На 6 јуни (среда) 2018 година се одржа XIX Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите за избор на дописни членови на Академијата, членови на Академијата надвор од работниот состав и почесни членови на Академијата.
Во согласност со Законот и Статутот на Македонската академија на науките и уметностите за дописен член на Академијата е избран проф. д-р Блажо Боев, за член на Академијата надвор од работниот состав е избран акад. Владимир Костиќ и за почесен член на Академијата е избран Омер Калеши.