++389 (0)2 32 35 400

Македонскиот тим на CONNEKT учесник на 27-ма годишна ASN светска конвенција

Проф. д-р Лидија Георгиева, доц. д-р Елена Мујоска Трпевска и д-р Наум Трајановски од националниот тим на CONNEKT учествуваа на 27-ма годишна ASN Конвенција што се одржа во периодот од 18 до 20 мај 2023 година, на Универзитетот Колумбија во Њујорк, САД.
Конвенцијата ASN (Асоцијација за студии на националностите) на Институтот Хариман е несомнено најважниот меѓународен и интердисциплинарен научен
собир, со силен акцент на Балканот, но вклучува и цели делови за МЕНА, екстремизмот и насилството. Годинава е неговото 27-мо издание и секогаш ги
собира најдобрите научници од областа.
Застапените дисциплини вклучуваат правни и политички науки, историја, антропологија, социологија, меѓународни студии, безбедносни студии, области,
економија, географија, литература и други области од хуманистичките и општествените науки. Оттука, како најголем собир од ваков вид, претставува
одлична можност за поврзување со најрелевантните научници од областа.

  На панел сесијата БК4, тројцата членови на македонскиот тим на CONNEKT ги презентираа своите наоди за мезо-ниво двигатели на радикализација и насилен екстремизам во Северна Македонија.

Сите три презентации се занимаваа со северозападниот регион на државата и градот Тетово: Лидија Георгиева ја разгледа фудбалската навивачка сцена во градот, Наум Трајановски разговараше за комеморативните активности поврзани со вооружениот конфликт во 2001 година, а Елена Мујоска Трпевска се фокусираше на затворите и Воспитно-поправен дом Волковија.

Панелот го модерираше Бојана Зориќ од Универзитетот Масарик, а Горан Тепшиќ, претставник од белградскиот универзитет и проектот H2020PREVEX што е директно поврзан со CONNEKT, зборуваше за државата, клиентелизмот и радикализацијата во Србија.

Општата дискусија беше фокусирана на меѓунационалната споредба на двигателите на макро и мезо-ниво на радикализација и насилниот екстремизам, регионалните предизвици поврзани со PCVE, радикализацијата и екстремизмот предизвикани од руската агресија во Украина и можните идни сценарија за дерадикализација на Балканот.

Панел сесијата беше дел од 27-та годишна светска конвенција на Здружението за проучување на националностите што се одржа во Институтот Хариман на Универзитетот Колумбија. Домаќин на близу 150 дискусии, презентации на книги и панел сесии поврзани меѓу другото со национализмот, идентитетот, етничката мобилизација и радикализацијата во различни делови на светот, Конвенцијата АСН докажа дека не само што е еден од најголемите вакви настани во светот, туку и исто така еден од најрелевантните.

Оваа година, Конвенцијата се одржа на лице место за прв пат по четири години, додека нејзините тематски опфати одекнаа со најитните прашања: руската агресија во Украина, глобалните реакции на војната и воениот активизам, меѓу другите теми. Балканскиот регион имаше специфичен акцент како и во изминатите години.

Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ е еден од партнерите на европскиот истражувачки проект HORIZON 2020 CONNEKT –  Состојби со екстемизмот во МЕНА и балканските држави (CONNEKT-Contexts of Extremism in MENA and Balkan Societies) што на 10 февруари 2020 година беше лансиран  во Барселона Шпанија. CONNEKT е координиран од Институт за медитерански студии од Барселона (IEMed).

Проектот се фокусира на млади луѓе на возраст меѓу 12 и 30 години од Северна Африка, Блискиот исток и Балканот. CONNEKT анализира седум потенцијални фактори на радикализација (религија, дигитализација, економско лишување, територијална нееднаквост, преодна динамика, социо-политички барања и образовни и културни можности) на три различни нивоа на анализа (држава, заедница и индивидуа) за да се утврди нивната меѓузависност и посебна важност.

Водечка институција во проектот e Институт за медитерански студии од Барселона а партнери се повеќе европски академски и истражувачки институции, со пто е формиран интердисциплинарен тим од 14 институционални партнери составен од универзитети, тинк-тенк и здруженија на граѓани ќе користи иновативна методологија и емпириско истражување за да развие препораки, мерки и алатки за спречување на насилниот екстремизам во земјите учеснички, како и во Европската унија.

Тимот на МАНУ е раководен од акад. Владо Камбовски. Проф. д-р Лидија Георгиева е главен истражувач, д-р Наум Трајановски е истражувачи и д-р Елена Мујоска Трпевска е истражувач и технички асистент на проектот. Во текот на следните три и пол години, тие ќе имаат можност да соработуваат со најзначајните експерти од оваа област и да учествуваат во истражување и развој на политики за спречување на насилен екстремизам.

Сите активности на проектот може да се следат на социјалните мрежи:
Web: https://h2020connekt.eu/
Facebook: https://www.facebook.com/connektproject
Youtube: https://www.youtube.com/channel/UCk6LDa2asH7Noke5_05aTfA
Twitter: https://twitter.com/ConnektH2020
Linkedin: https://www.linkedin.com/showcase/h2020connekt

За дополнителни прашања, контактирајте не на: connekt@manu.edu.mk.

За редовно информирање за текот на проектот, ве покануваме да се пријавите на следниот линк.

Тимот на CONNEKT од МАНУ

Новости

Објавен е извештајот за макро-драјверите за радикализација и насилен екстремизам во Северна Македонија, подготвен од страна на македонскиот тим при CONNEKT.

Линк до публикацијата.

Објавен е извештајот за државниот пристап во однос на радикализацијата и насилниот екстремизам во Северна Македонија, подготвен од македонскиот тим при CONNEKT.

Линк до публикацијата. 

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО МЛАДИНСКИ ФОРУМ, СКОПЈЕ 14-15 Декември 2022, достапен тука