На 3 февруари 2020 година, делегација на Македонската академија на науката и уметностите, во состав: акад. Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, акад. Газанфер Бајрам, потпретседател на МАНУ, акад. Абдулменаф Беџети и м-р Александра Стојаноска Трпческа, секретар на Секретаријатот на МАНУ, имаше работна средба со д-р Арбер Адеми, министер за образование и наука, заради зајакнување на меѓусебната соработка во областа на научноистражувачката дејност. На средбата беа разменети мислења за сите актуелни прашања поврзани со научноистражувачката дејност и со останатите сродни дејности.
++389 (0)2 32 35 400