Македонската академија на науките и уметностите беше домаќин на 13. Конгрес на Меѓународната асоцијација за проучување на Југоисточна Европа (AIESЕE). Настанот се одржа од 15 – 19 септември 2025 година и беше организиран од страна на Македонскиот национален комитет на AIESEE при МАНУ. На конгресот зедоа учество 130 предавачи од земјата и од странство, кои учествуваа во работата организирана во 25 сесии и панели од областа на историјата, археологијата, јазикот, литературата, уметноста и др.
Во прилог се фотографии од настанот.