На инцијатива на проф. Фроса Пејоска-Бушро француското Министерство за високо образование и истражување ја препозна македонистиката како „ретка дисциплина“ (Études macédoniennes, “discipline rare”), што се вклучува во француско-германскиот проект за мапирање / картографирање на ретки дисциплини во Германија и Франција:
https://www.enseignementsup-recherche.gouv.fr/fr/cartographie-des-disciplines-rares-46362

Проф. Фроса Пејоска-Бушро е добитник на меѓународното признание „Блаже Конески“ за 2021 година. Повеќе информации за проф. Фроса Пејоска-Бушро има на нејзината веб страница:
http://www.inalco.fr/enseignant-chercheur/frosa-pejoska-bouchereau