На 24 мај 2016 година, се одржа Свечен собир, заедничко чествување на Македонската академија на науките и уметностите и Бугарската академија на науките посветено на Сесловенските просветители Свв. Кирил и Методиј. По присуството на свечена литургија по повод Свети Кирил и Методиј и положувањето на венец со цвеќе пред Споменикот на Сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј пред Камениот Мост во Скопје, во Свечената сала на МАНУ се одржа работниот дел во вид на свечена академија. Свечената академија беше отворена со поздравни обраќања на претседателите на академиите академик Таки Фити и академик Стефан Воденичаров, а работниот дел започна со обраќањата на академик Блаже Ристовски на тема „Кирило-методиевската традиција во Македонија“ и обраќање на академик Дамјан Дамјанов од БАН на тема „Кирило-методиевските традиции“. Во понатамошниот дел на работниот дел на свечената академија беше одржан преглед на остварувањата од досегашната соработка помеѓу МАНУ и БАН, при што беа одржани промоции на 3 дела: Зборник од научната конференција: „ОСЛОБОДИТЕЛНИТЕ БОРБИ НА МАКЕДОНИЈА ОД ИСТОЧНАТА КРИЗА ДО БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ“; Зборник: „БАЛКАНСКИТЕ ИДЕНТИТЕТИ“ и Отворање на изложба за Македонската глаголица.
Фотографии од настанот: