 г., преку 250 учесници од 45 земји) и на Првата SDEWES Конференција за Југоисточна Европа (Охрид, 2014 г., преку 120 учесници од 32 земји). Центарот е седиште на Националниот комитет за климатски промени.
Повеќе информации за работата на Центарот може да се прочитаат на веб-страницата: iceor.manu.edu.mk
Помеѓу 24 и 26 август во Куќата на Уранија во Охрид во организација на Македонската академија на науки и уметности во соработка со Пекиншкиот јазичен
Македонската академија на науките и уметностите со жалење ја известува јавноста дека на 17 август 2024 година, во 78. година од животот, почина акад. Глигор
Македонската академија на науките и уметностите со жалење ја известува јавноста дека на 10 август 2024 година, во 87. година од животот, почина акад. Бојан
На 9.8.2024 во Ќуката на Уранија на МАНУ во Охрид, му беше доделена Светската награда на хуманизмот на принцот на Црна Гора, Никола Петровиќ Његош.Повеќе
Во рамките на програмата на МАНУ за Научната и уметничка визита 2024, Куќа „Уранија“, во Охрид, на 12 јули 2024 година, во 20 часот ќе биде отворена изложбата: ТРИ ГЕНЕРАЦИИ, ВАСКО
© Copyright 2023 by MANU помогнато од Rotary Club Skopje West
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.