Во организација на Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина, во периодот 6-8 октомври 2022 година, во Сараево, се одржа состанок на академиите од регионот.
На состанокот учествуваа претставници од неколку академии од регионот: Македонската академија на науките и уметностите, Академијата на науките на Албанија, Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина, Црногорската академија на науките и уметностите, Словенечката академија на науките и уметностите, Турската академија на науките и Германската национална академија на науките „Леополдина“.
Во рамките на состанокот, претставниците на Македонската академија на науките и уметностите акад. Газанфер Бајрам, потпретседател и доп. член Изет Зеќири, секретар одржаа презентација за Македонската академија на науките и уметностите.

Фотографии од настанот

Презентација