Покана за изложба Изложба „Три генерации Ташковски“
Македонската академија на науките и уметностите има чест да Ве покани на отворањето на изложбата Три генерацииТашковски Поздравна реч:акад. Живко Попов,претседател на МАНУ Изложбата ќе ја
++389 (0)2 32 35 400
Лексикографскиот центар „Георги Старделов“, како научна единица во Академијата, е основан на 28 септември 2000 година.
Центарот се занимава со подготвување и издавање на енциклопедиски, библиографски, терминолошки и други лексикографски изданија, како и оформување на база на податоци за македонската култура и уметност.
Во рамките на Центарот досега се реализирани бројни проекти кои се однесуваат на откривањето, истражувањето и систематизирањето на одделни делови од македонската култура и уметност. Во Центарот е подготвена и објавена Македонската енциклопедија (во 2 тома), која ја претставува историската и современата целина на македонската цивилизација.
Во Центарот се работи врз два долгорочни научно-истражувачки проекти од фундаментално значење. Првиот е подготовката на Македонската научна и стручна терминологија, чијашто крајна цел е подготовка на конечни лексикографски изданија од работните терминолошки материјали поместени во Билтенот Македонска терминологија, од кој досега се објавени 113 броја. Вториот е работата врз макропроектот Историја на културата на Македонија кој ја проследува севкупната материјална и духовна култура на почвата на Македонија од праисторијата до денес. Резултатите од истражувањата досега се објавени во 23 книги.
Во Лексикографскиот центар „Георги Старделов“, покрај големиот број надворешни соработници, постојано се ангажирани еден асистент-истражувач, еден помлад асистент-истражувач и еден технички секретар.
Македонската академија на науките и уметностите има чест да Ве покани на отворањето на изложбата Три генерацииТашковски Поздравна реч:акад. Живко Попов,претседател на МАНУ Изложбата ќе ја
Македонската академија на науките и уметностите со жалење ја известува јавноста дека на 12 март 2024 година, во 98 година од животот, почина акад. Јордан
Македонската академија на науките и уметностите има чест да Ве покани на Редовното годишно собрание на МАНУ.
Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, во рамките на активностите за реализирање на Програмата за работа за 2024 година, и пошироко во рамките
На ден 15 февруари 2024 година, Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ и Факултетот за бизнис и економија при Универзитетот на Југоисточна Европа
На 30.01.2024 г. на свечена церемонија што се одржа во Музејот на македонската борба за самостојност, од страна на Претседателот на РС Македонија, Стево Пендаровски,
© Copyright 2023 by MANU помогнато од Rotary Club Skopje West
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.